fbpx

10 главни ОПАСНОСТИ од КЕТО диетата!

tonus

Диетите се најголемите здравствени катастрофи на новиот век. Ова важи за секоја една диета, не постои ,,здрава диета”. Зошто?

  • Диетите подразбираат ЗАВРШУВАЊЕ, или одреден рок.
  • Даваат привремени резултати што залажуваат.
  • Создаваат циклуси, односно јојо ефект.

За причините поради коишто го заклучуваме ова, многу подетално прочитајте тука.

Во продолжение, ќе се осврнеме повеќе на главните опасности од практикувањето на диетата која е една од попопуларните во последно време – кето диетата.

"“Online”/

[Поврзано: Исхрана по крвни групи – како една измислица зеде залет?]

Митот за ,,лошите  јаглехидрати”

Високо-протеинските, масни диети што речиси целосно ги исклучуваат шеќерите и јаглехидратите воопшто, се особено популарни во денешно време. Како и секоја диета и оваа си носи свои потенцијални значителни ризици. Во продолжение ќе ги разгледаме најзначајните ризици, поединечно.

[Поврзано: 5 распространети НЕВИСТИНИ за јаглехидратите!]

Речиси ниту една диета која во моментов циркулира не е нова. Имено, кето диетата е развиена во 20-тите години на минатиот век со цел помош во третманот против епилепсија. Денес, нејзините пропагирачи ветуваат најразлични фасцинирачки резултати, од намалување на телесната тежина и подобрена плодност, па сè до лекување на дијабет тип 2.

[Поврзано: Мислите некоја диета е НОВА? Прочитајте какви сè постоеле!]

Иако дел од загубените килограми се должат на загубената вода, неспорно е дека кето диетата дава резултати во однос на слабеењето. Таа може да биде корисна и при одредени невролошки проблеми. Но, има големо но.. Продолжете да читате.

Ваквата диета се базира на принципот – 70-80% од калориите да бидат од маснотии, околу 20% од протеини и само 5% јаглехидрати.

Еден од проблематичните принципи на сите диети е и силната рестриктивност, што ја оневозможува трајноста.

Така, сè што е повеќе од еден варен компир или кришка леб, веројатно ќе ги надмине вашите дневни ,,потреби” за јаглехидрати според кето исхраната. Иако е тешка за следење, праксата покажува дека токму поради рестриктивноста (која дава чувство на контрола и надеж за сигурен резултат), поради едноставните правила и неретко брзите резултати, многумина остануваат и подолг период со оваа диета.

Гледаме дека постојат и потенцијални корисни ефекти од кето диетата, особено на пократок рок, но да видиме кои се опасностите и зошто не препорачуваме да се потпрете на оваа диета во целта намалување килограми, но и во било која друга цел (ако тоа не е препорачана од лекар, за специфилна состојба).

1 . Сериозна загуба на мускулната маса

Постојат одредени студии што велат дека дури и кога практикуваат вежби со тежина, лицата на кето диета губат од своето мускулно ткиво. Иако истражувањата на темата се во зачетоците, ваквиот ефект се смета дека е заради тоа што протеините во комбинација со јаглехидратите се подобри за ефективно градење мускули, отколку сами по себе.

Една студија од 2018 година, објавена во научното списание Sports, ни дава податоци според кои може да се заклучи дека оние што следеле кето диета изгубиле исто килограми, за ист период со лицата што имале друг тип диета. Но, тие на кето, загубиле мускулна маса на нозете.

Губењето мускулна со текот на годините е нешто што има бројни сериозни последици. Мускулите се метаболитички активни и трошат многу повеќе калории/енергија од масното ткиво. На тој начин, задржаното мускулно ткиво кај повозрасните луѓе е од особена важност во контролирањето на телесната тежина.

[Поврзано: Колкава количество протеини ни е потребно на ден?]

Кај највозрасните лица, падовите заради губењето на баланс и слабата мускулатура, се помеѓу главните причини за смрност.

[Поврзано: Остеопороза – колку е значајна физичката активност?]

2 . Кето диетата ги става бубрезите под стрес и води кон бубрежни камчиња

Камчињата во бубрезите се исто така добро познат несакан ефект од кето исхраната. Некои истражувања покажуваат дека 1 од 10 практкувачи на кето, развиваат камчиња во бубрезите.

[Поврзано: Како да се спречат камчињата во БУБРЕЗИТЕ?]

Експертите советуваат дека не секој облик на кето диетата е ист. Иако генерално кето исхраната е лош избор, зголемениот внес на месни процесирани производи, дополнително го зголемува ризикот од камчиња, но и од развој на гихт.

Големиот внес на животински протеини преку исхраната ја прави урината покисела, а се зголемуваат и количествата на калциум и уринчна киселина. Токму ова ги прави луѓето на кето подложни на камчиња во бубрезите и им го зголемува ризикот од гихт.

Овој начин на исхрана е особено ризичен за лицата што веќе имаат проблеми со бубрезите. Кај нив е потребно строго контролирање на протеинскиот внес, што е во спротивност со основните принципи на кето исхраната.

[Поврзано: Високо-протеинските диети – Ризик за бубрезите!]

3 . Особено ризична диета за дијабетичарите

Сложените јаглехидрати го помагаат контролирањето на крвниот шеќер, што е од особена важност за лицата со дијабет. Едно истражување објавено пред неколку години во списанието Diabetic Medicine, покажуваа дека кето диетата може да го подобри контролирањето на тримесечниот просек (HbA1c), но оваа исхрана доведува до епизоди на хипогликемија, односно екстремно, опасно ниски нивоа на шеќер во крвта. Се работи за посебно опасна ситуација за лицата што користат инсулинска терапија.

Повеќе истражувања укажуваат на важноста од полнозрнестите житарки во однос на конторлирањето на крвниот шеќер. Ваквите житарки се под силна рестрикција при кето диетата. Затоа, ако имате било каков облик на дијабетично нарушувања, задолжително консултирајте се со лекарот што ве следи пред било каква диета.

[Поврзано: Како до поуспешна контрола при дијабет?]

4 . Опасност од јо-јо ефект

Брзите и значителни загуби на килограми кај кето диетата им даваат голема надеж на практикувачите. Сепак, пред сè поради големата рестриктивност, трајното одржување на постигнатите резултати со кето диетата, речиси е невозможно.

Така, практикувачите на кето често влегуваат во еден циклус на слабеење (со кето) и потоа повторно здебелување (со нивниот претходен начин на исхрана кој всушнос и ги довел до проблемите), па повторно кето и повторно покачување на килограмите…

Ваквите циклуси се наречени Јо-јо ефект – особено негативен, бидејќи го зголемува таложењето на стомачните (абдоминални) маснотии и ризикот од дијабет и срцеви болести. Многу повеќе околу тоа зошто абдоминалните маснотии (висецерални) се поопасни од сите други масни наслаги, прочитајте тука.

[Поврзано: Тајната на Јо-Јо ефектот и како тој го уништува здравјето!]

5 . Води кон дехидратација и загуба на електролити

6 . Опасност од проблеми со дигестијата, како запек

7 . Недостаток на хранливи материи

Наглото и драстично прекратување на јаглехидратите во исхраната го става телото пред двоен предизвик.

Мозокот ја ,,преферира” глукозата како извор на енергија, нешто што го добиваме главно од јаглехидратите. При кето диетата, мозокот мора да се адаптира и на други извори, па ги користи т.н. кетонски тела од мастите.

Од друга страна, бубрезите ослободуваат повеќе електролити како што паѓаат нивоата на инсулин. Дополнително, вкупното ниво на вода во телото се намалува со намалувањето на јаглехидратите во исхраната.

[Поврзано: 6 лесни совети за ЕЛЕКТРОЛИТЕН БАЛАНС!]

Резултатот на сето ова е констипација, дијареа, гадење, главоболки, хроничен замор, болки во стомакот и други симптоми. Ако почувствувате било кој од овие симптоми, добро е да пиете повеќе вода и веднаш да запрете со рестриктивната кето диета.

Симптомите како констипацијата се резултат и на силно ограниченото внесување на растителните влакна при кето исхраната. Која целокупната важност на овие хранливи материи, прочитајте тука.

[Поврзано: Запек – нередовна и тврда столица – како да си помогнете?]

Други ризици за недостатоци на нутриенти – калиум и други електролити, како натриум.

8 . Како што телото се привикнува на кетозата, сосема веројатно е да развиете непријатен здив

Би продукт на кетозата е ацетонот. Тој се елиминира од организмот преку белите дробови и здивот.

Станува збор за кетон кој има интензивен мирис и во помали концентрации. Ваквиот непријатен здив не можеме да кажеме кога би се случил, но вообичаено потребни се неколку недели на кето.

[Поврзано: Природни решенија за непријатниот здив]

9 . Кај жените можни се проблеми со циклусот

Според експертите на тематиката, циклусите можат да станат нередовни, па и комплетно да запрат при кето исхраната. Ова се смета дека се случува поради падот на гонадотропинот и одредени други хормони, како естроген и прогестерон.

Долготрајните нарушувања на менструалниот циклус можат да водат и кон посериозни здравствени ефекти, вклучително и намалување на густината на коските – естрогенот е многу значен за коските.

[Поврзано: Нередовен циклус – можни причини]

Дополнително, нарушениот циклус се поврзува и со зголемен ризик од срцеви заболувања, депресија, сексуални проблеми и слично.

10 . Зголемен ризик за покачен холестерол и кардиоваскуларни заболувања

Кето исхраната се базира на многу масна храна, која неретко, покрај лошите заситени, ги содржи и најлошите маснотии – трансмастите.

[Поврзано: Липиден профил, или народски кажано – МАСНОТИИ во крвта]

Овие маснотии го зголемуваат ,,лошиот” LDL и го намалуваат ,,добриот” HDL холестерол, а делуваат и на нарушувањето на мастите (триглицеридите) во крвта. Тие исто така го зголемуваат ризикот од срцеви болести и мозочен удар.

[Поврзано: Во зависност од вашата возраст, што можете да направите за вашето срце?]

Промена во начинот на исхрана, а не диети

Не постои хронична болест за која што не може да помогнат промените на начинот на живот. Начинот на живот не е само додаток, туку е суштински дел од нивниот третман.

Гојазноста исто така може да се каже дека е хронично заболување. Таа не може да се смета за нормалност, ниту кај децата, секако.

Клучот за решението е секако, промената во на животните навики. Како што нездравиот начин на живот ни станал навика, така може и спротивниот. Три чекори се можеби најважни во процесот на слабеење:

1) Мотивацијата – за секого може да биде различна, но најважна е поддршката од блиските, семејстовото, партнерот, пријателите. За некого е клучен и стручниот надзор.

2) Едукацијата – кога самите ќе осознаеме што е добро, а што лошо за нас, спремни сме да се менуваме. Ова може да биде иницијална каписла за почеток на промените, но тоа може да биде и мотивацијата, па потоа да дојде заинтересираноста за фактите. Како и да е ова е многу важен фактор.

3) На крајот, трајноста на навиките е клучна. Видовме кај диетите дека трајноста е неопходна. Затоа најдобро е промените да бидат постепени и да се избере начин на исхрана и живеење кој ни е близок.

Најчесто во нашата средина, па и општо во светот, кога ќе се спомене поимот ,,здрав начин на исхрана”, луѓето веднаш помислуваат на некои специјални намирници кои се подготвуваат на специјален начин, а и цената на чинење им е висока.

Но, токму спротивното е случај. Здравата храна е едноставна, едноставно се подготвува и консумира, а исто така е и поефтина. Проблемот е навиката. За полесно да ја стекнеме потребен ни е промената да не ни биде толку ,,туѓa”.

Како моментално најдобар начин на исхрана, според науката, се смета медитеранскиот тип на исхрана.Тој е многу близок до исхраната на нашите родители. Мешунки, житарки, овошје, зеленчук, риба, јатки итн. Навистина одговор е толку едноставен.,

ПРОГРАМА НА Д-Р МИТОВ ЗА ЗДРАВО СЛАБЕЕЊЕ

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор