fbpx

ЈОД – и помалите недостатоци можат да влијаат на плодноста кај жените

tonus

Јодот е еден од т.н. ,,минерали во трагови” кои се есенцијални или неопходни за правилното функционирање на организмот. Тој е присутен во одредена храна, а најчесто е додаден во неа.

 

Помеѓу останатите бројни функции во организмот, јодот е клучен за синтетизирањето на тироидните хормони. Недостатокот на јод води кон хипотироидизам, што има негативен импакт на фоликулогенезата, овулацијата и созревањето на корпус лутеум (жолто тело, есенцијално за воспоставување и одржување на бременоста). Во крајна линија, може слободно да се каже – сето ова влијае на фертилноста кај жените.

 

[Поврзано: Кога ви е потребно тестирање на тироидната жлезда?]

"“Online”/

 

Во продолжение ќе ги презентираме податоците од едно ново истражување, според кое дури и помалите недостатоците од јод, можат да влијаат на намалувањето на плодноста кај жените.

 

[Поврзано: Зголемена телесна тежина и фертилност]

 

Дефицитот на јод често се сфаќа несериозно

 

Добро е познато дека потешките недостатоци од јод имаат силен негативен ефект врз плодноста, а го зголемуваат и ризикот од спонтан абортус, предвремено раѓање и слични проблеми. Со други зборови, го намалува потенцијалот кај жената да зачне. И покрај овие информации, досега немаше истражувања насочени кон испитување на ефектот на ,,благиот” недостаток на јод во однос на плодноста.

 

Споменатата студија се занимава токму со ова прашање, односно цели да ја разбере поврзаноста помеѓу дефицитот на јодот и репродуктивните абнормалности кај жените. Главниот фокус е на тоа кои се шансите за забременување во контекст на нивото на јод во организмот.

 

Нешто повеќе околу самото истражување

 

Станува збор за студија од Кина, која за волонтери има повеќе илјадници жени.

Поточно, за анализирање биле земени 6126 мажени, бремени жени (без разлика во кој трисеместар) од одреден ист регион. Од нив било побарано да обезбедат примероци од урината, но и примероци од солта која ја користат во домаќинството. Целта било да се дојде до податоци за концентрацијата на јод во урината, но и во кујнската сол што ја користи секоја од жените.

 

[Поврано: Што може да каже БОЈАТА на урината за вашето здравје?]

 

Дополнителни податоци што требале да ги дадат жените се: демографски податоци, дали побарале медицинска помош за забременување, дали имаат вишок килограми, одредени тироидни заболувања и слично.

 

[Поврзано: Тироидна жлезда и исхраната – кои продукти се поволни, а кои не?]

 

Што покажале резултатите?



Околу 1600 испитанички останале за финалните испитувања, односно за детални анализи.

 

Просечното време потребно за забременување, било нешто подолго кај жените со јоден дефицит, отколку кај оние со суфицит – 5 наспрема 4. Ваквите разлики можат да се сметаат за занемарливи.

 

Сепак, утврдено било дека процентот на испитаничките со јоден дефицит, кои чекале подолго од 13 месеци да забременат, бил значително поголем (20%), отколку кај оние со јоден суфицит (14%).

 

За потребите на понатамошното истражување во оваа насока, биле употребени одредени математички модели што земале предвид бројни варијабли. Резултатите јасно покажуваат дека жените со јоден дефицит во општи рамки имаат значително помала веројатност да забременат, во однос на испитаничките со јоден суфицит.

 

Врз основа на нивниот математички модел, кинеските истражувачи утврдиле околу 20% намалување на плодноста кај жените со јоден дефицит (испитаничките со просечна возраст од 30,5 години, BMI=21,7, без историја на абортуси). Процентот е во однос на жените што имале оптимален внес на јод.

 

[Поврзано: Наједноставната промена која БУКВАЛНО може да ви го СПАСИ животот]

 

Како краток заклучок

 

Иако сметаат дека се потребни уште многу студии на темата, истражувачите даваат јасна порака: Жените што имаат дури и помал недостаток на јод, веројатно ќе имаат потреба од подолг период за да зачнат. Според нив, овие податоци даваат само уште една причина плус да се внимава на доволниот внес на овој значаен минерал.

Дополнително, бремените жени и жените што имаат намера да забременат, треба особено да бидат внимателни и да внесуваат доволно јод, па и да го контролираат преку соодветни препорачани тестирања.

 

Многу повеќе општи и важни информации за јодот, како и за тоа колку е доволно и како да внесете повеќе јод, прочитајте во една од нашите претходни статии: Минералот кој не смее да биде заборавен – КЛУЧЕН за цел метаболизам! – ЈОДОТ

Извор:

,,Low Iodine Intake May Decrease Women’s Fecundity: A Population-Based Cross-Sectional Study”, 29.07.2021, MDPI

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор