fbpx

Зошто е подобро кафето да се пие ПОСЛЕ, а не ПРЕД доручекот?

tonus

На почетокот од месецов се одбележуваше светскиот ден на кафето (1 октомври), еден од најпопуларните пијалаци ширум светот, но и кај нас во Македонија. Некои статистики велат дека во светски рамки секојдневно се пијат над 2 милијарди шолји кафе.

Пред само неколку години, кога ќе се спомнеше кафето научната јавност главно зборуваше за неговите негативни ефекти – покачен крвен притисок, забрзана работа на срцето, нарушен сон, па дури и причинител на малигни заболувања.

Денес, Светската здравствена организација веќе го има тргнато кафето од листата на потенцијални канцерогени намирници. Дополнително, сè повеќе научни студии укажуваат дека кафето всушност не само што не е штетно, како што се сметаше, туку напротив, може да биде добро за здравјето. Толку добро, што можеби во иднина и докторите ќе го препорачуваат.

"“Online”/

Повеќе на оваа тема, прочитајте тука.

Пиење кафе пред доручекот?

Пиењето кафе може да биде и лоша навика кога се претерува, но една нова студија утврдува уште една често правена грешка во однос на навиката за пиење кафе – пиењето кафе веднаш по будењето, на гладно.

Лошите навики за спиење секако на лош начин се одразуваат на метаболизмот, но пиењето силно, турско кафе наутро, уште пред доручекот, според една нова студија може значително да ја наруши контролата над глукозата во крвта.

Истражувачите од Универзитетот од Бат, Велика Британија го следеле ефектот на нарушениот сон и утринското кафе заедно со повеќе други метаболитички маркери. Утврдиле дека пиењето кафе наутро, за расонување, пред доручекот, особено по неквалитетниот сон претходната ноќ, има силно негативно влијание на шеќерното ниво во крвта. Оваа навика може да биде особено лоша за дијабетичарите. Зошто е тоа случај, прочитајте во една од нашите претходни статии: Зошто шеќерот е највисок наутро?

[Поврзано: Еве лесен начин за зајакнување на имунитетот – СПИЕЊЕТО!
Врската помеѓу СПИЕЊЕТО и телесната тежина
Како да го подобрите сонот?]

Зошто резултатите од ова студија се од голема важност?

Контролирањето на глукозните нивоа во крвта во т.н. безбедни граници, значително го намалува ризикот од чести заболувања, како дијабет и различни кардиоваскуларни болести. Имајќи предвид дека во светски рамки, но и кај нас во Македонија пиењето кафе е многу честа навика и тоа токму пред доручекот, резултатите од оваа студија можат да нè водат кон навистина значајни заклучоци.

Нешто повеќе околу истражувањето

За потребите на споменатата студија, испитаниците требало да поминат низ 3 различни експерименти:

• Во првиот експеримент, волонтерите имале нормален, квалитетен сон во текот на ноќта, а наутро пиеле пијалак со додадени шеќери (кој требало да го отскликува појадокот).

• Во вториот, имале нарушен сон (биле будени на секои час), а по будењето пиеле зашеќерен пијалак.

• Во третиот експеримент, исто така имале нарушен сон, но овој пат пиеле силно турско кафе, 30 минути пред да им биде даден шеќерниот пијалак.

По секој од експериментите, од секој испитаник било земано крвен примерок за испитување на глукозното ниво. Утврдено било дека помеѓу првиот и вториот експеримент немало разлики во глукозното ниво, односно не дошло до влошување на инсулинскиот одговор кај испитаниците. Секако, се работи за нарушување на сонот од само една вечер. Добро е познато дека константно нарушениот сон има негативно влијание на сите метаболитички процеси, вкучително и регулацијата на глукозните нивоа.

Но, забележана е голема разлика помеѓу резултатите за шеќерното ниво во првите два екперименти и третиот, односно пиењето на силно турско кафе пред доручекот, го зголемило шеќерот по доручекот за дури 50%.

Пиењето кафе може да биде здрава навика

Во повеќе претходни статии зборувавме дека кафето може да биде добра навика.

[Поврзано: Добри вести за љубителите на КАФЕТО!]

Од студијата која денес ви ја презентиравме, јасно се гледа дека можеби е многу подобро навиката за кафе да ја практикуваме откако ќе завршиме со доручекот.

Можеби вам повеќе ви одговара да пиете кафе веднаш по будењето, за да се расоните и да се чувствувате поенергично и посвежно, но ваквата навика поседува потенцијал да ви предизвика проблеми со шеќерните нивоа, кои на подолг рок ќе ви го зголемат ризикот од различни заболувања – дијабет, срцеви заболувања итн.

Значи, едноставната промена за пиење кафе по, наместо пред доручекот, може да направи голема разика за нашето здравје.

Извор:

,,Glucose control upon waking is unaffected by hourly sleep fragmentation during the night, but is impaired by morning caffeinated coffee” by Harry A. SmithAaron HengistJoel ThomasJean-Philippe WalhinPhilippa HeathOliver PerkinYung-Chih ChenJavier T. Gonzalez and James A. Betts

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор