fbpx

Кромид – здрав за срцето!

tonus

Ретко има рецепт за главно јадење во нашата кујна кој не вклучува лук или кромид. Веќе зборувавме повеќе околу бенефитите на лукот, а денес ќе се осврнеме на тоа зошто кромидот е одлична храна за нашето здравје.

Кромидот (науч. Allium Cepa) припаѓа на растенијата од родот Allium, семејството Alliaceae каде припаѓаат и лукот, празот итн. Тој е еден од најстарите култивирани зеленчуци познати на човекот (не се расипувал лесно, лесен бил за транспорт, а соодветен и за конзервирање со сушење). Најверојатно потекнува од Блискиот Исток и Азија. Од далечното минато се користи и за најразлични медицински цели, борба против настинките, гриповите и разни други заболувања.

Како што рековме, поради неговите специфични вкусови карактеристики (вкус и мирис), широка има примена во нашата кујна, како основа за рецепти, како додаток, зачин, но и во најразлични салати и крем салати. Низ маркетите може да се најде во свежа, смрзната, конзервирата и сушена форма. Во зависност од типот, може да има различен вкусов интензитет, од најостар до благ вкус. Црвениот кромид има нешто поблаг вкус, додека жолтиот (белиот) има нешто поостар.

"“Online”/

[Повеќе околу младиот кромид, прочитајте тука]

Познатото ,,плачење” кое го предизвикува кромидот е резултат на флавоноидните сулфурни компоненти кои се ослободуваат при сечењето, односно при ,,разрушувањето” на неговите клетки во чии мембрани се наоѓаат овие компоненти.

Хранлива вредност

Во 160g свеж, исечкан кромид се содржат:

• 65kcal
• 15g јаглехидрати
• 2g протеини
• 0,2g масти
3g растителни влакна
20% од Дневните Потреби за витамин Ц
15% од ДП за витамин Б6
10% од ДП за манган
10% од ДП за витамин Б9
• 7% од ДП за калиум
• 7% од ДП за бакар
• 5% од ДП за магнезиум
• 5% од ДП за фосфор
• 5% од ДП за витамин Б1
• 5% од ДП за железо

Покрај ова, кромидот содржи и помали концентрации цинк, селен, витамин К, холин и други витамини од Б групата.

Моќен антиоксидативен ефект

Антиоксидантите се одбранбениот механизам на телото од слободните радикали – штетни компоненти кои постојано се продуцираат како метаболитички отпад во телото и оксидативно ги оштетуваат неговите различни клетки и ткива. Организмот има механизми самиот да продуцира одреден процент на потребни антиоксиданти, но сепак зависи и од внесените.

Постојаните оксидативни оштетувања, водат до процеси на хронична инфламација или воспаление, кое пак на подолг рок е една од главните причини за развој на хроничните заболувања.

Црвениот кромид, генерално содржи антоцијанини – специјални растителни пигменти (му го даваат црвеното обојување) од групата на флавоноидни антиоксиданти.

Овие антиоксиданти повеќе студии ги поврзуваат со подобро здравје на срцето. На пример една студија со над 43 илјади машки волонтери, покажува дека оние кои секојдневно внесувале најмалку 600mg антоцијанини дневно имале за 15% помал ризик од нефатален срцев удар. Сличен ефект друга студија утврдува и кај жените.

Aнтоцијанините се поврзуваат и со антиканцероген ефект.

Дополнително, различните видови кромид содржат и над 25 други видови флавоноидни антиоксиданти од кои најпознат и во најголемо количество е кверцетинот (кромидот е најдобар извор на овој потентен антиоксидант).

Одлична храна за здраво срце

Претходно наведените флавоноидни антиоксиданти со кои се богати различни видови кромид, можат да ја намалат хроничната инфламација преку борбата со слободните радикали и да делуваат за поуспешно намалување на мастите и холестеролот во крвта. Двата ефекта се особено значајни за намалување на ризикот од низа кардиоваскуларни заболувања.

Моќните антивоспалителни својства на кромидот можат да делуваат и на намалување на крвниот притисок, како и на превенција од несакани згрутчувања на крвта. Ова е покажано со низа научни студии.

Дополнително, одреден позитивен ефект за здравјето на срцето имаат и калиумот и растителните влакна – компоненти кои се застапени во солидни количини во кромидот.

Истражувањата утврдуваат дека оптималниот внес на калиум, води кон намален ризик од срцев и мозочен удар (го намалува високиот крвен притисок) и спречување на намалувањето на мускулната и коскена маса. Овој зеленчук содржи и одредено количество магнезиум, кој исто така е корисен за здравјето на срцето. Нешто повеќе за овој минера, прочитајте тука.

Растителните влакна низа студии ги поврзуваат со намален вкупен холестерол во крвта.

Храна за слабеење и за дигестивното здравје

Како што видовме, кромидот има навистина ниска калориска вредност. Ова го прави одличен за додавање во здравиот начин на исхрана при слабеење. Исто така, нешто што е многу важно за процесот на слабеење – кромидот содржи одлични количества  растителни влакна.

Растителните влакна се храна за цревната микрофлора и помагаат во постепеното дигестирање на храната. Ова постепено дигестирање води кон постепеното испуштање на глукоза во крвта, што прави да сме сити подолго време. Дополнително, тие можат да допринесат за побрза и подолга заситеност преку врзувањето на слободната вода во стомакот.

Значи, кромидот е богат со пребиотици од кои корисната цревна микрофлора може да создаде кратковерижни масни киселини – ацетат, пропионат и бутират.

Бројни истражувања ги поврзуваат ваквите масни киселини со подобро дигестивно здравје, посилен имунитет, намалена инфламација, подобрена апсорпција на минерали (што е пак особено добро за здравјето на коските) итн.

Растителните влакна помагаат и при еден од најчестите проблеми со дигестивното здравје- констипацијата или запекот. Едно истражување покажува дека со зголемувањето на внесот на фибер во организмот, опаѓаат шансите за развивање на колоректален канцер.

Одлична храна за дијабетичари

Јадењето кромид може да помогне во контролирањето на глукозата во крвта, што е од особено значење за дијабетичарите и оние со предијабет.

Една студија со волонтери кои имале дијабет тип 2 покажува дека јадењето 100g свеж црвен кромид ги намалува нивоата на шеќер (при гладување) за 40mg/dl по 4 часа. Дополнително, постојат бројни анимални студии кои даваат слични податоци.

Се смета дека ваквите антидијабетични ефекти се должат на флавоноидните антиоксиданти на кромидот, како кверцетинот, но и другите сулфурни компонетни.

Други потенцијални корисни ефекти од јадењето кромид:


• Антиканцерогено дејство
– бројни студии покажуваат одредени антиканцерогени ефекти на кромидот. Најголемиот дел од нив се должат на сулфурните компоненти и флавоноидните антиоксиданти на кромидот. Повеќе студии докажуваат антиканцероген ефект на кверцетинот.

• Имуностимулирачки ефект – пред сè заради солидните количини витамин Ц.

• Здрава кожа и коса – исто така поради ефектот на витаминот Ц, кој е значаен во синтезата на колаген, клучен протеин за здравјето на кожата.

• Подобар сон и расположение – поради Б витамините, поточно фолатите кои помагаат при депресија, спречувајќи созадавање вишок хомоцистеин во организмот. Недостатокот на хомоцистеин влијае на продукцијата на серотонин, домапин и норадреналин, кои се клучни во регулацијата на расположението, спиењето и апетитот.

• Помош при астма и артритис – поради антивоспалителните својства (богатата антиоксидативна содржина).

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор