fbpx

Kaротенска БОМБА – Есенска ЧОРБА од ТИКВА и МОРКОВИ!

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Есента е веќе тука, а со неа доаѓаат и сите нејзини вкусни и здрави сезонски овошја и зеленчуци. Бидејќи есента е, меѓу другото,  и сезона на тиквата, тоа значи дека треба да ја користиме во нашата кујна што е можно почесто. Поради нејзината ниска калоричност, а висока хранлива вредност, тиквата се смета за особено нутритивно сконцентрирана храна.

Таа е богат извор на витамини, посебно на витамин А, но и на Ц, Е и витаимините од Б групата, потоа на минерали, како бакар, железо, фосфор, цинк и особено значајниот калиум.

[Поврзано: Семки од тиква – грицкање без грижа на совест!]

"“Online”/

Покрај ова, тиките се одличен антиоксидативен извор, пред сè на флавоноидните антиоксиданти. Заради исклучителната хранлива вредност, овој зеленчук се вбројува во редот на најздравите зеленчуци присутни на пазарите, особено на есен. Искористете ја максимално сезоната на вкусната тиква на почетокот на есента приготвувајќи ги најпознатите рецепти со неа.

Во продолжение, интересна варијанта, односно предлог-рецепт за познатата чорба од тиква, која најверојатно не сте ги пробале. Уникатна комбинација од тиква, моркови и грчки јогурт, зачинета со интересни несекојдневни зачини!

[Поврзано: Зачинот СУМАК – го има и кај нас и е неверојатно корисен зачин!]

Многу повеќе околу тоа зошто треба почесто да јадеме тиква, прочитајте во една од нашите претходни статии: Тиква – најбогатиот природен избор на бета каротен!

[Поврзано: Очите се само мал дел од бенефитите што можат да ни ги понудат морковите! Зошто треба почесто да ги консумираме?]

 

Есенска чорба од тиква и моркови – каротенска бомба!

 

За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

 

 

Начин на подготовка:

 

  1. Најпрво добро сварете ги тиквата и морковите и зачувајте 300-400ml од водата во која се вареле.

 

  1. На една поголема рамна тава за готвење, со неколку капки од ладно цеденото маслиново масло продинстувајте го кромидот (внимавајте да не изгори, треба да е само омекнат и процирен), а потоа додајте ги тиквата, морковите, јогуртот и на крајот млекото.

 

  1. Добиената смеса измиксирајте ја со рачен блендер или поенергично со лажица, доколку немате процесор за храна.

 

  1. На крајот, додавајте по малку од водата во која се вареле зеленчуците, додека не ја добиете посакуваната густина.

 

– Овој оброк прави околу 3 порции.

– Добро се комбинира со полнозрнест, потпечен леб.

– Одлично предјадење или лесна вечера.

Нутритивна вредност:

(на една порција, без леб)

Fibro Gel

Калории: 200; Јаглехидрати: 27g, од кои растителни влакна: 6g и шеќери: 13g; Протеини: 13,5g; Масти: 6g, од кои заситени: 1,5g; Витамин Б1: 0,2mg; Витамин Б2: 0,5mg; Витамин Б3: 2,1mg; Витамин Б6: 0,3mg; Витамин Б5: 1mg; Витамин Б9: 70mcg; Витамин А: 31 000IU Витамин Е: 3,2mg; Витамин К: 110mcg; Калциум: 1100mg; Железо: 2,2mg; Цинк: 1,2mg; Фосфор: 200mg; Мангнезиум: 50mg; Манган: 0,4mg; Бакар: 0,3mg; Селен: 3mcg

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X