fbpx

Ново истражување: инфекција со корона вирусот и здравата храна!

tonus

Иако имаше различни предвидувања, пандемијата сепак се чини дека не запира и дека сме далеку од живеењето во „нормала“. Нашето секојдневие засекогаш се смени, а со тоа и нашите навики и обврски. Сепак, во некој поглед, пандемијата ни даде повеќе време, особено време кое можеме да го посветиме на себе и да се обидеме да започнеме малку поинаков и поздрав начин на живеење.

Можеби еден од најочигледните, но најдобри начини да започнеме со тоа, е да усвоиме подобри и поздрави навики за исхрана. Здравата и балансирана исхрана е можеби најважната здрава навика која може да ја усвоиме и е клучна и навистина незаменлива кога станува збор за нашето здравје. Но, што ако здравата исхрана може да делува врз ризикот и сериозноста на заразата со коронавирусот? Токму ваква поврзаност е откриена од страна на научници во САД и резултатите се објавени од страна на универзитетот Харвард.

 

Истражување – исхраната може да влијае врз ризикот и сериозноста од КОВИД-19

 

"“Online”/

Во претходни истражувања беше покажана врската меѓу здравствените состојби како дијабет тип 2 и прекумерна телесна тежина со зголемениот ризик и опасност од КОВИД-19. Ваквите здравствени состојби се поврзани со зголемен ризик за инфекција, но и поголеми шанси за појава на посериозни симптоми и компликации кај пациентите. Имено, ова истражување покажува дека доколку имало 10% помал број на случаи со состојби како прекумерна тежиа и дијабет, ќе имало приближно 11% пад и во бројот на хоспитализации поради вирусот.

Исто така, ова неодамнешно истражување за кое ќе говориме денес, покажало дека луѓето чии навики за исхрана биле базирани на здрави, претежно растителни намирници, имале намален ризик од инфекција, но и намален ризик од компликации. Ваквите бенефити кои ги носи здравата исхрана биле особено важни и корисни кај лицата кои живеат во области со помал социо-економски развој.

 

За самото истражување, научниците искористиле информации за 592,571 испитаници кои биле внесени преку телефон во одредена апликација. Испитаниците биле од САД и од Обединетото Кралство и биле испитувани нивните резултати од март 2020 до декември истата година. На почетокот од студијата, учесниците пополниле прашалник во кој ги истакнале своите навики за јадење пред почетокот на пандемијата. Нивниот квалитет на исхрана бил најмногу проценет и базиран на употребата на растителни продукти, првенствено овошје и зеленчук.

 

Резултати од испитувањето

 

Во времетраењето на студијата, 31,831 испитаник имале Ковид-19. Кога биле споредени испитаниците со најслаби оценки за нивниот начин на исхрана и оние со најдобрите оценки, резултатите покажале дека оние со подобри оценки имале 9% помалку шанси за развивање на Ковид-19 и 41% помал ризик за појава на сериозни симптоми и компликации. Ваквите резултати биле конзистентни и преку други анализи кои се засновале на некои други здравит навики.

Носењето на маска, избегнувањето на потенцијално ризични ситуации (затворени простории со многу луѓе и сл.) и одржување на дистанца се секако клучните алатки за заштита од инфекција. Но, при евентуална инфекција, истражувањата покажуваат и всушност, охрабруваат луѓето да внимаваат на својата исхрана и да и посветат малку повеќе внимание.

Ваквите истражувања се всушност корисна алатка како за државите, така и за самите граѓани да ги разберат ефектите и важноста на правилната, балансирана исхрана.

 

Важноста на витамините

 

Истражувањето ги издвојува минералите, витамините (првенствено А, Б6, Б12, Ц, Д, Б9 и Е), аминокиселините, долговерижните омега-3 масни киселини, како и биоактивните фитохемикалии како на пример полифенолите, како клучни елементи за правилна и оптимална функција на имуниот систем и создавањето на цитокини. Ваквиот ефект на овие нутриенти и соединенија најверојатно е заслужен и ја објаснува корелацијата меѓу здравата исхрана и подобрата клиничка слика при евентуална инфекција со Ковид-19.

Токму поради овие набројани нутриенти, научниците најмногу се задржиле на исхраната од растително потекло. Зеленчукот, овошјето, семињата, јатките, мешунките, маслата и бројни други растителни намирници може да ни ги обезбедат сите претходно споменати нутриенти, а со тоа значително да го зајакнат и подобрат нашето здравје и имун систем.

 

 

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор