fbpx

Откриена главната причина за Кронова болест и улцеративен колит (воспалителни болести на цревата)!

tonus

Британските научници го открија главниот причинител зад појавата на воспалителната болест на цревата. Всушност, тие утврдиле ,,слаба точка” во ДНК молекулата којашто се појавува кај дури 95% од луѓето што имаат некоја од спектарот на болестите што се дефинирани како воспалителни болести на цревата или IBD (најчесто улцеративен колитис и Кронова болест). 

Ваквата ,,слаба точка” или ваквата варијација во генетскиот материјал предизвикува претерана реакција на имуните клетки што води кон екстремна инфламација или воспалителни процеси во цревата.

Надеж за лек

Тимот научници кој доаѓа до ваквите сознанија сериозно разгледува и опции за успешен третман. Имено, тие велат дека веќе испитуваат лек којшто веќе и постои, а во лабораториските експерименти се покажал како доста успешен. Тоа што следи се испитувања на луѓе, вклучително и клинични студии.

"“Online”/

Распространет проблем

Како што споменавме, Кроновата болест и улцеративниот колитис се помеѓу најчестите форми на воспалителните болести на цревата, проблеми коишто измачуваат милиони луѓе ширум светот и илјадници луѓе во нашата држава.

Најчесто заболувањата од овој тип започнуваат уште во раната младост или во тинејџерските денови. Воспалителните заболувања на цревата неретко погрешно се дијагностицираат и честопати се запоставуваат додека не се случи ескалирање на симптомите или пак некои други компликации.

[Поврзано: Нервозни црева – Како да го препознаете овој проблем?]

Што се случува во телото?

Делот од имуниот систем што цврсто се поврзува со IBD се белите крвни клетки наречени макрофаги. Тие ја преплавуваат површината на цревата и ослободуваат хемикалии наречени цитокини, што води до масивна инфламација.

Инфламацијата или воспалението е нормален одговор на телото на инфекции, но премногу воспаление, на подолг период може да има девастирачки последици по нашето здравје.

Група на истражувачи од Francis Crick Institute и од University College London си поставиле за цел длабока анализа на генетскиот материјал со цел добивање на некакви информации за причините за IBD. Во нивното истражување тие откриваат секција од ДНК или дел од генетскиот код којшто е директно и силно поврзан со регулирањето на споменатите макрофаги.

Генот што е откриен ја контролира целината на воспалителни хемикалии коишто ги ослободуваат макрофагите, а некои луѓе се родени со верзија од генот што го прави нивниот организам склон кон посилно ослободување на споменатите хемикалии.

Научниците велат дека недвосмислено може да се каже дека токму ова е еден од централните метаболитички патишта кои се ,,одговорни” за појавата на IBD.

За среќа, исто така утврдено е дека некои лекарства коишто веќе постојат и се користат за други состојби, како за канцер, потенцијално би можеле сериозно да помогнат при IBD.

Симптоми на воспалителна болест на цревата

Оваа група заболувања е различна од синдромот на нервозни црева или IBS и покрај тоа што повеќе симптоми се слични. Дијагнозата за IBD се воспоставува само доколку постои инфламаторен процес во цревата.

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор