fbpx

КОРОНА – експерименталните лекови даваат надеж!

tonus

 

Научниците од областа на медицината веќе макотрпно работат на создавање на лек и вакцина против новиот корона вирус. Сите испитувања се сè уште во експериментална фаза. Ефикасноста во борбата против новиот корона вирус која во моментов некои лекови ја покажуваат во експерименталната фаза, дава надеж дека во догледен период ќе дојдеме до лек со кој ќе може успешно да се третира овој вирус.

Исто така, важно е лекот кој ќе се потврди како ефикасен, потоа да може масовно да се произведува и да биде полесно достапен. Единствено така би се спречил понатамошниот развој, односно би се ставила под контрола оваа заразна болест, која во моментов има пандемски размери.

Favilavir

Последните информации кои ги добиваме од светските медиуми се дека една фармацевтска компанија добила одобрение за пробни клинички тестови на лекот наречен Favilavir, на пациентите инфицирани сo Covid-19 или новиот корона вирус.

"“Online”/

Националната агенција за лекови на Кина одобрението го издала заради исполнувањето на условите компанијата да ја произведе почетната верзија од овој лек, но од агенцијата нагласуваат дека се потребни понатамошни фармаколошки и клиничко-фармаколошки испитувања. Тие се неопходни за лекот да се прогласи за ефикасен во борбата со новиот вирус. Тој процес зема доста време, но надежите на светската јавност се дека поради огромното внимание кое го има новиот вирус, во светски рамки (веќе е прогласена пандемија од СЗО), ќе се направат напори тоа да биде што е можно во побрз рок.

Favilavir е одобрен за промет во третманот на инфлуенцата и е еден од неколкуте лекови кои покажуваат ефикасност против инфекцијата со корона вирус кај човекот.

Според кинескиот национален центар за биотехнологија, Favilavir-от покажал охрабрувачки резултати и само слаби несакани ефекти кај заразените пациенти со корона вирус, во пробните испитувања кои се правени во Шенџен, во провинцијата Гуангдонг.

Останатите лекови кои покажуваат некаква ефикасност се: лекот против маларија хлорохин (chloroquine) и лекот кој исто така е во експериментална фаза – ремдесивир (remdesivir).

Chloroquine

Со хлорохинот, веќе постоечки лек, се прават обиди да се помогне на повеќе од 100 пациенти, во повеќе од 10 болници во Пекинг и Гуангдонг провинцијата. Исто така, во тек се медицински студии кои се поврзани со овој лек и корона вирусот, а се планираат и нови.

Remdesivir

Во меѓувреме, американската биотехнолошка компанија Gilead објави дека врши пробни испитувања со ремдесивирот, во над 10 медицински установи во Вухан, градот кој е епицентар на ширењето на заразата. Резултатите од овие испитувања се очекуваат следниот месец. Компанијата Gilead соопшти дека веќе го забрзала производството на лекот ремдесивир, со цел да се зголемат залихите колку што е можно повеќе и побрзо.

Откако почна да се шири овој нов вирус, повеќе од 300 лекови биле пробно тестирани, а биле употребувани и многу експериментални терапии, заради отсуството на потврден лек за корона вирусот.

Многу експерти полагаат надежи во ремдесивирот и го сметаат за ,,кандидат за лек за CoViD-19″ кој најмногу ветува. Претходно, овој лек бил синтетизиран за лекување на еболата и е еден од малкуте лекови кои помогнале кај пациентите во терминална фаза од оваа болест.

Додека сите се во исчекување на резултатите од испитувањата со ремдесивирот, докторите во Кина, Италија и САД веќе го употребуваат во помал обем за третман на пациентите со тешки симптоматолошки облици на инфекции со CoViD-19, на доброволна база.

Eден 35 годишен пациент од САД кој бил третиран со лекот, веќе е излекуван. Но, клучно е да се направат повеќе истражувања, со поголем број на примероци, односно поголем број пациенти со што ќе се утврди дали лекот делува на намалување на тешките симптоми кои се предизвикани од вирусот, односно најважно, дали ја намалува смртноста. По ова ќе дознаеме дали 35 годишниот пациент се излекувал со помош на овој лек или исклучиво како резултат на сопствениот имун систем.

Ремдесивирот делува на начин што ја напаѓа способноста на вирусот да се размножува. Тоа го покажуваат студиите кои се правени на животни заразени со смртоносните корона вируси SARS и MERS. Лекот покажувал позитивно дејство, особено кога бил дозиран непосредно по покажувањето на првите симптоми.

Исто така, ремдесивирот покажал ветувачки резултати во третманот на повеќе вируси од семејството корона, вклучувајќи ги оние кои предизвикуваат типично познати настинки и други инфекции кај лилјаците и свињите (како најблиски цицачи до човекот).
Фактот што процесите на репликација, односно размножување, се слични кај сите вируси од ова семејство, дава надеж дека ремдесивирот може да делува и на новиот корона вирус (CoViD-19).

Eкспертите сметаат дека доколку се потврди позитивното дејство на лекот, ќе треба да се внимава и тој да се употребува кога во организмот имаме помала штета која е предизвикана од вирусот. Тоа би бил главниот предизвик.

Други лекови кои се потенцијален третман

Лековите кои се употребуаат за третман на хив и хепатис вирусите, исто така се испитуваат како лекови кои потенцијално би можеле да имаат некакво позитивно дејство во третирањето на корона вирусот. Експертите се скептични за функционалноста на овие лекови бидејќи тие делуваат доста специфично на вирусите, на пример Калетрата (третманот за хив вирусот) делува специфично на хив протеазата (специфичен ензим на хив вирусот).

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор