fbpx

Рибја чорба – Егејска Какавиа

tonus

Топлите летни денови се пред нас, па сè почесто ќе имаме потреба од ,,полесни” оброци или нискокалорична и потечна храна.

[Поврзано: Три интересни идеи за лесна, вкусна и здрава вечера!]

Токму различните чорби добиени од свежи зеленчуци кои периодов изобилуваат, веројатно е првото нешто што ни паѓа на памет. А што ако ваквата чорба ја искомбинираме и со варена, свежа риба со ниска содржина на маснотии?

"“Online”/

Медитеранскиот начин на исхрана, инаку според науката досега најдобриот од повеќе аспекти,  посебно е познат по вкусните рибји чорби. Низ богатите медитерански кујни можеме да најдеме безброј вкусни и уникатни рецепти за рибја чорба, но денес како предолг за вкусен оброк избравме една позната чорба од грчкиот регион.

[Поврзано: Медитеранска исхрана 2020- Повторно прогласена за најдобра]

 

Егејска, какавиа чорба

 

Во продолжение, ви нудиме еден навистина инетересен вкусен и исклучително хранлив рецепт, многу често приготвуван од грчките рибари, особено во пролетниот и летен период – Какавиа чорба.

Вкусовите на какавиа чорбата ќе ви го донесат мирисот на морето директно во вашата кујна!

[Поврзано: Пастрмка на пареа – РЕЦЕПТ!]

 

 

За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

 

 

 

Начин на подготовка:

 

  1. Ставете едно поголемо и подлабоко тенџере да се загрева на рингла, на средно-висока температура. Додајте го маслиновото масло и кога ќе се загрее, најпрво ставете ги сечканиот кромид и целерот, а по 5 минути и покрупно сечканиот лук. Посолете и додадете малку бибер.

Гответе додека зеленчуците соодветно не заруменат и омекнат. Овие зеленчуци треба да ја дадат базата на чорбата, како и нејзината слаткост и свежина.

  1. Додајте ги доматите, компирите и ловоровиот лист и на крајот сипете го расителниот бујон (оргиналиот рецепт користи морска вода!). Зачинете со сол, бибер и со остатанатите зачини (кумин, копар  и босилок), па појачајте ја температурата до вриење. Намалете ја топлината и гответе на ,,потивко” уште 15-тина минути.
  2. Сега е моментот за додавање на покрупно исечканите филети риба! Повторно доведете ја смесата до вриење, а потоа намалете ја температурата и гответе на ,,потивко” дополнителни 10-тина минути. Внимвајте да не ја преварите смесата! Чорбата е при крај кога компирите веќе се омекнати, а рибата е очигледно сварена.
  3. Додајте го сокот од лимонот, свежите тревки (магдонос и ако имате малку свеж коријандер/босилок) и малку ладно цедено маслиново масло.
  4. Исписирајте дел од сварените компири во чорбата, а пред тоа пробајте ја за да утврдите дали имате добар баланс на киселкавост, слаткост, зачинетост и свежина. Додајте што е потребно за да го одржите тој баланс.
  5. Послужете со потпечени, интегрални лепчиња.

 

  • Oвој рецепт прави 4 порции.

 

Нутритивна вредност:
(на една порција, без леб)

Калории: 450kcal Јаглехидрати: 40g од кои растителни влакна: 7g и шеќери: 10g; Протеини: 44g; Масти: 10g од кои заситени масти: 1g; Витамин Б1: 0,2mg; Витамин Б2: 0,1mg; Витамин Б5: 0,7 mg; Витамин Б6: 0,5mg; Витамин Б9: 70µg; Витамин A: 2000IU; Витамин Ц: 50mg (пред варењето); Витамин K: 300µg; Витамин Е: 0,4mg; Витамин Д: 50IU Бакар: 0.3mg; Фосфор: 100mg; Селен: 2µg; Железо: 4mg; Магнезиум: 80mg; Манган: 0,5mg; Цинк: 1mg; Калиум: 1200mg; Калциум: 200mg

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор