fbpx

6 извонредни својства на КИКИРИКИТЕ

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Кикириките се легуминози со потекло од Јужна Америка. Тие се блиски ,,роднини” со гравот, леќата, сојата итн. Во различни култури нивната примарна примена е поинаква. На пример, на запад се користат како путер од кикирики и масло, а кај нас најчесто како грицки и додатоци во слатки. Во Македонија постои традиција на садење кикирики во некои региони, како на пример струмичкиот.

Важно да се спомене е дека кикириките се пакувани со особено здрави маснотии, слично како и јатките, но имаат значително пониска цена.

Тие се особено нутритивно богати легуминози, но поради високата-калоричност треба да внимаваме на количината. Нивниот состав условува низа од корисни влијанија на организмот, па да видиме кои се најважните:

"“Online”/

1) Извор на низа значајни хранливи материи

Кикириките се особено богати со ,,здрави” маснотии, протеини и други микронутриенти. Поради високата содржина на маснотии имаат висока калориска вредност 570kcal на 100g. Но, и количината на протеини е исто така многу висока 26%. Јаглехидратите се застапени со само 16g, а растителните влакна со 8,5g.

Микронутритивната вредност на кикириките е исто така богата. Содржат низа од витамини: биотин, ниацин, фолна киселина, но и минерали: бакар, манган, фосфор, магнезиум. Сите овие имаат многу значајни функции во организмот.

Исто така, кикириките се богати и со повеќе антиоксиданти. Најзастапена е кумаричната киселина, ресвератролот, изофлавоните, фитична киселина и фитостероли.

Fibro Gel

2) Антивоспалително и антиканцерогено дејство

Ваките дејства на кикириките се должат на богатиот антиоксидативен состав. Хронично восплаителните процеси во организмот се јавуваат поради дејството на слободните радикали кои се создаваат секојдневно во организмот. Главни во борбата со ни се антиоксидантите. На долг рок, хроничните воспалителни процеси можат да водат до повеќето хронични заболувања, инаку најчестите заболувања на денешницата меѓу кои и ракот.

Студиите покажуваат дека антиоксидантот кој се наоѓа во кикириките, ресвертаролот (кој инаку главно може да се најде во виното), може да има антиканцерогено дејство. Фитичната киселина пак, може да ја подобри апсорпцијата на цинкот и железото, кои се конзумирани од другата храна.

3) Можат да помогнат во борбата со килограмите и дијабетот тип 2

Бидејќи имаат висок процент на маснотии и протеини, а низок на јаглехидрати, кикириките имаат ниска вредност за гликемискиот индекс. Ова прави да се погодни за лицата со дијабет.

Една студија објавена во British Journal of Nutrition дава податоци кои велат дека јадењето путер од кикирики наутро може значително да помогне во контролата на нивото на глукоза во крвта во текот на денот. Кикириките исто така можат да го намалат гликемискиот индекс на храната, кога таа се консумира заедно со нив. За главен ,,виновник” за ова дејство на кикириките се смета магнезиумот, кој според некои истражувања игра значителна улога во контролирањето на глукозата во крвта.

Што се однесува до намалувањето на тежината, кикириките се успешни пред сè заради чувството на ситост кое можат да го предизвикаат, по консумирани помали количества.
Зголеменото количество на протеини и мононезаситени масни киселини (присутни кај кикириките) во исхраната, може да го зголеми согорувањето на калориите. Исто така, растителните влакна се докажан ,,борец” против зголемената телесна тежина, преку различни механизми, пред сè преку контролата на апсорпцијата на глукоза во крвта и врзувањето на водата во дигестивниот тракт со што се поттикнува чувствто на полн стомак.

Постојат докази дека омега 6 масните киселини ја намалуваат инфламацијата во телото што понатаму ги намалува симптомите и ризикот од развој на дијабет тип 2 и дебелина.

4) Одличен извор на протеини, но некои од нив може да бидат алергени за некого

Кикириките се одличен извор на протеини, особено за вегетаријанците. Дури 25% од содржината во 100g кикирики отпаѓа на протеините. Но, меѓу нив се и протеините аракин и конаракин, кои и се причинител на алергијата од кикирики. Лицата кои се алергични на кикирики, мораат да ги избегнуваат. Замена можат да бидат другите јаткасти плодови, богати со здрави маснотии и протеини.

5) Може да придонесат за подобро кардиоваскуларно здравје

 

Ова дејство се должи на здравите маснотии, пред сè омега 6 масните киселини и антиоксидантите од групата фитостероли. Овие антиоксиданти, освен што делуваат на намалувањето на хроничната инфламација во организмот, ja намалуваат и апсорпцијата на холестерол во крвта од храната. Омега 6 масните киселини исто така можат да делуваат на намалувањето на хроничната инфламација.

Додавањето на кикириките во исхраната може да помогне во намалување на ризикот од хипертензијата, која е прв ризик фактор од кардиоваскуларни заболувања.

Постојат низа студии кои велат дека компонентите кои се присутни кај кикириките како магнезиум, ниацин, бакар, олеинска киселина, ресвертаролот и други антиоксиданти исто така можат да придонесат за поздраво срце.

6) Кикириките превенираат од камен во жолчката

Овој проблем се јавува кај голем дел од популацијата. Студиите напраени досега даваат податоци дека поредовното консумирање на оваа намирница, може да помогне во намалување на ризикот од појава на камчиња во жолчката.
Ваквите камчиња примарно се составени од холестерол, па се смета дека ефектот на намалување на нивото на холестерол кое го имаат кикириките е одговорно за ова дејство. Сепак, на темата се потребни уште истражувања.

DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X