fbpx

Кои локации се најопасни жаришта за ЗАРАЗУВАЊЕ со КОРОНА вирусот?

tonus

Владите ширум светот ги олеснуваат строгите мерки, но според експертите, а и според СЗО, треба да се внимава со темпото на олеснување и однесувањето на луѓето треба да остане исто, односно крајно внимателно, со доследно почитување на секоја една од препорачаните мерки.

Професорот по биологија Ерин Бромиџ од Универзитетот во Масачусетс, САД, децидно вели дека пред целосното прекинување на мерките заради економски причини, потребно е да се најде биолошки одржливо решение.

Според него таквото решение е неопходно, бидејќи ,,отворањето” на економијата може да биде бесмислено, ако не сме до одредена граница сигурни дека ,,биолошката” ситуација нема да ескалира.

Според проф. Ерин Бромиџ, имајќи ги предвид сите овие факти во однос олеснувањето на мерките, неминовно ќе дојде до повторен нагорен тренд на кривата на заболени.

"“Online”/

Затоа, тој смета дека во моментов најкорисно е јавноста да ги следи научните податоци околу најопасните жаришта на вирусот, со цел да се информира за веројатноста од заразување на различните надворешни површини и внатрешни простори. Во продолжение, подетално околу ова.

Каде најчесто се случува заразувањето?

Од досегашните податоци, знаеме дека најголемиот број од луѓето се заразуваат во домовите.

Тоа се случува кога еден член на семејството ќе се зарази надвор од домот и потоа ќе го пренесе вирусот на еден или повеќе членови на семејството. Во домот заразувањето оди најлесно, бидејќи се работи за затворен простор во кој двата главни начини на ширење на вирусот се највозможни – директен контакт и загадени површини. Дополнително, контактите се многу долги.

Но, тука се поставува прашањето, каде во надворешната средина најчесто се одвива заразувањето со вирусот?

 

Луѓето се најзагрижени за тоа колку се безбедни маалските продавници, поголемите маркети, возењето велоспиед, трчањето, прошетките итн. Сепак, загриженоста треба да оди во друга насока, понатаму ќе видиме зошто и која е таа насока.

Првично, за да се инфицирате, потребна е изложеност на голема или инфективна доза на вирусот; според досегашните податоци за другите коронавируси, таа доза и не е така значителна, значи и помалите дози можат да бидат заразни.

Според некои експерти инфективната доза е 1000 вирусни SARS CoV2 единици.

Колкави количества од вирусот се ослободуваат во средината?

• Тоалет – во тоалетите постојат површини кои многу фреквентно се допираат. Затоа, ризикот од заразување во овие простори може да биде доста висок. Дополнително на тоа, сé уште немаме точни податоци, но сосема е можно вирусот да е присутен и во фецесот, па пуштањето вода може да предизвика распрскување на аеросолите во средината. Затоа, особено јавните тоалети, користете ги со посебна претпазиливост, а најдборо е да ги избегнувате.

• Кашлање и кивање – при едно кашлање се ослободуваат 3000 секретни капки, кои се движат со околу 80km/h, додека при кивањето се ослободуваат 10 пати повеќе капки, со 4 пати поголема брзина. При кивањето капките се полесни, па можат и подолго да останат во воздухот и да струјат во затворените површини подолг период. Капките од кашлањето полесно се налепуваат на површините и во нив подолго можат да останат активните вирусни единици.

• Обичен здив – при самото дишење, исто така се испуштаат неколку стотици, па некогаш и до неколку илјади секретни капки. Сепак, коронавирусот кој највеќе се наоѓа во долните дишни патишта, на овој начин тешко може да биде исфрлен во средината. Затоа, овие капки содржат значително помалку вирусни единици.

Формулата за успешната инфекција гласи = изложеност на вирусот х време

Кога заразениот ќе кивне или ќе се искашла, околу 200 милиони вирусни единици се распрскуваат насекаде. Некои од нив завршуваат во водухот, некои на одредени површини, а најголемиот дел паѓаат на подот. Значи, ако имаме разговор со некого, лице в лице и тој кивне или се искашла директно во нас, лесно е да претпоставиме како е можно да се внесе инфективно количество на вирус, односно 1000 единици.

Но, дури и ако кивањето не е директно насочено кон нас, одредени инфективни секретни капки(дури и најмалите можни), можат да се задржат во воздхот и до неколку минути ширејќи се и до најодалечените зони од затворената просторија. Сé што треба да се случи за да се инфицирате е да влезете во ваква просторија, односно во која некој кивнал пред неколку минути и да земете воздух неколку пати.

Преку вообичаеното дишење, се емитуваат околу 20 вирусни единици во минута, што значи потребни се 50 минути за заразеното лице да ослободи 1000 единици вирус или инфективна доза. На тој начин, теоретски е потребно најмалку 50 минути престојување во просторија со заразен човек, за да се пренесе вирусот. Но, под услов секоја вирусна единица да ја вдишиме и да дојде до белите дробови, што е невозможно, значи потребно е доста подолго време.

Зборувањето го зголемува бројот на емитираните респираторни секретни капки за околу 10 пати, значи теоретски, потребни се најмалку 5 минути за заразна доза при разговорот лице в лице.

И при двата случаи заклучокот е теоретски, затоа што не се зема во предвид струењето на воздухот. Но, може да се изведе заклучок дека продолжениот контакт е ризичен и во надворешна средина(каде струењето е посилно).

Изложеноста на вирусот х времето е формулата која треба да биде база за следењето на контактите со вирусот.

Секој поединец кој имал макар еден разговор со било кого, разговор што траел над 10 минути, особено во затворена просторија, е потенцијален заразен. Секој кој поминува подолг период(на пример работното време) во затворена просторија, со повеќе луѓе е потенцијално заразен. Заради овие причини е многу важно секој еден да остане дома колку што е можно повеќе, бидејќи огромниот дел од заразените се асимптоматски или не покажуваат никакви симптоми. Само едно кивање или кашлање во дадена затворена просторија може биде инфективно за сите присутни.

Улогата на асимптоматските случаи во ширењето на коронавирусот

Познат е податокот дека над 44% од инфицираните се асимптоматски. Се смета дека тие се и најчестите пренесувачи на вирусот, бидејќи ни самите не се свесни дека се носители, па помалку внимаваат. Да биде ситуацијата уште полоша, асимптоматско ширење на вирусот е можно и кај оние кои се во период на инкубација, односно подоцна и самите ќе пројават симптоми.

Луѓето кои потенцијално можат да заразат други, според досегашните податоци можат да бидат од било која возрасна група, а од возрасната група не зависи ниту количината на вирусот која се емитира во средината. Количината се менува со текот на болеста, односно опаѓа. Најголема е непосредно пред пројавувањето на симптомите и при самите симптоми, а зависи од заразен до заразен.

Интересно е што според податоците, само 20% од заразените се одговорни за дури 99% од емитуваните вирусни единици во средината.

Според досега споменатите информации, кои се најризични објекти кои веројатно би можеле да бидат жаришта на вирусот при целосното олабавување на мерките?

Секоја затворена просторија, со лоша циркулација на воздухот и голема густина од луѓе е од особен ризик.

Најризични настани и места или т.н. супер-ширачи на коронавирусот се:

Месна индустрија – природата на работата при процесирањето на месото има потреба од комуникација на густо поставени работници. Според досегашните податоци, дури 115 вакви фабрики биле жаришта на коронавирусот, во над 20 земји од САД. Заразени биле преку 5000 работници, а од нив 20 починале.

◦ Свадби, погреби, родендени, слави – 10% од вкупниот број на жаришта. Еден вистински пример од САД е одличен за илустрација на опасноста од ваквите настани. Едно момче од Чикаго било инфицирано, но не знаело, значи било асимптоматски преносител. Тој едно утро бил на погреб кај пријатели и се прегрнал со неколкумина за да искаже сочувство. Вечерта бил на роденденска забава со уште деветмина. Забавата траела 3 часа. Еден од оние со кои се пргранал на погребот бил инфициран, а дури 7мина од учесниците на забавата, исто така биле заразени. Тројца од заразените на роденденот, потоа отишле во црква, бидејќи биле дел од црквен хор. Поголемиот дел од хорот бил исто така заразен. Епидемиолошката слика покажала дека момчето несвесно заразило 16 лица, од кои 3 за жал починале.

◦ Ресторани – ручеците и вечерите можат да траат и неколку часови, што значи изложеноста е доста висока. Правени се истражувања во кои е утврдено дека дури 75% од околината(соседните маси и масата на која бил заразениот) на асимптоматскиот заразувач била заразена со коронавирусот.

◦ Т.н. кол- центри и други канцелариски простори во кои интензизвно се зборува, а и лицата седат збиени, еден покрај друг – според епидемиолошката слика од еден кол-центар во САД, од 216 вработени, заразениот ,,успеал” да зарази дури 94 колеги за само една недела. Ова уште еднаш ги потврдува фактите од погоре, односно дека делењето на една иста просторија, повеќе часови во денот, може да биде од огромен ризик.

◦ Спортови во сала

Кој е заклучокот?

Скоро секој еден од претходно споменатите случаи на ширење на вирусот бил при некакви социјални собири во затворени простории, каде луѓето комуницирале меѓу себе, дишеле, зборувале или пееле, неколку часа или во поголемиот дел од денот(работно место).

Дури 90% од жариштата на вирусот се случуваат при вакви настани или во затворени простории – јавен транспорт, работно место, дом, ресторани итн. Значи, затворени простории, со лоша циркулација на воздухот и голема густина на луѓе на мал простор.

Плус на тоа, подолг период на изложеност. Социјалното дистанцирање во затворени објекти не е од корист, бидејќи со текот на времето, возухот од едниот крај на просторијата каде што е заразениот, може да дојде до сосем спротивниот крај.

Интересно, но во овие 90% не влегуваат и пазарувањата во маркетите, иако и тие се затворени простории. Причината за тоа е веројатно претпазливоста на луѓето и временски пократкиот контакт, потоа големината на просторот и добрата вентилација, рестрикцијата на бројот на присутни луѓе, дистанцата, маските(почесто се носат и се покорисни отколку во канцелариски простор на пример). Сепак, за вработените во моловите ризикот е поголем, пред сé, поради поголемата потенцијална изложеност на вирусот.

Земјите кои највнимателно го следат патот на ширењето на вирусот, утврдиле дека само 0,3% од ширењата се одвивале во некакви надворешни средини. Тоа е случај поради корисноста на социјалната дистанца, подобрата влажноста на воздухот, струите на воздухот кои ги разредуваат вирусните единици и на крајот сончевите UV зраци кои делуваат на ДНК на вирусот.

Затоа, немојте да се плашите од краткиот контак при поминувањето со непознатите луѓе, бидејќи покрај тоа што е можно да носат маска, тука е струењето на воздухот, а дополнително, како што објаснивме погоре, без кивање и кашлање, потребен е контакт од најмалку 5 минути! Истото важи и за возењето точак и џогирањето, иако при спортување е можно поголемо излачување на секретни капки, сепак времето на изложеност е важно.

И на крајот, немојте да ги заборавате површините. Секретните капки мораат да завршат на некакви површини. Затоа е многу важно почесто да се мијат рацете и да не се допира лицето. Никоаш не можете да знаете дека одредена површина е целосно безбедна!

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор