fbpx

КАФЕТО – еден од најдобрите извори на АНТИОКСИДАНТИ во исхраната!

tonus

Кафето е еден од најпопуларните и најчесто консумирани пијалоци ширум светот. Обожавано е од многумина, главно поради силната, препознатлива арома, како и специфичниот, горк вкус. Секој го подготвува на сопствен начин, но во суштина зрното кафе најчесто се пече и меле пред подготовката во нашите домови. По чајот, кафето се смета за најконсумираниот пијалок ширум светот. Поради ваквата популарност на кафето и неговата честа консумација, во одредени држави тоа се смета за еден од главните извори на антиоксиданти, особено онаму каде што доминира т.н „западна исхрана“. Во државите каде исхраната наликува на медитеранската, кафето е дополнителен, корисен извор на овие корисни соединенија. Токму затоа, во продолжение ќе зборуваме малку повеќе за антиоксидантите кои се содржат во кафето, како и за нивната улога и бенефити по нашето здравје.

Зошто е препорачливо да се консумира кафето во умерени количини?

Кафето како што споменавме е еден од најпопуларните пијалаци во светот. Тоа се подготвува од печените зрна на растенијата од родот Coffea. Истото нуди низа на здравствени придобивки, дел од кои се:

  • Намалување на ризикот од дијабет тип 2
  • Намалување на ризикот од појава на Алцхајмерова болест, Паркинсова болест и деменција
  • Намалување на ризикот од кардиоваскуларни заболувања
  • Не содржи воопшто калории (поради отсуството на макро нутриентите), а сепак содржи одредени витамини како витамините B2,B3,B5 како и минералите манган и магнезиум
  • Го забрзува метаболизмот
  • Може да има превентивна улога во поглед на одредени типови канцер

Сепак, важно е кафето да се консумира умерено, па се препорачува од 2 до 5 шолји кафе на ден (секако во зависност од нивната големина).

"“Online”/

Бидејќи различни типови кафе содржат и различно количество кофеин, важно е да се внимава на внесот на кофеин во текот на денот. Инаку, кофеинот претставува природен стимулант кој најчесто се среќава во зрната кафе, во чајот и во какаото. Неговото главно дејство е на делови од мозокот и централниот нервен систем каде го спречува врзувањето на аденозинот. Аденозинот инаку, претставува невротрансмитер кој е заслужен за чувството на замор. Со текот на денот, нивото на аденозин се зголемува, со што чувствуваме и поголем умор и потреба од сон. Кофеинот е молекула која се врзува со рецепторите кои инаку би требало да се поврзат со аденозинот. Притоа, кофеинот не ги активира ваквите рецептори, па на тој начин аденозинот моментално не може да се поврзе за нив и ние добиваме чувство на зголемена енергичност.

Сепак, прекумерниот внес на кофеин може да предизвика надразливост, анксиозност, нервоза, несоница, забрзан пулс, проблеми со дигестијата, покачен крвен притисок, замор и сл.

Кои антиоксиданти се застапени во кафето?

Кафето е докажано дека содржи високи количества на антиоксиданти – соединенија кои ги неутрализираат штетните слободни радикали кои се секогаш присутни во човековото тело. Имено кафето е особено богато со антиоксидантите фенолпропанонска киселина и полифеноли. Токму овие соединенија се заслужни за здравствените придобивки кои се препишани на кафето. Тие се сметаат за особено ефективни при справувањето со слободните радикали. Полифенолите се соединенија кои се поврзуваат со намален ризик за кардиоваскуларни заболувања, рак, дијабет тип 2 и сл. Дополнително, ваквиот богат антиоксидативен состав го прави кафето исклучително корисно при справувањето со штетната, хронична инфламација. Доколку сакате да прочитате повеќе за штетноста на хроничното воспаление, кликнете тука.

Инаку, поради честата консумација и високата содржина – кафето и чајот се сметаат за напитоци кои сериозно допринесуваат во дневниот внес на антиоксиданти кај голем дел од популацијата. Нажалост, во т.н „западна исхрана“, пијалоците се поголем извор на антиоксиданти отколку храната. Некои проценки велат дека во одредени држави, дури 80% од антиоксидантите се внесуваат преку овие пијалоци. Во Норвешка и Финска, одредени студии покажале дека кафето допринесува со 64% од дневниот внес на антиоксиданти. Вакви резултати се согледуваат и во студии спроведени во Шпанија, Јапонија, Полска и Франција, каде кафето се смета за најголемиот извор на антиоксиданти во исхраната.

Повеќе различни студии покажале дека кафето го намалува ризикот за дијабет тип 2 за околу 25-50%. Ризикот за проблеми со црниот дроб се намалува значително кај лицата кои редовно пијат кафе, како и ризикот за колоректален карцином. Во наша претходна статија имаме зборувано и за позитивнот ефект на кафето врз ризикот за појава на деменција и Алцхајмерова болест. Поради тоа, кафето можеме лесно и без двоумење да го вброиме во категоријата на корисни, здрави напитоци кои можеме да ги користиме редовно, но во умереност.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор