fbpx

KИМ – одличен за проблеми со дигестија!

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Кимот е зачин кој потекнува од растението Carum Carvi, всушност неговиот сув плод (уште наречен и семе од ким). Ова растение е дел од поширокото семејство во кое припаѓаат и морковите, магдоносот, целерот, коријандерот итн. Потекнува од повеќе региони, главно земји кои излегуваат на Средоземното море – Медитеранот. Интересно, но денес Финска е најголемиот производител на ким во светски рамки.

Кимот се употребувал со векови за најразлични кулинарски, но и медицински потреби. Во медитеранската, арапските, но и баланските кујни се употребува доста често во зачинувањето на различните кондиторски, печени производи, супи, чорби, сирења, месо, салати и крем салати, па дури и во некои десерти. Есенцијалното масло добиено од ким, се користи во различни медикаменти (најчесто за нега на кожата), но и во некои ликери. Дополнително, од кимот може да се направи и чај, со потенцијално смирувачко дејство при гасови и подуен стомак.

Кимот има навистина специфичен остар вкус и арома, главно заради присутниот лимонен, но и одредени други компонентите, како карвон и анетол.

"“Online”/

Во продолжение, нешто повеќе околу потенцијалните корисни дејства на овој зачин.


Хранлива вредност


Кимот содржи повеќе важни хранливи материи, а неколку од нив често се дефицитарни во модерниот начин на исхрана, како железо, цинк, калциум и растителни влакна. Покрај нив, кимот содржи и солидни количества манган, магнезиум, селен, бакар, но и макронутриенти, како јаглехидрати, протеини и масти. Вреди да се спомене дека кимот е еден од најбогатите извори на растителни влакна во храната.

Во 100g ким има околу 330 калории, но во еден оброк не се консумираат повеќе од 5-10g, бидејќи се работи за зачин.

Сепак, најважното во онос на неговата хранлива вредност е неговиот антиоксидативен состав. Имено, кимот се смета за добар извор на моќни антиоксиданти, како споменатите лимонен и карвон, потоа минералот селен, но и низа флавоноидни компоненти.

Тие можат да го елиминираат негативниот ефект на силно реактивните кислородни радикали, кои постојано се продуцираат како метаболитички отпад, односно да превенираат од процеси на хронична инфламација. Ваквото хронично воспаление е главниот ризик фактор за низа од т.н. заболувања на модерното време, како дијабет, малигни заболувања, различни кардиоваскуларни, дигестивни заболувања итн.

На пример, една анимална студија вели дека кимот, односно неговото есенцијално масло, може да ја намали инфламацијата во ткивата на дебелото црево, исто толку ефикасно, како одредени стериодини медикаменти.

Одличен за дигестијата

Уште од далечни времиња, кимот се користел за третирање на стомачни пробеми, вклучително и чиреви.

Денес, постојат повеќе помали студии кои покажуваат дека кимот може да ги релаксира мускулите од дигестивниот тракт и на тој начин да овозможи ослободување од најчестите симптоми на лоша дигестија, како гасови, грчеви, гадење и повраќање.

Иако не се знае точниот механизам според кој кимот може да помогне, ваквото дејство најверојатно се должи на неговиот антимикробен капацитет. Лабораториските студии покажуваат дека има селективен антимикробен ефект, односно не ја нарушува природната и корисна цревна микрофлора, додека може да делува уништувачки на некои патогени. Студиите се спроведувани на есенцијалното масло од ким.

Една лабораториска студија покажува дури и дека кимот може да придонесе во борбата со H.pylori, еден од најчестите виновници за гастритис, чиреви и други стомачни воспалителни болести.

[Многу повеќе околу Helicobacter pylori, прочитајте тука.]

Постојат и истражувања кои даваат релевантни информации околу тоа дека маслото од ким, во комбинација со она од нане, може да биде исклучително корисно при синдром на нервозни црева. Повеќе околу овој синдром, прочитајте тука.

Дополнително, како што веќе споменавме погоре, кимот се вбројува помеѓу најбогатите извори на растителни влакна – од 100g ким, дури 40% отпаѓа на фибер. Во само една лажичка ким, има 2,5g растителни влакна.

Растителните влакна покрај тоа што се храна за корисната цревна микрофлора, од чијшто баланс зависи дигестивното, па и општото здравје, тие помагаат и при еден од најчестите проблеми со дигестивното здравје – констипацијата или запекот.

Едно истражување покажува дека со зголемувањето на внесот на фибер во организмот, опаѓаат шансите за развивање на колоректален канцер.

Поуспешно слабеење

Редовната употреба на овој зачин може да допирнесе и во процесот на слабеење. Ова исто така се должи на растителните влакна.

Растителните влакна освен што се храна за корисната цревна микрофлора, тие помагаат и за постепено дигестирање на храната во дигестивниот тракт. Ова постепено дигестирање води кон постепеното испуштање на глукоза во крвта, што прави да сме сити подолго време. Значи, фиберот го намалува гликемискиот индекс на сета присутна храна во дигестијата.

Дополнително, растителните влакна можат да допринесат за побрза и подолга заситеност (што е исто така многу важно при процесот на слабеење), преку врзувањето на слободната вода во стомакот.

[Повеќе околу значајните принципи на слабеењето, прочитајте тука.}

Го стабилизира шеќерот

Веќе споменавме дека кимот може да го намали гликемискиот индекс на храната, односно глукозата поспоро да преминува во крвотокот. Следствено на тоа, продолжена е и ситоста, што е прв чекор за превенирање гојазност и за слабеење (што е многу важно, особено за дијабетичарите).

Одредени анимални истражувања, покажуваат дека поредовната употреба на овој зачин може да ги превенира честите симптоми на дијабет, како жед, хроничен замор и постојано варирање на килограмите.

Други потенцијални корисни ефекти


Намалување на нападите при епилепсија – според одредени анимални студии
▫ Потенцијален антиканцероген ефект – пореди лимоненот, кој може да ги олесни симптомите на некои дигестивни заболувања, а во некои студии покажува и одредени антиканцерогени својства.
▫ При киселини
▫ Лош апетит
▫ Подобро кардиоваскуларно здравје
– поради минералите кои се доста значајни за срцето – магнезиум, железо, цинк, но и поради тоа што кимот е исклучително богат извор на растителни влакна – фиберот може да делува на подобрување на липидниот профил, односно намалување на холестеролот во крвта.

Fibro Gel

При користењето на било какви суплементи на база на ким, задолжително консултирајте се со вашиот лекар. Неговото есенцијално масло не се препорачува за лица под 18 години (освен поради некои медицински издражни причини).

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X