fbpx

ЛОШИ СОНИШТА – Што ги создава и КАКО можеме да си помогнеме?

tonus

Од древни времиња луѓето се опседнати со соништата и нивните ,,скриени” значења. Вообичаено соновите се возбудливи или среќни или барем не ни создаваат силно чувство на непријатност.

 

За жал, некои луѓе буквално страдаат од проблеми со спиењето поради лошите соништа кои неретко постојано и постојано се повторуваат. Кошмарите не влијаат негативно само во однос на нарушениот сон, туку и воопшто, врз квалитетот на животот.

 

Во повеќе од претходните статии сме зборувале за различни аспекти од т.н. хигиена на сон, денес повеќе околу лошите сонови, нивната генеза и повеќе начини како би можеле да се ослободиме од нив.

"“Online”/

[Поврзано: Како да го подобрите сонот?]

 

Фази на сонот

 

Кога спиеме, нашето тело минува низ повеќе различни фази,  класифицирани како РЕМ и не-РЕМ. Тие се одвиваат во циклуси, што се повторуваат од 3-4 пати во текот на ноќта.

 

Не-РЕМ сонот почнува прв и е поделен во 3 делови (N1, N2 и N3):

 

  • N1 е многу краток, вообичаено трае 10 минути. Се случува веднаш по заспивањето и се карактеризира со лесен сон, односно можно е лесно будење.

 

  • Во текот на N2 делот, мускулите се релаксираат и започнуваат посуптилни активности на мозокот. Трае од половина до еден час.
  • Последниот дел од не-РЕМ фазата се нарекува N3 и се одвива од 20-40 минути. Станува збор за период на подлабок сон, во кој мозокот има интензивирани делта бранови, а можни се и одредени придвижувања на телото. Делта брановите се најспориот облик на мозочна активност и се поврзани со релаксирачкиот сон.

 

[Поврзано: Како една кратка ДРЕМКА може да ве ,,рестратира”?]

 

По првата фаза, следува втората фаза на сон наречена РЕМ. Се работи за подлабок сон. Во текот на оваа фаза, се случува брзото движење на очите, а дишењето станува нерамномерно.

 

[Поврзано: Немирни нозе додека спиете? Што треба да знаете и што можете да превземете самите?]

Што претставуваат кошмарите?

 

Лошите соништа, уште наречени и кошмари, се дефинираат како сонови што поттикнуваат негативни емоции и стрес. Иако се почести кај децата, честопати и возрасните страдаат од нивните негативни ефекти. Според експертите на темата, поголемиот дел од соновите се одвиваат во споменатата РЕМ фаза, вклучително и кошмарите.

 

Што ги предизвикува лошите сонови?

 

Кошмарите не секогаш се поттикнати од исти причини. Постојат многу различни фактори што можат да доведат до лоши и страшни соништа, вклучително:

 

  • Стрес и анксиозност

Хроничниот стрес од нашето секојдневие, како проблемите на работа, можат да поттикнат лоши соништа. Истото важи и за различни акутни стресни ситуации, како губење на блиски личности, раскинување долги врски и слично.

 

[Поврзано: Депресијата не е обична тага]

 

  • Страшни филмови, книги и слична содржина

Постојат добри причини зошто родителите им забрануваат на децата да гледаат страшни филмови пред спиењето. Страшните содржини имаат силен потенцијал да поттикнат кошмари.

 

  • Нарушена хигиена на сон

Според експертите на тема сон, несоницата и одредени други нарушувања на сонот, го зголемуваат ризикот од појава на страшни соништа.

 

[Поврзано: НЕСОНИЦА – едноставни совети за подобар сон]

 

  • Одредени лекови

    Антидепресивите, бета-блокерите, лековите наменети за третирање на висок притисок, како и оние за Паркинсонова болест, се познати поттикнувачи на кошмари.

    [Поврзано: Уште една причина за КАФЕ – превенција од Паркинсонова болест]

  • Алкохол и дроги

    Експертите предупредуваат дека прекумерната употреба и непријатните симпоми по откажувањето од алкохолот/рекреативните дроги, значително го зголемува ризикот од појава на кошмари во текот на ноќта.

 

[Поврзано: Животни навики – Алкохол]

  • Психолошки нарушувања

    Одредени ментални нарушувања, како депресивно растројство или шизофренија, можат да бидат потенцијални причинители на честите кошмари.

    [Поврзано: Што претставува ментална благосостојба и колку е важно да се одржува?]

  • Трауматски искуства

    Лицата што живеат со пост-трауматски растројства (ПТСД) се исто така во голема мера се склони да имаат лоши соништа.

Има ли начин да се спречат лошите соништа?

 

Постојат и добри вести: постојат активности што можете да ги преземете за превенирање на појавата или понатамошната појава на кошмарите.

Според познатата Mayo Clinic, советите во продолжение можат да помогнат со кошмарите и кај повозрасните и кај децата:

 

  • Воспоставете добра ,,хигиена на сон”

    Се работи за одредена смирувачка рутина која се повторува. На пример легнување секој ден во ист период од вечерта, но и практикување на релаксирачки ритуали пред спиењето. Многу повеќе околу нивниот тип и значење, прочитајте тука.

  • Зборувајте за проблемот, за конкретните соништа

    Експертите советуваат отворен разговор за проблемите што ги имате, но и за конкретните сонови со блиските лица. Ова е особено важно ако од кошмарите страдаат децата. Но, поддршка е потребна секому, не ја одбивајте.
  • Создадете си самите ,,среќна завршница” на сонот

    Експертите советуваат креирање на наша, среќна ,,верзија” од страшната завршница на сонот. Тоа може да го направиме преку разговор, но и преку запишување на споменатата верзија.
    Оваа ,,стратегија” може да биде особено успешна кај најмладите, кои се потрауматизирани после кошмарите.
  • Најдете начини за контролирање на стресот

Ако забележувате дека лошите соништа ви се поврзани со ,,насобраниот стрес” од секојдневието, тоа треба да биде уште една причина плус да барате некаков начин за контрола врз стресот. Повеќе совети за начините на кои можете полесно да го контролирате стресот, прочитајте тука.

  • Направете сè што можете за да добиете простор за спиење кој е максимално удобен

    Всушност, обезбедете си простор кој е максимално удобен, во смисла на звук, светлина и температура. Дополнително, кај децата од особена помош за поудобен сон можат да бидат различни играчки.
  • Имајте редовна физичка активност во текот на денот

  • Внимавајте на употребата на кофеин, особено навечер
  • Зборувајте со стручно медицинско лице

    Ако никако не можете да си помогнете, а веќе е поминат подолг период, не се двоумете да зборувате со стручно лице, психолог или психијатар.

 

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор