fbpx

КАНЕЛОНИ со РИКОТА сирење и СПАНАЌ! Кој вели дека вкусните ТЕСТЕНИНИ не можат да бидат и ЗДРАВИ?

tonus

Тестенините може да бидат одлична намирница и да се применат во многу рецепти за ручек. Во комбинација со разни сезонски зеленчуци, се добиваат рецепти кои се вкусни, здрави и нутритивни.

Распространето е милењето дека тестенините се храна која е калорична и дебелее, но тоа е точно само доколку тие се користат неправилно, прекумерно и често.

Содржат јаглехидрати, но тоа не ги прави храна која „дебелее“

Тие се богати со јаглехидрати, кои се есенцијален микронутриент и нивниот сложен тип, односно генерално скробната храна, не само што не треба да се избегнува, туку таа треба да нѝ биде основа во нашата исхрана – леб, компири, житарки, ориз, мешунки итн. Под ова се подразбира да консумираме леб од полнозрнесто брашно, полнозрнасти житарки, интегрален ориз итн.

"“Online”/

Ваквите тестенини добиени од полнозрнесто брашно содржат:

  • растителни влакна – над 6g во 100g несварени тестенини, што е околу 20% од дневните потреби. Ваквите растителни влакна особено се губат при процесот на добивање на бело брашно.
  • сложени јаглехидрати – главно скроб, но дел и резистентни, односно недигестибилни, разгранети сложени јаглехидрати
  • протеини – над 12g
  • Приближно 0g масти

но и низа на микронутриенти:

  1. повеќе витамини од Б групата,
  2. калиум
  3. железо
  4. бакар
  5. манган
  6. цинк итн.

Ваквите микронутриенти се исто така позастапени во тестенините од полнозрнесто брашно, наспроти оние добиени од бело брашно.

Во продолжение, вкусен рецепт за познатите рикота канелони, но на уште поздрав, медитерански начин!

Канелони со рикота и спанаќ

За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

Начин на подготовка:

  1. Најпрво подгответе го рикота сирењето (или користете купечко). Ако го приготвувате, во процесор за храна ставете половина конзерва наут, 2 чешниња лук, половина лажичка лимон, 4-5 лажици растително млеко, 2-3 лажици нутритивен квасец и околу 50g фино измелени јатки, како бадем, индиски ореви и слично. Блендирајте додека не добиете хомогена смеса.
  2. Варете ја канелони пастата околу 4-5 минути, а потоа веднаш исцедете ја и префрлете во ладна вода. Оставете ги канелоните во ладната вода додека го подготвувате останатиот дел од рецептот.
  3. За печењето, користете поголема плитка тава. Најпрво добро премачкајте ја со доматното пире, за да не дојде до слепување на пастата.3. Следно, на една помала тава за печење, ставете малку ладно цедено маслиново масло и запржете го претходно ситно исецканиот кромид, заедно со лукот и зачините. Откако кромидот и лукот соодветно ќе поруменат, додадете го исечканиот спанаќ и гответе уште 2-3 минути додека не овене.
  4. Ставете ги во процесор за храна рикота сирењето и спнаќот и блендирајте со пулсирања, само неколку пати.
  5. Со добиената смеса од рикота и спанаќ, наполнете ги канелоните што веќе добро се изладиле. За полесно полнење, поставете ги канелоните вертикално и полнете со импровизирана ракавица од најлон со дупка.
  6. Поставете ги наполнетите канелони во тавата за печење. Наредете ги соодветно и потоа со остатокот од доматното пире покријте ја смесата. Врз канелоните наросете и со претходно изренданото или иситнето моцарела сирење.7. Печете 30 минути, на температура од околу 200 степени. Сервирајте со некаков тип свежа тревка, најдобро со босилок.

Нутритивна вредност:
(на една порција, со млечно рикота сирење)

Калории: 580; Јаглехидрати: 49g, од кои растителни влакна: 6g и шеќери: 13g; Протеини: 31g; Масти: 30g, од кои заситени: 14g; Витамин Б2: 0.8mg; Витамин Б6: 0,5mg; Витамин Б12: 1,8mcg; Витамин Б9: 200mcg; Витамин А: 9000IU; Витамин C: 40mg; Витамин К: 390mcg; Калциум: 730mg; Железо: 4,4mg; Цинк: 3,7mg; Натриум: 1500mg; Фосфор: 580mg; Мангнезиум: 128mg; Манган: 1mg; Бакар: 0,4mg

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор