fbpx

Вредноста на КОПРИВАТА за здравјето

tonus

Копривата е популарен природен, хербален лек кој се користел за доста различни намени во традиционалното лекување.

Нашите предци ја користеле за многу намени, од лекување на болките од артритисот, па се до лекување на некои сезонски алергии. Копривата цвета од пролет до есен и е одличен додаток за тестенини и рижото, но најпопуларна е во вид на супа.

Во каков и облик да ја консумирате, копривата не е потребно многу да се готви, доволно е само да ја издинстате 2-3 минути. Со тоа максимално ќе се зачуваат нејзините хранливи и лековити својства. Што вели науката за ова растение, кои се корисните дејства од него?

"“Online”/

За употребата како лек, не постојат многу истражувања и докази, но генерално се смета дека нејзината употреба не може да предизвика несакани ефекти, освен кај мал број на лица.

Во продолжение ќе видиме неколку корисни дејства на копривата кои имаат некаква научна потпора.

Карактеристики на копривата

Копривата или уште наречена Urtica dioica е доста често растение кое најчесто расте во Америка и Европа. На листовите на ова растение постојат тенки иглички кои содржат хемикалии како мравја киселина и хистамин. Овие компоненти можат да ја иритираат кожата и да предизвикаат непријатно чувство на чешање, пецкање и да се појави црвенило на кожата. Но, исто така, овие иглички можат да содржат и други хемикалии како серотонин и ацетохолин кои исто така имаат одредени влијанија на организмот на човекот.

Богат извор на нутриенти

Листовите како и коренот на копривата се богати особено со микронутриенти:

витамин: А,С,К и неколку витамини од В групата
минерали: калциум, железо, магнезиум, форсфор, калиум и натриум
маснотии: линоленска, линолна, палмитинска, стеаринска и олеинска масна киселина
амино киселини: сите есенцијални!
полифеноли: кампферол, кверцетин, кафеична киселина, кумарини и други флаваноиди
пигменти: бета-каротен, лутеин, лутеоксантин и други.

Повеќето од овие нутриенти делуваат како антиоксиданти и секако на тој начин делуваат во намалувањето на процесот на хронично воспаление.

Копривите можат да ги намалат болките предизвикани од артртис

Eдна од најчестите употреби на копривите е во третманот на симптомите на артритисот. Истражувачите ги испитувале следните својства на копривата:

• антимикробни
• антиоксидативни
• аналгетски – намалувачко дејство во однос на болките
• дејство во спречување на појавата од афти и чирови

Игличките на листовите на копривата содржат неколку хемиски компоненти кои имаат аналгетско и антивоспалително дејство. Ова значи дека копривата може да делува на намалувањето на болката и воспаленијата при состојби како што артритисот.

Една студија на лабораториски глувци од 2016 година, дава податоци дека хербалниот гел кој содржи коприва има аналгетско и антивоспалително дејство, без притоа да ја иритира кожата.

Поради антивоспалителните својства, заради кои се користи за состојби како што се артритис и разни алергии, истражувачите се надеваат дека копривата ќе најде примена и при други воспалителни состојби како на пример синдормот на иритација на цревата.

Намалување на симптомите предизвикани од сезонските алергии

Копривата исто така се често се користи за третирање на сезонските алергии. Научниците сè уште не се сигурни зошто го има овој ефект. Сепак, за одговорни за ваквото дејство се сметаат својствата на копиравата кои можат да предизвикаат намалувањето на алергиско поврзаните воспалителните процеси.

Сезонските алергии се поттикнати од различни супстанции, најчесто поленот на пример. Поленот предизвикува кај одредени лица кои се сметаат за алергични, продуцирање на хистамин. Оваа компонента понатаму ги предизвикува карактеристичните симптоми на алергијата, како што се воспаленија, чешање, нафрлување по кожата итн.

Податоците од истражувањата за ефектот на копривата при ваквите состојби се различни.

Според некои, копривата може да ги запре алергиските процеси преку инхибирањето на продукцијата на хистаминот од страна на самиот организам. Но, друга студија ги негира овие укажувања. Според нејзините автори, екстрактот од коприва и плацебо пилулата делувале на ист начин и ги намалиле силните алергиски симптоми, затоа препорачуваат повеќе студии на тематиката.

Копривата може да помогне во третирањето на симптомите на зголемена простата?

Значителен дел од возрасните мажи, над 51 година, го имаат овој проблем.

Студиите на животните покажуваат дека копривата може да го превенира претворањето на тестостеронот во дихидротестостерон – помоќна форма на тестостеронот.
Запирањето на ова претворање на тестостерон во дихидротестостерон може да помогне во запирањето на растот на простата. Исто така, некои студии укажуваат на тоа дека луѓето со зголемена простата кои консумирале екстракт од коприва, имале намалени проблеми со мокрењето, без несакание ефекти.

Сепак, не постојат истражувања кои ја споредуваат ефективноста на екстрактот од копирива и конвенционалните лекови за ваквата состојба.

Копривата може да делува на намалувањето на крвниот притисок

Знаеме дека високиот крвен притисок е главен ризик фактор за повеќето кардиоваскуларни заболувања.

Копривата може да помогне при високиот крвен притисок на два начина.

Првиот начин е директен, преку стимулирањето на лачење на гасот азот оксид кој е природен вазодилататор, односно помага во релаксирањето на крвните садови.

Вториот начин е индиректен, преку антиоксидативното дејство. Антиоксидативното дејство се базира на високиот процент на антиоксиданти кои ги содржи копривата. Тие ги намалуваат хроничните воспалителни процеси, кои пак се значаен ризик фактор за кардиоваскуларни заболувања, меѓу кои и хипертензијата.

Сепак, за целосна потврда на ваквите дејства, потребни се повеќе испитувања на луѓе.

Можат ли копривите да помогнат во регулирањето на шеќерот во крвта?

Иако повеќето студии на оваа тема се лимитирани на животни, сепак важно е да се каже дека тие покажуваат одредени податоци кои велат дека копривата може да помогне во регулирањето на шеќерот во крвта.

Факт е дека во копривата постои супстанца која на некој начин ,,го имитира” дејството на инсулинот.

Повеќе студии укажуваа дејство на намалување на шеќерот во крвта при консумирање на копривата. Едно истражување, спроведено на 46 луѓе кои земале по 500mg екстракт од коприва, три пати на ден, покажало интересни резултати. Имено, кај испитаниците било забележано значително намалено ниво на шеќер во крвта, во споредба со контролната група која земала плацебо таблети.

Други потенцијални бенефити од копривата:

• може да го намали крварењето: медикаментите кои содржат коприви, можат да го намалат ексцесивното крварење, кое е особено присутно по некои операции.

• заштитно дејство на црниот дроб: aнтиоксидантите на копривата можат да го заштитат црниот дроб од токсините, тешките метали и воспалителните процеси.

• природен диуретик: може да му помогне на организмот да се ослободи од вишокот на соли и вода, што може привремено да го намали крвниот притисок.

• може да се применува при лекувањето на раните: повеќе научни студии сугерираат дека кремите на база на коприви можат да го забрзаат лекувањето на отворените рани.

Како да ја употребувата копривата?

Според Американската фондација за артритис, копривата е добро да се консумира како чај, екстракт или како крема.

Секако, таа може да се употребува во исхраната, како чорба, сос за тестеинини, рижото, салата(откако ќе биде претходно обарена), во пити, во турлитава со зеленчук итн ,

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор