fbpx

Слатка киноа – одлична идеја за медитерански појадок!

tonus

Во последно време и кај нас во Македонија сè популарно станува едно семе со потекло од Јужна Америка – киноа семето. Популарноста дефинитивно не ја стeкнува залудно.

[Поврзано: Киноа семе – растителен извор на сите 9 есенцијални аминокиселини!]

Оделот за храна и земјоделство при Организацијата на обединетите нации (ООН), ја прогласи 2013 за година на киноа семето, токму заради нејзината хранлива вредност и потенцијалот кој го поседува. Експертите од ООН сметаат дека раширувањето на оваа храна низ светот, значително ќе придонесе за остварување на развојните цели во однос на сузбивањето на малнутрициите (неухранетоста).

"“Online”/

[Поврзано: Медитеранска киноа салата – рецепт!]

Киноа семе – редок растителен извор на сите 9 есенцијални аминокиселини!

Ваквото признание од ООН не е залудно. Хемиските анализи на киноа семето покажуваат дека тоа е помеѓу ретките растителни, протеински извори кој ги содржи сите 9 есенцијални аминокиселини (градбени блокови за протеините кои телото нема механизам самото да ги продуцира). Дополнително, киноа се вбројува и помеѓу најдобрите протеински, растителни извори и во однос на квантитетот, односно количината на достапните протеини. Одредени видови киноа содржат и над 20% протеини.

[Поврзано: Растителни протеини – Дали се доволни, колку и кои се најдобрите извори?]

Покрај богатиот и квалитетен протеински состав, киноа семето е извор и на бројни други значајни нутриенти или хранливи материи (погледнете ја нутритивната табела најдолу!).

Помеѓу нив ќе ги издвоиме (во 100g сува киноа):

Цинк – 28% Дневните Потреби
Калиум – 17% од ДП
Магнезиум – 50% од ДП
Железо – 60% од ДП
Манган – 90% од ДП
Бакар – 70% од ДП
Витамин В1 (тиамин) – 30% од ДП
Витамин В6 (пиридоксин) – 40% од ДП
Фолна киселина (витамин В9) – 50% од ДП
Витамин Е (токоферол) – 20% од ДП

Сето ова ,,доаѓа” со калориска вредност од само 370kcal!

Сварената киноа има неутрален вкус и одлична текстура – рецепт за најразлични комбинирања!

Претходните рецепти со киноа на нашиот сајт беа покласични, но киноата може да се подготви и да биде извонреден оброк и во ,,блага варијанта”!

Во продолжение еден таков вкусен рецепт, со медитерански шмек, особено погоден за здрав, протеински појадок!

Медитерански киноа сладок појадок!

За овој рецепт потребни ќе ви бидат: 

Начин на подготовка:

1. Во еден подлабок сад за готвење, ставете го киноа семето и покријте го со водата. Затворете и гответе на средна температура околу 15 минути, со повремено промешување.

2. Во една рамна тава додајте го маслиновото масло и кратко пропржете ги бадемите, додека не добијат златна боја. Намалете ја топлината и додајте ги сувите овошки, јаворовиот сируп (мед), циметот и на крајот сокот од портокал. Гответе уште некоја минута на послаба топлина додека вкусовите на содржината добро не се искомбинираат.

3. Во еден подлабок сад додајте ја сварената и исцедена киноа. Врз неа прелијте го претходно подготвениот сос. Сервирајте со рикота сирење, неколку рендани јатки по избор, а можете да додадете и некоја свежа овошка по избор, како калинка.

  • Овој оброк прави 2 порции.

Нутритивна вредност:
(на една порција, со рикота сирење, без додадени јатки и калинка)

Калории: 620 Јаглехидрати: 93g од кои растителни влакна: 11g и шеќери: 39g;  Протеини: 19g; Масти: 21g од кои заситени масти: 5,5g и омега-3: 0,3g; Витамин Б1: 0,4mg; Витамин Б2: 0,6mg; Витамин Б6: 0,5mg; Витамин Б9: 180µg;Витамин А: 460IU; Витамин Е: 6mg; Железо: 4,5mg; Магнезиум: 210mg; Манган: 2mg; Цинк: 3,2mg; Калиум: 1000mg; Калциум: 240mg; Фосфор: 550mg; Бакар: 0,7mg; Селен: 12mcg

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор