fbpx

Сезона на КАРФИОЛОТ – подгответе здрави, а ниско калорични рецепти!

tonus

Есента е во полн ек, а тоа значи дека пазарите и маркетите располагаат и изобилуваат со сезонски зеленчуци. За овој период се карактеристични повеќе различни намирници, но можеби една од поздравите е карфиолот. Тој е и доста популарен во нашата кујна, а често се користи и во зимските денови како туршија.

Во продолжение издвојуваме два брзи и едноставни рецепти за негова подготовка.

 

"“Online”/

Зошто е здраво и корисно да јадеме карфиол?

 

Карфиолот се смета за еден од најздравите зеленчуци кои можат да се најдат на пазарите, а за тоа постојат низа добри причини за кои ќе зборуваме во продолжение.

Карфиолот е дел од истото семејство (Brassica oleracea) растенија со брокулите, зелката, прокељот и други поретки билки. Можеби звучи неверојатно, но утврдени се над 80 различни видови карфиол.

Карфиолот може да се приготвува на навистина многу различни начини – карфиол на пареа во комбинација со пробиотски јогурт, во комбинација со ориз, печен карфиол со различни сосови (хумус), како подобрувач на текстурата во различни рецепти (,,брашно од карфиол”), свежи салати со карфиол итн.

 

Во 100g карфиол се содржат само околу 25kcal, од 5,3g јаглехидрати (половината од тоа фибер), 2g протеини и 0,1g масти.

Кога станува збор за микронутритивниот состав, свежиот карфиол во истата количина содржи:

◦ 50mg витамин Ц или 77% од ДП (за возрасен човек со просечна тежина)

◦ 16mcg витамин К или 20% од ДП

57mcg витамин Б9 или 15% од ДП

 

Очигледно е дека ваквиот состав го прави карфиолот исклучително ниско калорична намирница со импресивен нутритивен состав.

 

Карфиол со домати

 

За подготовка на овој рецепт потребни ќе ви бидат околу 25 минути, а истиот е доволен за 4-6 порции.

 

Потребни намирници:

  • 1 голема главица карфиол, искршена на помали парчиња
  • 2-3 свежи домати, речиси испасирани или исечкани на ситни парчиња
  • Неколку маслинки
  • 4 парчиња млад кромид, исецкани
  • Малку сол, црн бибер и црвен пипер
  • Малку фета сирење или пармезан

 

Подготовка:

  1. Во поголемо тенџере ставете околу 2 прсти вода, а потоа ставете го карфиолот во некаков огноотпорен сад внатре во тенџерето. Доведете ја водата до вриење и затворете го тенџерето. Гответе го карфиолот на пареа околу 5-7 минути.
  2. Во друго тавче, ставете го сварениот карфиол заедно со доматите, маслинките, младиот кромид и посолете  и зачинете ја ваквата смеса по желба. Динстајте ја без капак околу 5-6 минути, односно додека карфиолот и доматите фино не омекнат.
  3. Послужете со парче интегрален леб, а врз зеленчуците наросете малку фета сирење или пармезан.

 

Салата од карфиол, наут и варени јајца

 

За овој рецепт потребни ќе ви бидат околу 40 минути за подготовка, а истиот е доволен за 4-6 порции.

 

Потребни намирници:

  • 1 голема главица карфиол, исечена на помали парчиња
  • 1 конзерва подготвен наут (или околу 1 шолја домашно сварен наут)
  • Малку млад кромид
  • 4 варени јајца, исечкани на кругови
  • 6-7 маслинки
  • Мала главица кромид, ситно исецкана

 

За преливот:

  • Половина чаша јогурт
  • Малку сок од лимон
  • Сол, црн бибер и црвен пипер
  • Малку маслиново масло
  • Кумин и кориандер

 

Подготовка:

  1. Во тавче со хартија за печење ставете го карфиолот и пропрскајте го со капка маслиново масло. Ставете малку од зачините, а потоа печете го на 190℃ , околу 20 минути. Во текот на печењето промешајте и превртете ги парчињата карфиол.
  2. Испечениот карфиол ставете го во сад за салата и додадете ги кон него наутот, младиот кромид, јајцата, маслинките и кромидот.
  3. Преливот подгответе го, и додадете го кон зеленчуците. Фино промешајте ја салатата. По потреба додајте дополнително маслиново масло или сок од лимон. Зачинете по желба и послужете.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор