fbpx

Зошто бубрежните КАМЧИЊА се почести на лето? + Превенција и поддршка за третманот

tonus

Камчињата во бубрезите се доста чест проблем помеѓу населението. Статистиките од САД ни даваат податоци според кои над 10% од населението во одреден период од животот го развива овој проблем. Нешто поголем ризик од развој на камчиња во бубрезите имаат мажите над 30 годишна возраст и оние кои веќе еднаш го имале проблемот, но сепак, непријатните камчиња можат да се појават кај секого.

Тие може да создадат поблаги, но и значителни, многу непријатни и долготрајни болки кои имаат потенцијал да се одразат многу негативно врз квалитетот на живот. Дополнително, можни се и одредени здравствени компликации, особено ако не се побара медицинска помош, како на пример значително зголемен ризик од хронични бубрежни болести.

Со почетокот на летото, започна и ,,сезоната” на камчиња во бубрезите. Интересен е феноменот на зголемување на бројот на пациенти со вакви проблеми, со затоплувањето на времето. Во продолжение повеќе околу причините за овој феномен, како и начините за превенција и успешно третирање.

Што се всушност камчињата во бубрезите?

Бубрежните камчиња се цврсти минерални формации во бубрезите, често со неправилни облици. Тие можат да патуваат од мочоводот, односно проводникот од бубрегот до мочниот меур, предизвикувајќи болки и дискомфорт во пределот на половината и препоните.

"“Online”/

Искуствата покажуваат дека луѓето што живеат во потоплите краишта, почесто имаат ваков проблем.

Сезонски промени

Статистиките покажуваат дека луѓето почесто бараат итна помош поради болки поврзани со движењето на бубрежните камчиња во летниот период, во споредба со другите сезони.

Но, зошто се случува ова? 

Имено, 80% од бубрежните камчиња се доминантно составени од калциум. Студиите покажуваат дека нашето тело продуцира повеќе калциум во урината во зимскиот период. Вишокот калциум во урината  го зголемува ризикот за појава на ваквите камчиња. Всушност, вишокот калциум неретко преминува или се ,,развива” во бубрежни камчиња.

Редовната физичка активност исто така допринесува и во превенцијата од развој на камчиња. Па така, имајќи предвид дека општата популација е помалку активна на зима, тоа исто така го зголемува ризикот. Но зошто тогаш проблемите не се јавуваат на зима?

Проблемите од оваа природа најчесто се појавуваат кога ќе започнат топлите периоди кои се еднакви на повисоки температури и дехидратација. Ова би значело понатамошен успешен раст на веќе формираните камчиња на зима, но што е најважно за видливост на симптомите (болките) – одеднаш започнува и движењето на овие зголемени формации.

[Поврзано: Што се случува со нашето тело кога не пиеме доволно вода?]

Симптомите се јавуваат кога најмалку очекувате. Кога конечно ќе го дочекате периодот на зголемена активност и сонце. Токму кога ќе сакате да работите во градината или да одиграте партија фудбал/баскет.. Всушност, тогаш зголемените камчиња се посклони кон раздвижување.

Природни третмани и превенција преку исхрана

Постојат одредени доста успешни третмани за решавање на проблемот со бубрежните камчиња, но во продолжение ќе се осврнеме на природниот начин со кој можете да си помогнете при симптомите. За среќа постојат и начини за успешно да превенирање од појавата на камчиња во бубрезите, па ќе се задржиме и на начинот на исхрана и животниот стил што ќе ве одалечи од непријатните камчиња.

Доколку веќе го имате проблемот, пред да се обидете да си помогнете самите во ,,домашни услови’’, важно е да се консултирате со лекар, особено ако покрај камчињата во бубрег имате проблем и со некоја друга здравствена состојба или земате одредена терапија.

Иако доста од советите во продолжение ќе ви бидат од значителна помош во намалување на симптомите, сепак болките можат да бидат доста интензивни, па најдобро советите да ги користите како надополнување на конвенционалните третмани. Кај некои лица кои имаат камчиња со поголем обем, можно е да е потребна и операција.

Совети како да превенирате и да си ги олесните симптомите од бубрежните камчиња

Не постои точно утврдена исхрана при бубрежни камчиња, едноставно треба да практикувате здрава исхрана, но да се осврнете на одреден продукти и количини на нивно консумирање.

◦ Пијте доволно вода

Пиењето најмалку 2-3 литри вода дневно е еден од најдобрите начини за да си помогнете при камчиња во бубрезите, но и во нивната превенција.

◦ Пијте лимонов сок и употребувајте повеќе јаболков оцет

Двата продукта содржат солидни концентрации на лимонска киселина, компонента која може да помогне во разградувањето на калциумовите депозити и да го намали нивниот раст.

Според истражувањата и само 100g лимонов сок може да ја помогне. Најдобро е сокот да го исцедите самите, не да купувате пакувани сокови.

◦ Контролирајте ја телесната тежина

Една студија од минатата година укажува дека дури 44% од луѓето со камчиња во бубрезите биле гојазни или со зголемена телесна тежина.

Иако не е утврдена точна причинско-последична врска помеѓу гојазноста и појавата на камчиња во бубрезите, авторите на споментата студија велат дека метаболитичките состојби, како зголемениот холестерол и крвен притисок, можат значително да допринесат за формирањето на камчињата.

◦ Избегнувајте кофеински и пијалаци со додадени шеќери

Газираните, кофеинските и алкохолните пијалаци го зголемуваат ризикот од формирање на бубрежни камчиња.

Исто така, препроцесираните продукти кои содржат високи концентрации на додадени шеќери, сол, заситени маснотии итн, делуваат на побрзо формирање на камчињата, но ги интензивираат и симптомите ако веќе ги имате.

◦ Намалете со солта, внесувајте калциум во доволни количества со исхраната и внимавајте со суплементирањето на овој минерал

Често калциумот се смета за непријател при камчиња во бубрезите и дека треба да се намали неговиот внес, но тоа не е случај.

Иако најчестиот вид на камчиња во бубрезите се оксалатните камчиња, кои се формираат од калциумот и оксалатите во бубрезите, сепак храната сиромашна со калциум може да го зголеми ризикот од развој на бубрежни камчиња.

Заедно со богатата оксалатна храна, особено онаа како спанаќот, внесувајте храна богата со калциум. Тоа ќе овозможи нивно спојување во желудникот, наместо штетното спојување во бубрезите. Дополнително, ако внесувате повеќе натриум(сол), ќе губите повеќе калциум во урината што ќе го зголеми ризикот од развивање на нови камчиња. Повеќе околу калциумот и исхраната прочитајте тука.

◦ Избегнувајте храна пребогата со оксалати

Спанаќ, чоколада, кикирики, соја, сладок компир, кафе чаеви и бобесто овошје. Ваквата храна треба максимално да избегнувате.

◦ Исклучете ги црвеното месо и пакуваните месни производи од исхраната и намалете општо со животинската храна богата со протеини

Ваквата храна богата со пурини, предизвикува поголемо создавање на урична киселина и го зголемува закиселувањето во бубрезите.

Зголемената киселост и концентрација на урична киселина води кон создавање на камчиња. Зголемениот внес на протеини во исхраната предизвикува поголемо излачување на калциумот од бубрезите и на тој начин ја зголемува и веројатноста од бубрежни камчиња.

◦ Не претерувајте со суплементирање на витаминот Ц

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор