fbpx

КАРОТЕНОИДИ – Жолтата боја на есента значи здравје! Зошто?

tonus

Есента асоцира на жолтата боја. Моментално таа е насекаде, а сега е и сезоната на голем дел од познатите жолти зеленчуци и овошки, како на пример тиквите.

 

[Поврзано: Тиква – најбогатиот природен извор на бета каротен!]

 

Една група антиоксидативни компоненти ги обединува повеќето жолти свежи плодови. Станува збор за каротеноидите, кои всушнот се и виновниците за нивната интензивн жолта боја.

"“Online”/

 

[Поврзано: Не се доволни витамините и минералите, ни требаат ФИТОХЕМИКАЛИИ!]

 

Во продолжение, повеќе околу каротеноидите и една понова  мета-студија што укажува дека постои научна основа за користење на храната богата со нив за превенција од кардио-метаболитичките заболувања.

 

Што претставуваат каротеноидите?

 

Каротеноидите се поголема група (над 600 различни) на растителни пигмети одговорни за слабо црвенкастата, портокаловата и пред сè за жолтата боја на овошните и зеленчукови плодови. Тие се особено важни за растенијата, но и за здравјето на секој од нас.

 

Се работи за класа фитонутриенти или фитохемикалии што ја помагаат апсорпцијата на светлината, неопходна за одвивање на фотосинтезата кај растенијата. Каротеноидите исто така играат и важна антиоксидативна улога, односно ги деактивираат слободните радикали – слободни ексцитирани молекули кои ги оштетуваат клетките преку реагирањето со други соединенија.

 

Докажано е дека како такви, каротеноидите делуваат и во организмот на човекот. Покрај антиоксидативниот ефект, одредени студии им препишуваат имуностимулирачки, па дури и потенцијален антиканцероген ефект. Одредени типови каротеноиди во организмот преминуваат во витамин А, инаку есенцијален витамин кога станува збор за видот.

 

Кои се најзначајните каротеноиди?

 

Најпознатите, односно најистражуваните каротеноиди се оние најчестите во западниот начин на исхрана, како алфа и бета каротен, бета-криптоксантин, лутеин, зеасантин и ликопен.

 

[Поврзано: Домати – добро е што ги има толку често низ нашите трпези!]

 

За секој од нив одделно има навистина многу да се каже, но тоа ќе го направиме во некоја од наредните статии. Во продолжение ќе се задржиме на едно истражување кое ни покажува дека каротеноидите можат да ни помогнат во превенцијата и третирањето на кардио-метаболитичките нарушувања.

Метаболен синдром – една од најголемите закани за јавното здравје!

Иако е толку распространет како поим и често се зборува за него, многумина не знаат што всушност претставува метаболен синдром. Означувањето на оваа состојба како засебна дијагноза е предмет на дебата и помеѓу докторите, односно многумина се на ставот дека метаболниот синдром не може да биде сметан за засебна дијагноза.

Како и да е, општо прифатена дефиниција е дека метаболниот синдром е кластер или збир од повеќе метаболитички нарушувања (ризик-фактори), кои се појавуваат заедно, зголемувајќи го ризикот од кардиоваскуларни заболувања и дијбетес тип 2. Некои го нарекуваат и синдром на инсулинска резистентност.

Под збир од метаболитички нарушувања се подразбираат висок крвен притисок, зголемено ниво на глукоза во крвта, повишени маснотии и холестерол во крвта, обезност и некои други состојби. Имањето на една од нив, не значи дека имате метаболен синдром, но тие многу често се јавуваат во комбинација.

[Поврзано: Метаболен синдром – секој би требало да знае за овој поим]

Обезноста и покачената телесна тежина се главните ризик фактори за појава на метаболниот синдром. Се проценува дека 15% од населението во Европа и дури 32% од Американците, се во ризик од ова нарушување.


Нешто повеќе околу мета-анализата

Споменатото истражување извршило системска анализа на податоците поврзани со каротеноидите од бројни студии спроведени во периодот од 1997, до 2017 година. Се работи за поголем број студии, а извлечените податоци се од околу 30 илјади луѓе – испитаници.

 

Резултатите укажуваат дека постои инверзна релација помеѓу поголемиот внес на каротеноиди и метаболниот синдром. Тоа би значело – што повеќе каротеноиди во крвниот серум, тоа помал ризик од метаболен синдром. Најсилен ефект се смета дека има бета-каротенот, веднаш зад него следат алфа-каротенот и бета-криптоксантинот.

 

Иако податоците покажуваат поврзаност, а не причинско-последична врска, постои одреден механизам според кој може и подетално да се објасни како всушност помагаат за кардио-метаболитичкото здравје.

 

Се смета дека ваквиот ефект на каротеноидите се должи на тоа што играат важна улога во антиоксидативните процеси во телото, во биохемијата на масното ткиво и во продукцијата на инфламаторни медијатори кои се одговорни за респределеноста на масното ткиво низ телото. Ова е во директна корелација со инсулинската сензитивност – огромен ризик фактор за метаболен синдром и поврзани наршувања.

[Поврзано: Инсулинска резистентност – Сè почест проблем!]



Зошто е многу важно да се јаде ,,жолта” храна и кои се поконкретните каротеноидни извори

Според постоечките податоци, западниот начин на исхрана, концепт на исхранување кој за жал ни е сè поблизок, резултира со многу низок внес на каротеноиди (од 1 до 5mg на дневна основа). Тоа е далеку од потребното и доволното.

 

Затоа, многу е важно почесто да имаме свежа храна на нашите трпези, особено периодов кога жолтите свежи земјоделски производи се најзастапени, највкусни, па и најефтини.

 

[Поврзано: Пролетта, но и есента е вистинско време за стекнување навика за свежа храна – Зошто е ова од КРУЦИЈАЛНА важност?]

 

Најдобри извори на квалитетни каротеноиди:

 

 

Со кликнување на секој од храните, дознајте многу повеќе детали за неа.

 

[Поврзано: Дали јапонските ЈАБОЛКА се подобри од другите? Секако се извонредни!]

 

Извор:

,,Carotenoids, vitamin A, and their association with the metabolic syndrome: a systematic review and meta-analysis”, Nutrition Reviews, 2018

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор