fbpx

Зошто ЈОДОТ е особено важен минерал за функцијата на ТИРОИДНАТА ЖЛЕЗДА?

tonus

Можеби сте слушнале дека селенот и јодот се едни од најважните минерали за здравјето и функцијата на тироидната жлезда. За селенот веќе имаме зборувано, така да денес ќе се задржиме на јодот и ќе погледнеме зошто овој минерал се асоцира со функцијата на тироидната жлезда. 

 

Јодот во храната

Присуството на јод во храната зависи пред сè од неговото присуство во почвите на кои се одгледува таа храна. Повеќето земји имаат почви сиромашни со оваа компонента, а меѓу нив е и Македонија. Поради овој факт, потребно е да се јодираат одредени хранливи продукти, со цел да се овозможи адекватен внес, согласно потребите на организмот. Кај нас, солта се јодира од 1956 година, околу 20-30mg калиум јодид на 1kg сол. Најчесто јодиран продукт е готварската, натриумова сол.

Во храната јодот природно може да се сретне кај морската храна, различните морски алги, житарките, овошјето, зеленчукот, но и некои млечни производи и јајца, пред сè заради суплементирањето на индустриските животни. Како што рековме, процентот на јодот во храната главно зависи од неговото присуство во обработливите почви.

"“Online”/

Јодот во храната и во јодираната сол е присутен во неколку негови хемиски форми, вклучително негови натриумови и калиумови соли и неогрански јод (Ј₂). Неогранскиот јод многу ретко се среќава како „чист“ елемент, почесто е во форма на некаква сол, па затоа често се реферира на јодид, а не на јод. Јодот во форма на јодид, многу брзо и лесно може целосно да се апсорбира од страна на тенкото црево. Потоа, оваа сол на јодот се редуцира до атоми на јод кои влегуваат во циркулацијата, па телото ги искористува за своите потреби, пред сè, преку тироидната жлезда.

 

Дневни потреби за јод

Средните дневни потреби за јод, кај возрасни индивидуи, кои овозможуваат непречена адекватна хормонска синтеза се 150 микрограми. Кај децата оваа вредност е малку помала, околу 90mg, а кај доенчињата околу 110-130mg. Јодот се излачува во млекото на доилките, па затоа тие имаат повисоки дневни потреби од останатата популација, околу 200 микрограми/ден. Во текот на бременоста, исто така потребите за јод се зголемени.

 

Зошто јодот е неопходен за функцијата на тироидната жлезда?

Јодот е клучен микронутриент и е од витално значење за синтезата на тироидните хормони, тироксин (Т4) и тријодотиронин (Т3), кои играат важна улога во регулирањето на метаболизмот, растот и развојот. Тироидната жлезда апсорбира јод од крвотокот и го инкорпорира во овие хормони. Несоодветен внес на јод може да доведе до недоволно производство на тироидни хормони, што резултира со хипотироидизам, кој се карактеризира со симптоми како што се замор, зголемување на телесната тежина и когнитивни нарушувања. Спротивно на тоа, прекумерниот внес на јод може да предизвика хипертироидизам

Дефицитот на јод продолжува да е значаен здравствен проблем ширум светот, особено во региони со ниски нивоа на јод во почвата, што доведува до состојби како што е гушавост, каде што тироидната жлезда се зголемува. Мерките за соодветен внес на овој минерал, како што е јодизирањето на солта, се покажале како  ефикасни во намалувањето на случаите на дефицит на овој минерал. 

Сепак, повеќето луѓе со разновидна, балансирана исхрана нема да имаат никаков проблем за соодветен внес на овој минерал. Како што споменавме, еден голем удел има и готварската сол која е јодирана и на тој начин внесуваме дополнителни количества на јод. 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор