fbpx

Oстанаа јајца од Велигден? 3 предлози за здрава ,,Мимоза салата”!

tonus

Во празничните периоди популарни се доста калорични јадења, подготвени од храна која не може да се смета баш за здрава и хранлива.

 

[Поврзано: 13 конкретни совети како да не се прејадете за време на презниците]

Сепак, треба да знаеме дека во годината нема толку многу празници, па и ,,малку да претераме” со исхраната во овие периоди, тоа нема значително да се одрази на големата слика. Секако, под услов да имаме добри навики за исхрана кои трајно ги практикуваме.

"“Online”/

 

[Поврзано: Медитеранска исхрана]

 

Празничните јадења можеби не се одликуваат со малку калории, но дефинитивно можат да имаат и своја ,,здрава” верзија

 

Ќе се изненадите на колку лесен и едноставен начин празничните јадења можат да се направат далеку поздрави, односно похранливи. На пример празничните кифлички можеме да ги направиме без никакво масло и со полнозрнесто брашно, а и руската салата има своја превкусна здрава верзија: Како да направите здрава руска салата?

 

Црвените меса можеме да ги замениме со риба, пилешко или мисиркино месо.

 

Доста често ни остануваат повеќе сварени јајца по завршувањето на Велигденските празници, па не знаеме што со нив. Најчесто се искористуваат за подготовка на салати преполни со салами, мајонез, павлака и други особено калорични и нездрави состојки.

 

Треба да знаете дека јајцата се особено здрава храна доколку се користат во умерени граници, па вреди да го ,,искористиме” овој факт. За таа цел, во продолжение ви нудиме 3 предлози за здрава Мимоза салата!

Освен јајцата, хранливата вредност на рецептите во продолжение главно се должи на мешунките и свежите зеленчуци, што се особено вкусни на пролет, како марулата и спанаќот на пример!

 

[Поврзано: Пролетта е одлична можност да се јаде повеќе свежа храна! Зошто е тоа толку важно?]

Многу повеќе околу хранливата вредност на јајцата, прочитајте во една од нашите претходни статии: 5 причини зошто јајцата се помеѓу најхранливите намирници?

 

Мимоза салата со хумус

 

  • 3-4 сварени јајца
  • 1 свеж кромид со средна големина, ситно исецкан
  • 3 сварени моркови со средна големина, потоа ситно исецкани
  • Половина од поголема или цела помала марула, ситно исецкана
  • 200-250g хумус
  • 200g сварен грашок
  • 200g сварен компир
  • До 50g кашкавал/моцарела
  • Малку ладно цедено маслиново масло
  • Една лажичка лимонов сок
  • 2 лажички балсамико оцет
  • Копар и други зачини според вкус
  • Сол и бибер

 

[Поврзано: Како да подготвите највкусен домашен ХУМУС?]

Мимоза салата со тахини сос

 

  • 3-4 сварени јајца
  • 1 свеж црвен кромид со средна големина, ситно исецкан
  • 3-5 кисели краставички, ситно исецкани
  • 2 чаши ситно исечкан млад спанаќ
  • 200g наут
  • Неколку кришки потпечен, па издробен леб
  • 100g тахини сос+сенфови по избор (помешани со малку вода и соја сос)
  • До 50g фета сирење
  • Една лажичка лимонов сок
  • 2 лажички балсамико оцет
  • Кари (додаден во сосот) и други зачини според вкус
  • Сол и бибер

 

[Поврзано: Како да подготвите тахини сос? – Највкусниот сос од Медитеранот!]

 


Мимоза салата со кисело млеко

 

  • 3-4 сварени јајца
  • 2 свежи ротквици, ситно исецкани
  • 2 главици млад кромид, ситно исекцани
  • 1 чашка ситно исецкано ферментирано цвекло
  • 1-2 чашки зелен зеленчук по избор
  • 200g црвен грав, сварен
  • 300g кисело млеко + 1-2 лажица Dijon сенф
  • 200g сварен компир
  • До 50g фета сирење
  • 2 лажички балсамико оцет
  • Кари (додаден во сосот) и други зачини според вкус
  • Сол и бибер

 

Начин на подготовка:

 

  1. Најпрво ситно се сецкаат сите свежи компоненти, заедно со јајцата и сирењата. Смесата се додава во длабок сад.
  2. Мешунките се варат или ако се веќе варени, само се додаваат во длабокиот сад, претходно добро исцедени.
  3. На страна, во помало садче се подготвува сосот. Во него се додаваат и течните намирници, како оцетот и сокот од лимон.
  4. Сосот се додава врз салатата и нежно, но темелно се промешува.
  5. Салатата сервирајте ја со неколку сечкани каламата маслинки.
  • Салатата можете да ја чувате до неколку денови во фрижидер.
  • Имајте на ум дека салатите иако се здрави се доста калорични и треба да внимавате на количините, како и да количините леб изедени со нив!

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор