fbpx

ЈАПОНСКИ ЈАБОЛКА – Од каде доаѓа нивната горчина и дали можеме да се ослободиме од неа?

tonus

Како што се наближува зимата, сè помалку ќе имаме можност да консумираме свежи овошја. Една од ретките вакви овошки е јапонската јаболка.

 

Во една од претходните статии зборувавме многу подетално околу историјата и ИЗВОНРЕДНАТА хранлива вредност на јапонското јаболко. Денес, нешто повеќе околу нивниот специфичен вкус  и како би можеле да се ослободиме од непријатната горчина што ја создаваат.

 

[Поврзано: Дали јапонските ЈАБОЛКА се подобри од другите? Секако се ИЗВОНРЕДНИ!]

"“Online”/

 

Не дозволувајте ,,собирањето на устата” да ве одврати од јапонските јаболки!

 

Собирањето на устата и горчливиот вкус е ,,заштитниот” знак на јапонските јаболка. Заради овие причини, многумина се одвратени од консумирање веднаш уште по првиот гриз. Но, ова не смее да биде случај! Зошто?

 

Прво, јапонските јаболки имаат извонредна хранлива вредност! Едно истражување вели дека екстрахираните антиоксидативни компоненти од јапонските јаболки, можат да послужат како најефективни природни антиоксиданти во прехранбената индустрија! Многу повеќе за составот и бројните здравствени ефекти на овие овошки, прочитајте тука.

 

Второ, јапонските јаболки треба да бидат извонредно слатки овошки, со специфична ,,желе” текстура!

 

Интересено е да се каже дека јапонските јаболки имаат и повеќе други примени, покрај онаа во исхраната. Се користат за детоксификација од отровите на змиите, за намалување на ризикот од кардиоваскуларни болести, за екстрахирање на златни честици од раствори итн.

 

 

Извонреден антиоксидативен извор

 

Јапонските јаболки имаат одлична концентрација на полифенолни антиоксиданти, како гална киселина, епикатехин галат, флавоноиди (посебно антоцијанинот кверцетин), потоа танински материи, катехини, каротеноиди (бета каротен или провитамин А, ликопен, криптоксантин, лутеин, зеаксантин итн.) и други антиоксидативни киселини (кафеична, ферулична, кумаринска, синапинска итн.).

Дополнително, овие јаболки се извонреден извор и на моќни антиоксидативни витамини (иако 20-тина пати послаби од претходно наведените танини), како витамин Е, споменатиот провитамин А, па и витамин Ц.

[Поврзано: Флавоноидите на чајот, јаболки и бобестите овошки во превенцијата од деменција!]

Антиоксидантите се одбранбениот механизам на телото од слободните радикали – штетни компоненти кои постојано се продуцираат како метаболитички отпад во телото и оксидативно ги оштетуваат неговите различни клетки и ткива. Организмот има механизми самиот да продуцира одреден процент на потребни антиоксиданти, но сепак зависи и од внесените.

Постојаните оксидативни оштетувања, водат до процеси на хронична инфламација или воспаление, кое пак на подолг рок е една од главните причини за развој на хроничните заболувања, како ревматоиден артритис, канцер, синдром на нервозни црева, различни невродегенеративни заболувања, кардиоваскуларни проблеми итн.

[Поврзано: 4 начини како да го намалите опасното ХРОНИЧНО воспаление!]

Токму танините се причина за горчливиот вкус



Повисоката танинска концентрација не е сосема уникатна за јапонските јаболки, богати со овие антиоксидативни материи се и различни други билки, како дабот, различни чаеви, кафе, вино, јаболки, различни бобести овошки како боровинки, јагоди, брусница, потоа рузмарин, босилок итн.

Постојат и видови јапонски јаболки кои имаат за 80% пониска концентрација на танински материи и имаат значително помалку горчлив вкус.

Танините припаѓаат на класа соединенија познати како проантоцијанидини, инаку потентни антиоксидативни материи. Хемиски гледано, танините се полимери изградени од флаван-3-олни мономери.

 

Терминот танини произлегува од германскиот збор за даб, дрво што се користи за добивање на танините кои понатаму се употребуваат во процесирањето на кожа.

Причините зошто танините ни создаваат чувство на горчина и собирање на устата е заради тоа што се врзуваат со протеините од нашата плунка и ги исталожуваат. Во нашата плунка се наоѓаат различни протеини, а во оваа насока важни се т.н. PRPs протеини. Дури 70% од протеините на плунката се токму PRPs. Се смета дека нивното големо количество е заради одбранбен механизам на телото, бидејќи исхраната со премногу танини се покажала како летална кај некои животински видови.

 

Постои ли начин да се ослободиме од горчливиот вкус?

 

 

Најдобриот начин за да се ослободиме од непријатниот вкус е да почекаме јаболките соодветно да созреат.

 

Друго што можеме да превземеме во домашни услови е потопување во оцет; потопување во топла вода во период од 24 часа и потоа чекање дополнителни 48 надвор од вода; краткотрајно потопување во зовриена вода и потоа оставање на страна 12 часови.

 

Бидејќи етилен гасот е клучен за процесот на зреење, горчината од јапонските јаболки може да се отстрани и преку нивно ставање во ист сад или ќеса (2-4 денови) со банани или домати на пример, бидејќи тие можат да бидат извор на гасот.

 

Можеме лесно да забележиме дали јаболкото е доволно зрело според тоа дали неговата дршка лесно се вади или не.

Се јаде целата овошка, слично како и обичната јаболка, секако претходно измиена. Може да се јаде и со лажичка кога е потполно омекната.

Јаболките природно созреваат и омекнуваат во период од околу недела до две, на собна температура и доста поспоро на надворешни пониски температури.

Освен како свежа, јапонската јаболка може да се јаде и во комбинација, како десерт, во смути (познат корејски пијалак – сок од каки јаболко и цимет), како додаток во пудинзи, разни десерти, пити, колачи, сладолед.

Пример за вкусен, едноставен и брз оброк кој вкучува јапонски јаболки: Испечете ги јаболките во рерна, додавајќи им мед.

Листовите од ова растение исто така можат да се искористат за подготвување на вкусен чај!

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор