fbpx

8 причини да уживате во КАКАОТО

tonus

Какаото се добива од плодовите на дрвенастото растение Theobroma cacao кое потекнува од тропските делови на Америка. Од овие плодови се добива какао масата (прав и какао маснотии) и потоа од неа и чоколадото, што воедно е и главната употреба на какаото. Кај нас, какао правот се користи уште и како топол напиток.

Во една од претходните статии зборувавме за корисните дејства на темното чоколадо кои пред сè должат на какао правот. Во продолжение повеќе околу самиот какао прав и неговите бенефити.

1) Богат извор на полифеноли кои обезбедуваат неколку здравствени бенефити

Полифенолите се природни антиоксиданти кои се присутни најчесто во свежата храна (овошје и зеленчук), но и во чаевите, чоколадата и виното.

"“Online”/

Нивното дејство се поврзува со бројни здравствени бенефити, како намалување на хроничните процеси на воспаление, подобрена циркулација, намален крвен притисок, намален холестерол и шеќер во крвта.

Какаото се смета за еден од најбогатите извори на полифеноли во природата. Особено е богато со флавоноиди, кои имаат моќно антиоксидативно и антивоспалително дејство.

Но, преработката и делувањето на какаото со превисока топлина и алкални агенси, може да доведе до губење на голем дел од овие негови корисни компоненти. Тоа значи, дека не сите производи добиени од какао ќе бидат особено богати со нив.

2) Со зголемување на нивото на една молекула, какаото може да придонесе за намалување на високиот крвен притисок!

Какаото, и во форма на чоколадо и како какао прав, може да помогне за снижување на крвниот притисок.

За ова позитивно дејство за одговорни се сметаат присутните флавоноиди. Според студиите тие можат да го подобрат нивото на азотниот оксид, гас кој може да придонесе за релаксирање на крвните садови и следствено, за намалување на високиот крвен притисок.

3) Какаото може да придонесе за намалување на ризикот од срцев и мозочен удар

Дополнително, покрај намалувањето на крвниот притисок, за ваквото дејство на какаото причина е и неговото намалувачко дејство во однос на ,,лошиот”, LDL холестерол во крвта.

Намалувањето на крвниот притисок и подобрувањето на холестеролниот профил, неминовно водат кон подобрено кардиоваскуларно здравје, односно значително намален ризик од срцев и мозочен удар.

Во една анализа на девет научни студии со над 150 илјади испитаници, било пронајдено дека оние кои консумирале повеќе темно чоколадо имале значително намален ризик од срцев и мозочен удар во текот на животот. Друга пак, шведска студија, ни дава резултати според кои ваквото позитивно дејство на чоколадото може да го добиеме само со умерена консумација (до 30g дневно), а поголемите количини би можеле да создадат и некои проблеми.

4) Полифенолите помагаат и за подобра функција на мозокот

Логично, подобрената циркулација на крвта, влијае и на подоброто снабдување на мозокот со крвта и сите нејзините хранливи елементи.

Дополнително, флавоноидите можат да ја минат мозочната бариера и да учествуваат во биохемиските процеси во кои се создаваат невроните и повеќето важни молекули за функционирањето на мозокот.

Во една спроведена студија, помлади испитаници во исхраната вклучиле какао продукти со висок процент на флавоноиди. По само една недела, циркулацијата во мозокот се подобрила за 8%, а за две недели – 10%. Научните студии, исто така укажуваат и на позитивен ефект на флавоноидите кај повозрасните лица, но и кај лицата кои веќе имаат ментални нарушувања.

Какаото исто така, може да има позитивен ефект и на нарушеното расположение и симптомите на депресија. Овој позитивен ефект се смета дека се должи повторно на флавоноидите, односно на преминувањето на триптофанот во природниот стабилизатор на расположението – серотонин. Всушност, тоа е чувството на задоволство кое го чувствуваме по конумирање на чоколадо.

Една студија утврдила намален стрес кај бремените жени кои поредовно консумирале темно чоколадо. Друга пак, дека пијалаците кои содржат какао, можат да придонесат за смирување и задоволство.

5) Флавоноидите од какаото можат да ги намалат симптомите кај дијабет тип 2

Иако е познато дека претерувањето со темната чоколада не е воопшто препорачливо и добро за пациентите со дијабет, какао правот всушност има одреден анти-дијабетичен ефект.

Флавоноидите од какаото можат да ја успорат дигестијата на јаглехидратите и нивната апсорпција во дигестивниот тракт, потоа да го подобрат лачењето на инсулинот, да го намалат воспалението и да го стимулираат ,,внесувањето” на шеќерот, од крвта во мускулните клетки.

Сето ова е потврдено од научни студии, а постојат и повеќе истражувања кои велат дека исхраната богата со флавоноиди превенира од развој на дијабет тип 2.

6) Какаото може да помогне во намалување на телесната тежина на повеќе изненадувачки начини

Можеби звучи парадоксално, но дури и какаото од темната чоколада може да помогне во губењето на телесната тежина.

Ова својство се должи на способноста на какаото да помогне во регулирањето на метаболитичките процеси, односно намалувањето на апетитот и воспалителните процеси, зголемувањето на оксидацијата на маснотиите и чувството на ситост.

Ќе прокоментираме две студии. Едната вели дека луѓето кои консумирале темна чоколада поредовно, имаат помал BMI од луѓето кои консумирале поретко и покрај тоа што луѓето од првата група јаделе повеќе калории. Другата студија пак, која испитувала поединци што се обидувале да ослабат, дава податоци според кои консумирањето темна чоколада дополнително помага во слабеењето, затоа што оние испитаници кои консумирале, имале подобри резултати, во однос на контролната група.

7) Теоброминот и теофилинот од какаото можат да им помогнат на луѓето со астма

Астмата е хронично воспалително заболување кое предизвикува затворање и инфламација на дишните патишта, што во дадени моменти може да биде дури и животозагрозувачки. Теоброминот и теофилинот можат да бидат од помош за оваа состојба.

Теоброминот е слична компонента на кафеинот и може да помогне при хронична кашлица. Какаото содржи околу 2g од оваа супстанца, на 100g.

Теофилинот пак, ја помага дилатацијата, односно опуштањето на белите дробови и  дишните патишта и го намалува воспалението во нив.

Сепак, за ова дејство на какаото, потребни се клинички студии.

8) Какаото покажува антибактериско дејство, но и низа бенефити за кожата

Какаото содржи повеќе компоненти со антибактериско и имуностимулирачко дејство, кои пред сè, можат да придонесат за здравјето на усната празнина. Тоа во некои студии се покажало како успешно во справувањето со честите бактерии од усната средина, кои предизвикуваат кариес.

Чоколадите се сметаат за еден од предизвикувачите на акните, но студиите го посочуваат сосем спротивното – полифенолите на какаото, всушност имаат низа на позитивни дејства за кожата.

Сè повеќе истражувања покажуваат дека редовното консумирање какао може да придонесе за заштита од UV зраците на сонцето, да ја подобри циркулацијата на крвните садови во кожата, но и да ги подобри нејзините текстурата и хидрирање.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор