fbpx

5 причини зошто јајцата се помеѓу најхранливите намирници

tonus

Јајцата се особено нутритивна храна, па често се наречени и ,,мултивитамин на природата”. Содржат уникатни антиоксиданти и хранливи материи кои се значајни за мозокот, а многу луѓе имаат недостаток од нив.

Во продолжение 5 причини зошто јајцата се помеѓу најнутритивната храна што постои:

1) Нутритивен извор на низа различни, многу важни хранливи материи

Не е за изненадување тоа што јајцата се вбројуваат помеѓу најнутритивните храни кои воопшто постојат. Впрочем, хранливите состојки кои се наоѓаат во нив се доволни за да ,,претворат” една единствена оплодена клетка во целосно оформено пиле.

"“Online”/

Поради тоа јајцето содржи: високо-квалитетни протеини, витамини, здрави маснотии и повеќе други компоненти за кои се уште не знаеме каква точно функција имаат.

Едно поголемо јајца содржи:

• Витамин Б12 – 9% од Дневните Препорачаниот Внес
• Витамин Б2 – 15% од ДПВ
• Витамин А – 6% од ДПВ
• Витамин Б5 – 7% од ДПВ
• Селен – 22% од ДПВ
• јајцата исто така содржат и помали количества на речеиси секој витамин и минерал кој е од потреба за човекот, вклучително калциум, железо, калиум, цинк, манган, витамин Е, фолна киселина и многу други..

Вакво јајце содржи околу 77kcal, од кои 6g од протеини, 5g од маснотии и траги од јаглехидрати.

Важно е да се напомене дека сите споменати компоненти се содржат во жолчката, додека во белката има само протеини.

2) Умерена консумација на јајцата не го зголемува холестерот и не му штети на срцето, напротив, може да биде и добра за холестеролниот профил

Главната причина заради која луѓето ги избегнуваат јајцата е холестеролот со кој ти е се богати. Едно поголемо јајце содржи 212mg холестерол, што е повеќе од која било друга храна.

Но, тоа не значи дека овој холестерол веднаш ќе влијае на зголемување и на нашиот крвен холестерол. Всушност, нашиот црн дроб произведува холестерол на дневно ниво. Колку тој ќе произведе, зависи од тоа колку и што сме јаделе. Ако внесеме повеќе холестерол од храната, црниот дроб ќе произведе помалку и обратно.

Во суштина, токму оваа храна може да помогне за подобрување на т.н. ,,холестеролен профил”, односно да го намали лошиот LDL и да го зголеми нивото на добриот HDL холестерол. На тој начин, јајцата може да бидат дури корисни за кардиоваскуларното здравје.

Сепак, студиите покажуваат и дека тие можат да бидат опасни за лицата со дијабет.

3) Јајцата се богати со холин, важна хранлива материја за мозокот

Холинот е помалку познат нутриент што често се вбројува во Б комплекс витамините. Тој е есенцијален за човекот и е потребен за повеќе различни физиолошки процеси.

Потребен е за синтеза на невротрансмитерот ацетилхолин и е исто така компонента на клеточните мембрани.

Недостатокот од овој нутриент е многу чест кај повеќето луѓе, а може да води кон заболувања на црниот дроб, срцеви заболувања, но и некои невролошки нарушувања.
Тој е особено значаен кај трудниците. Значаен е за когнитивните функции на бебето.

Јајцето содржи околу 113mg холин.

4) Протеини со перфектен аминокиселински состав

Протеините се главните градбени блокови на организмот, но служат и за огромен број на функционални цели. Нивни градбени блокови се аминокиселините кои се поврзани помеѓу себе со специјален вид на врски.

Телото употребува 21 амино киселина во целта да создаде протеини за најразличните потреби на телото. 9 од нив се есенцијални, односно мораат да бидат внесени преку исхраната. За квалитетен протеински извор се смета онаа храна која има аминокиселински состав со добра пропорционалност помеѓу различните есенцијални аминокиселини.

Јајцата се сметаат за една од подобрите храни која ги исполнува овие услови во однос на протеините.

5) Јајцата содржат моќни антиоксиданти кои го штитат здравјето на очите

Овие моќни антиоксидативни средства се наречени: лутеин и зеаксантин.

Тие се акумулираат во ретината, сензорниот дел на окото, каде што го штитат од штетните сончеви зрачења.

Лутеинот и зеаксантинот значително го намалуваат ризикот од макуларна дегенерација и катаракта. Овие две нарушувања се всушност водечките причини за нарушен вид, па дури и целосно изгубен вид, поврзан со процесот на стареење.

Важно да запаметиме!

Не сите јајца се исти и не треба да ја користиме оваа храна на дневна основа.

Најчесто кокошките кои ги снесуваат овие јајца, се индустриски одгледувани кокошки. Едноличната исхрана и дозирањето на кокошките со различни средства за максимализирање на профитот, го намалуваат квалитетот на јајцата. Затоа, најдобро е јајцата да се набавуаат од луѓе кои ги познаваме или за фарми кои знаеме дека ги чуваат кокошките соодветно.

Високата содржина на холестерол и маснотии ги прават јајцата не баш погодни за секојдневна употреба.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор