fbpx

Создаден ИМУНИТЕТ против коронавирус – Вакцинација vs Прележување

tonus

Пандемијата со коронавирусот веќе се ближи до својот втор ,,роденден”. И покрај ова, веќе не толку новиот вирус, во голема мера сè уште останува енигма. За жал, процентот на лица што го поминале или во моментот се заразени со коронавирусот е во постојат поинтензивен или поблаг раст.

Ваквата состојба несомнено ја наметнува потребата од повеќе информации за самиот тек на болеста, но и за сите останати аспекти, како на пример: Колку секој од нас е подложен на инфекцијата?; Колку време трае и од кој обем ни е имунитетот од коронавирусот по прележувањето?; Колку време трае и од кој обем ни е имунитетот од коронавирусот по вакцинацијата со една или друга вакцина?

[Поврзано: Како ИМУНИТЕТОТ е поврзан со животниот стил?]

"“Online”/

Во продолжение, повеќе на овие теми.

Многубројни фактори се во игра

Интензитетот и траењето на заштитата (развиениот имунитет) од Ковид-19 се во зависност од повеќе фактори, како: возраста, дали и пред колку време веќе сте ја прележале болеста и со каква клиничка слика, вашиот вакцинален статус, вашето медицинско досие и тн. Имуниот одговор исто така е во директна зависност од самите еволутивни промени кои постојано се случуваат во вирусот, впрочем како и во сите организми, особено едноклеточните (побргу се размножуваат).

Едно поново истражување на познатиот и респектиран американски CDC, ни презентира интересни и доверливи информации кои го споредуваат имуниот одговор што го развиваме по прележување на вирусот, наспроти имуниот одговор по вакцинацијата. Во продолжение што ни откриваат од CDC.

[Поврзано: 17 распространети заблуди за Ковид-19]

 

Времетраење на имунитетот

Американските истражувачи велат дека по опоравување од короната или по комплетната вакцинација (со прва и втора доза), голема е веројатноста да сте одлично заштитени од инфекција со коронавирус најмалку во наредните 6 месеци. Токму поради овие причини, т.н. трета ,,бустер” доза се препорачува 6 месеци по примените 2 дози.

Иако имунитетот што го стекнуваме со прележување на корона и со вакцинација генерално може да се смета за сосема добар и силен, сепак тој не е перфектен. Значи, инфицирањето е возможно и по вакцинацијата и по прележувањето. Сепак, важно е да се каже дека ако веќе имунитетот еднаш добро и успешно се справил со вирусот, последиците од следното инфицирање навистина не би требало да имаат некаков несакан исход, како хоспитализација.

Според податоците на CDC, лицата вакцинирани со 2 дози вакцина, имаат дури 6 пати помала веројатност од заразување со Ковид-19 во споредба со невакцинираните и дури 11 пати помала веројатност од смртен исход на болеста ако веќе ја добијат.

[Поврзано: Враќање на физичката активност ПО прележан Ковид 19. Како и колку?]

Колку е силен имунитетот по прележана инфекција Ковид-19?

Според податоците со кои располага CDC, околу 90% од луѓето што прележале корона, развиле заштитни антитела. Но, за одговор на тоа колкави се нивоата на ваквите антитела и систематизирање на таквите податоци, потребни се повеќе истражувања. Досегашните студии покажуваат дека пикот или врвот на концентрацијата на антителата може значително да варира.

[Поврзано: КРАТКО и ЈАСНО: Што треба да знаете за ТЕСТОВИТЕ за корона?]

Колкаво количество антитела ќе создадете по прележувањето ќе зависи од вашата возраст и клиничката слика или вашата општа здравствена состојбата додека сте биле инфицирани. Секако, имуниот одговор ќе биде во зависност и од одредени други болести, доколку ги имате или ако сте на некакви лекарства за супресирање на имунитетот.

[Поврзано: Кои локации се најопасни жаришта за ЗАРАЗУВАЊЕ со коронавирусот?]

Сосема очекувано, нашиот имун одговор слабее со текот на стареењето.

Ваквиот процес зема замав некаде по 60-тата година. Секако, ова не важи подеднакво за сите луѓе. Некои лица над оваа возраст дефинитивно имаат подобра здравствена состојба и од многу помлади луѓе. Тоа генерално е во зависност од животниот стил што го имаат, но и од генетските и околинските фактори.

Луѓето што имаат добар животен стил и се витални, односно постојано активни, имаат подобра имуна функција од оние што практикуваат седечки начин на живот., без разлика на годините.

Генерално гледано, колку повеќе години имате, толку е помала веројатноста да развиете солиден иммунитет по инфицирањето или вакцинацијата. Ова е и една од главните причини зошто повозрасните лица имаат приоритет во редот за вакцинирање и за ,,бустер дози”.

[Поврзано: ОСУМТЕ ТАЈНИ на луѓето што живеат НАД 100 годин!]

Покрај возраста, колкава заштита од Ковид-19 ќе развиете, зависи и од клиничката слика што сте ја имале при првото заразување. Неколку студии јасно укажуваат дека нивото на имуни клетки во крвта расте побрзо и побргу достигнува пик по потешките инфекции.

Генерално гледано, оние што развиле некакви симптоми на заразата, макар и да се лекувале само дома, се подобро заштитени од оние асимптоматските. Тие пак што се лекувале во болнички услови, се значително подобро заштитени на подолг рок, од лицата што имале поблаги симптоми, иако овие пациенти можат да страдаат уште доста долого по хоспитализацијата од самите последици што потенцијално може да ги остави короната.

Спроед CDC, заштитата по инфекцијата изгледа сосема споредливо со заштитата што ја добиваат луѓето после вакцинацијата, барем во одреден временски интервал.

Шест поголеми истражувања се занимавале токму со оваа проблематика. Тие утврдуваат дека 6 до 9 месеци по опоравувањето, лицата имаат дури до 93% помала веројатност да фатат корона, во споредба со останатите луѓе. Почестите ,,реинфекции” во минатото, научниците ги објаснуваат со послабиот капацитет и квалитет на тестирања.

[Поврзано: Што ако домашен е заболен со корона?]

 

Споредба помеѓу заштитата по инфекција со заштитата по вакцинација


Важно е да се знае дека заштитата од корона или имунитетот не се стекнува веднаш по примањето вакцина. За негово развивање потребни се барем 2 недели. Така истражувањата утврдуваат стапка на ефикасност или на заштита на вакцините од 70-90% (во зависност од производителот), две недели по комплетирањето на двојната доза.

Вакцинацијата создава голем број на неутрализирачки антитела – Y – протеини, односно специјализирани имуни клетки кои се врзуваат или ,,напаѓаат” одредени специфични позиции на вирусот и ги неутрализираат. На тој начин вирусот ја губи можноста да се мултиплицира или размножува со помош на нашите клетки – домаќини.

Сè уште не можеме со прецизност да кажеме колку долго вакцините соодветно нè заштитуваат. Како и да е, според достапните податоци имунитетот против симптоматски инфекции ,,бледнее” со текот на времето, односно со падот на бројноста на антителата. Но, можеби она што ни е најважно, заштитата на вакцините во однос на хоспитализацијата и смртниот исход во крајна линија, останува на особено високо ниво, дури и без т.н. трета ,,бустер” доза.

 

Дали антителата по инфекцијата се разликуваат од оние по вакцинирањето?

Истражувачите утврдуваат дека вакви разлики постојат, но не можат да кажат на што се должат. Според нив, суштината на разликата е повеќе во квалитетот, отколку во квантитетот.

Самото вакцинирање создава многу посилен пик на антитела во однос на она што се случува по ,,природното” прележувањето на вирусот. Сепак, ваквите антитела се силно специфични, односно се специјализирани да ,,препознаат” само одредени делови на вирусот – делови за кои се дизајнирани да ги таргетираат. На пример mRNA вакцините се дизајнирани да го таргетираат т.н. спајк протеин или ,,рогчињата” на коронавирусот.

Во текот на самат инфекција, организмот мора да научи да ги препознае и неутрализира повеќето делови на вирусот, а не само одредени. Овие задачи се извршуваат од имуни клетки наречени мемориски Б клетки или ќелии.

Б клетките создаваат плазма клетки кои понатаму создаваат антитела – специјализирани за таргетирање на различни делови на вирусот. Иако бројноста на овие антитела опаѓа со текот на времето, со изумирањето на плазма клетките, мемориските Б клетки преживуваат на подолги периоди. Според одредени анимални истражувања, Б клетките веројатно живеат исто толку долго колку и самиот организам. Мемориските Б клетки по вакцинирањето за мали сипаници на пример, можат да живеат во лимфните јазли и коскената срцевина речиси 60 години, активирајќи се по инвазија на дадениот патоген.

Мемориските клетки ,,тренирани” од вистинска вирусна инфекција со текот на времето можат дури и да станат поефикасни. Тоа би значело продуцирање антитела што се поквалитетни, па дури и онакви што ќе обезбедат заштита од понатамошните мутации на вирусот.

Сепак, според експертите не е воопшто паметно да ,,чекаме природна” инфекција во надеж дека ќе добиеме ваква (квалитетна) заштита или антитела

И покрај тоа што самата инфекција најверојатно ќе ви создаде посилен имунитет или заштита од вирусот, сепак таа во значителен број случаи може да создаде трајни последици по здравјето, па дури да води и кон силни компликации со летален исход.

Која е предноста пак на имуниот одговор по вакцинирањето? Според експертите, комплексноста на имуниот одговор за време на природната инфекција, создава доста дистракции поради сите тие вирусни протеини што телото треба да ги ,,обработи”. Додека вакцината од друга страна, ја поедноставува работата на имунитетот. Создава само еден вирусен протеин на кој имуниот систем може да се фокусира и да се заштити соодветно.

Вакцинирањето ја зголемува сигурноста дека телото ќе реагира побрзо ако веќе дојдеме во контакт со вистински вирусни клетки.

[Поврзано: НОВО ИСТРАЖУВАЊЕ: Инфекција со коронавирусот и здравата храна!]

 

Што ако веќе сте прележале, а потоа се вакцинирате?

Во овој случај станува збор за т.н. хибриден имунитет, што е веројатно најдобрата опција.

Овие лица го имаат и силниот пик на антитела од вакцинацијата и ,,длабокиот” имунитет создаден од инфекцијата. Според истражувањата, оние што примиле една доза вакцина (фајзер), а претходно прележале коронавирус, имаат бројност на антитела како кај луѓето со примени две вакцини. По примањето втора доза, просечните нивоа на антитела во најмала рака се дуплирани во однос на оние што се вакцинирани, но претходно не го поминале вирусот.

Она што е важно да се каже е дека постојат податоци што ни укажуваат дека вакцината придонесува и за подобра заштита кај веќе прележаните лица. Според едно истражување на CDC, луѓето што имале Ковид-19 во 2020 и не се вакцинирале во 2021, имале двојно поголем ризик за реинфекција во мај и јуни годинава, во споредба со оние што прележале, а потоа и се вакцинирале.

 

Кое ниво на антитела може да се смета за сосема ефикасно во заштитата од реинфекција?

Експертите не се сосема сигурни за нивото на антитела (па и за тоа кој тип е најважен) што треба да го имаме за да се сметаме за заштитени. Затоа и постоечките тестови за антитела не би можеле да ни кажат со голема сигурност колку сме заштитени. Постојат многу различни типови на тестови и различни скали според коишто тие се мерат.

Но, како што и претходно споменавме, вакцинацијата води кон поголем пик на антитела во однос на самата природна инфекција.

 

Извор:

SARS-CoV-2 Infection-induced and Vaccine-induced Immunity, CDC, 29.10.2021

 

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор