fbpx

Која храна може да го успори СТАРЕЕЊЕТО на кожата?

tonus

Здравата и балансирана исхрана е непоходна за одржување на нашето целокупно здравје. Таа исто така се смета дека има големо влијание врз здравјето и изгледот на нашата кожа. Кожата инаку може да биде одличен индикатор за потребите на нашиот организам. Нејзиното здравје го рефлектира и нашето здравје и здравиот начин на живеење.

Кога станува збор за стареењето на кожата, тоа е збир од повеќе фактори, но еден значаен дел секако се поврзува и со храната која ја внесуваме. Сепак, таа е извор на сите потребни нутриенти, па така во продолжение ќе погледнеме и продискутираме кои намирници особено може да имаат позитивно влијание на здравјето на кожата и може да ја заштитат од предвремено стареење.

 

Кожата – најголемиот орган со заштитна улога

 

Кожата се смета за најголемиот орган. Таа постојано се обновува и се заменува со нови слоеви,а за нивно создавање се потребни витамини и нутриенти кои ги внесуваме со исхраната. Таа е често одраз на нашата исхрана, начин на живот, умор, стрес и здравје.

"“Online”/

Нејзината улога е да нè заштитува од надворешните влијанија и нè штити од бактерии, вируси, хемиски соединенија, загадување и сл. Таа исто така ја регулира телесната температура, помага во одржување на балансот на течности во телото, служи како сетило, индикатор за болка и сл.

Врз нејзиното здравје може да се препишат многу влијанија, но главните се: генетиката, возраста, хормоните, заболувања и ова се фактори за кои се смета дека не можеме многу да ги контролираме.

 

Но, постојат низа фактори кои се под наша контрола:

  • Исхрана
  • Пиење доволно вода
  • Заштита од сонце (од УВ зрачења)
  • Квалитетен сон
  • Стрес
  • Физичка активност
  • Пушење цигари и консумирање на алкохол

 

Исхраната и нејзиното влијание врз здравјето на кожата

 

Храната го снабдува нашиот организам со сите потребни нутриенти за негова правилна функција и оптимално здравје. Кожата не е исклучок, па така нејзиниот изглед и здравје директно зависи од состојките и нутриентите со кои ја „храниме“. Речиси сите нутриенти и соединенија кои ги внесуваме преку исхраната имаат некаква улога во одржувањето на функцијата на кожата како заштитна бариера. Водата, макронутриентите (протеини, липиди и јаглехидрати), микронутриентите (витамините – Ц, А, Б, Д, Е ; минералите – селен, бакар, цинк, железо) се соединенија кои имаат разни фукнции и даваат различни бенефити за нашата кожа.

Колку што може здравата храна да помогне кон подобра кожа, толку може и лошата исхрана да и наштети. Па затоа во прилог ги издвојуваме дел од намирниците кои содржат нутриенти што навистина може да допринесат кон поздрава и помлада кожа.

 

Дел од најдобрите намирници за поздрава и помлада кожа

 

1 . Пиперки

Овој зеленчук е добро познат и можеби еден од најчесто користените на нашите простори. Сите сме свесни за неговата нутритивност, но дали знаеме дека истиот е особено корисен и за нашата кожа? Пиперките се богати со витаминот Ц, но и со низа на други антиоксиданти. Витаминот Ц допринесува кон подобро и зголемено создавање на колагенот – протеин кој е главна градбена единка на кожата. Дополнително, црвените пиперки се богати со каротеноиди – растителни пигменти кои ја даваат црвената, жолтата и портокаловата боја на растенијата. Тие се смета дека имаат антиоксидативно и антивоспалително дејство и може да ја заштитат кожата од сончевото зрачење, загадувањето и влијанијата од средината.

 

2 . Боровинки

Боровинките се богати со витамините А и Ц, но и со тип на антиоксиданти наречени антоцијани. Тие, како каротеноидите кај пиперките, се заслужни за темно сината, виолетова боја на боровинките. Антоцијаните се силни антиоксиданти, односно ја штитат кожата од штетното дејство на слободните радикали. Имено, слободните радикали се соединенија кои имаат штетно дејство врз нашите клетки и се секогаш присутни во телото. Одредени фактори од средината – сончевото зрачење или загадувањето може да го зголемат бројот на ваквите соединенија. Антиоксидантите се врзуваат за овие соединенија и ги неутрализираат, на тој начин заштитувајќи ги нашите клетки и ткива.

 

3 . Брокула

Понекогаш клафисифицирана и како најздравиот зеленчук, брокулата е супер храна која е богата со витаминот Ц и К, содржи разни антиоксиданти, но е богата и со влакна и бројни минерали. Ваквата комбинација од нутриенти ја прави брокулата исклучително нутритивна, а со тоа и здрава за нашата кожа. Интересно е што при термичка обработка на брокулата, ваквите нутриенти стануваат уште подостапни за телото.

 

4 . Спанаќ

Спанаќот е богат со антиоксиданти, со минералите магнезиум и железо, како и со витамините А, Ц, Е и К. Поради високата содржина на витамин Ц, спанаќот може да допринесе кон подобро создавање на колагенот, но и да ја штити кожата од штетни влијанија, како што се УВ зраците. Витаминот А допринесува за посилна и посјајна коса, додека витаминот К има антивоспалително дејство.

 

5 . Јаткасти плодови

Јаткастите плодови (особено бадемите) се одличен извор на витаминот Е, кој помага при обновувањето на кожата, ја задржува влагата во неа и ја заштитува од УВ зрачењата. Оревите пак, содржат омега-3 масни киселини кои имаат антивоспалително дејство и ги зајакнуваат мембраните на клетките. Тие исто така помагаат при одржувањето на природната липидна бариера на кожата.

 

6 . Калинка

Калинката е овошје кое изобилува со витаминот Ц, но и со други антиоксиданти. Тоа и дава силно антиоксидативно дејство во организмот, а ова особено може позитивно да влијае врз заштита на кожата од предвремено стареење. Таа исто така содржи и соединенија наречени пуникалагини, што може да го успорат губитокот на колаген во кожата, а со тоа да ја одржат кожата млада и цврста.

 

7 . Прокељ

Овој зеленчук е одличен извор на витамините Б9, А и Ц. Прокељот е навистина нутритивен и може да се употреби во низа на рецепти. Доколку не ви е вкусен кога е варен, обидете се да го искомбинирате со останати зеленчуци или пак подгответе го динстан на сосем малку маслиново масло. Оди одлично во комбинација со други зеленчуци како карфиол, брокула, компир и сл.

 

Покрај овие намирници, постојат уште многу кои се богати со витамини, минерали и антиоксиданти кои може да го успорат стареењето на кожата. Дел од нив се:

  • Моркови
  • Тиква
  • Лосос
  • Темно чоколадо
  • Сладок компир
  • Зелен чај
  • Цитрусни овошја
  • Мешунки

 

Храна која треба да се избегнува бидејќи може да ја зголеми инфламацијата, да го забрза стареењето и да ја направи кожата помасна:

  • Храна со големи количества додаден рафиниран шеќер
  • Алкохол
  • Прекумерен внес на млечни производи
  • Пржена, високо процесирана храна
  • Храна богата со транс и заситени масти

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор