fbpx

Медитеранска киноа салата – рецепт!

tonus

Додека повеќето салати ќе ве остават гладни за кратко време, оваа е поразлична благодарение токму на киноа семето.

Имено, киноа семето е богато со протеини (има доволни количества на сите есенцијални аминокиселини) и растителни влакна, што ја прави оваа храна поттикнувач на чувство на полн стомак и особено корисна при слабеење.

Покрај тоа, киноа семето содржи повеќе витамини од Б групата, калиум, железо, калциум, фосфор, витамин Е и низа на корисни антиоксиданти. Сите набројани компоненти имаат свој специфичен корисен импакт на нашето здравје.

"“Online”/

Дополнително, и другите присутни намирници во салатата содржат исто така низа корисни компоненти, што ја прави киноа салата особено здрава.

За овој рецепт потребни ќе ви бидат:

• 1,5 чаша киноа семе
• 3 чаши вода
• 1/2 кафена лажичка сол
• 1 голема краставица
• 1 печена црвена пиперка
• 50g каламата маслинки
• магдонос
• 2 главички црвен кромид
• чери домати или обични домати
• 50g сирење по вкус (фета, биено сирење, козјо, овчо или друг вид)
– можете по желба да додадете и авокадо

за преливот:

• 2-3 големи лажици маслиново масло
• 1-2 големи лажици оцет балсамико
• 1-3 главички лук (според вкус)
• 1 ипол кафена лажичка мед
• 1 ипол кафена лажичка оригано
• малку буковец по вкус
• половина лажичка сол


Како оди постапката за подготовка:

1) Ставете 3 чаши вода во сад за готвење и поставете го на жешка рингла. Почекајте убаво да се загрее водата, до вриење, па додадете го киноа семето (1,5чаша). По неколку минути, намалете ја температурата и затворете го садот. За убаво да се свари киноа семето ќе бидат потребни околу 15 минути. По поминатото време, отворете го поклопецот и проверете дали водата е убаво апсорбирана. За да не ви се случи да добиете прекашеста содржина на салатата, по варењето добро е малку да го потпечете семето и потоа малку да отстои во фрижидер 10тина минути. Овој мал трик ќе обезбеди повкусна салата.

2) Подготовка на преливот: За подготовка на преливот, во еден помал сад ставаме  2-3 големи лажици маслиново масло, 1-2 големи лажици балсамико, 1 главичка лук, 1 ипол кафена лажичка мед, 1 ипол кафена лажичка оригано, малку буковец по вкус половина и една кафена лажичка сол. Дадената содржина ја мешаме додека целосно не се соедини.

3) Ги сечкаме на поситни парченца сите останати компоненти: чери доматите, кромидот, краставицата, црвената пиперка, маслинките, сирењето и авокадото.

Кога сите составни елементи на салатата се подготвени за комбинирање, најпрво во поголем сад го поставуваме сечканиот зеленчук, маслинки и сирење, потоа го додаваме претходно зготвеното киноа семе, промешуваме и на крајот го додаваме преливот кој исто така ни е подгтовен.

Вака подготвената салата или она што ќе ни остане, може да се чува во фрижидер до 3 дена.

Потребното време за подготовка е околу 20тина минути, а може да се сервира за 5-6 луѓе.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор