fbpx

КАЛИУМ – најважниот минерал за лицата со ПОКАЧЕН КРВЕН ПРИТИСОК!

tonus

Покачениот крвен притисок е сериозен здравствен проблем на денешницата, а неговата опасност е дополнително нагласена поради фактот дека истиот нема лесно воочливи и видливи симптоми. Хипертензијата е често наречена и „тивкиот убиец“, бидејќи луѓето може со години да ја имаат, без притоа да се воопшто свесни. Таа се јавува поради низа на различни фактори и може сериозно да го загрози кардиоваскуларното, но и целокупното здравје. Добро знаеме дека исхраната богата со сол е најголемиот непријател на покачениот крвен притисок, но денес ќе зборуваме за еден минерал од храната кој е посакуван и всушност корисен при хипертензија, а тоа е калиумот

Што претставува покачениот притисок?

Крвниот притисок е мерка за силата (притисокот) со кој крвта притиска врз ѕидовите на крвните садови. Тој се мери преку две вредности:

  • Систолички или т.н горна вредност за крвниот притисок, ја покажува вредноста за притисокот во артериите во текот на една контракција на срцевиот мускул
  • Диастолички или долната вредност при мерењето, го покажува притисокот во артериите измеѓу две срцеви контракции.

Висок крвен притисок или хипертензија, е состојба кога ваквото притискање врз крвните садови е прекумерно, за време на подолг временски период. Притисокот подложи на промени во текот на денот, во зависност од нашите активности. Но, доколку преку целиот ден имаме покачени вредности за крвен притисок, тоа значи дека е можно да имаме состојба на хипертензија. Најчесто вредносите при кои се смета дека има покачен притисок се 140/90 mmHg.

"“Online”/

Постојат две форми на хипертензија:

  • Примарна – се појавува со стареењето и за неа нема очигледна причина.
  • Секундарна – се јавува побрзо и нагло и може да биде поизразена и опасна од примарната. Како главни ризик фактори за нејзина појава се:

–       Бубрежни заболувања

–       Опструктивна спиечка апнеа

–       Вродени срцеви заболувања

–       Проблеми со тироидната жлезда

–       Честа употреба на алкохол

–       Проблеми со надбубрежните жлезди

Како натриумот влијае на крвниот притисок?

Иако хипертензијата може да се јави без очигледна причина, храната може да има голем удел при третирањето и живеењето со оваа состојба. Покрај препишаните лекарства од страна на вашиот лекар, здравата исхрана е втората препорака и често е подеднакво важна. Таа може директно да го покачи или намали притисокот, а индиректно може да влијае преку телесната тежина. Имено, со зголемување на телесната тежина доаѓа до покачување и на крвниот притисок. 

[Поврзано: ПРЕКУМЕРНА телесна тежина – сериозен ризик фактор за ХИПЕРТЕНЗИЈА!]

Инаку, натриумот кој претежно го внесуваме преку готварската сол е минерал кој има негативно дејство врз покачувањето на крвниот притисок. Но, зошто е тоа така? Накратко објаснето, натриумот, односно солта, ја задржува водата во телото. Ваквата количина на врзана вода е она што всушност предизвикува покачување на притисокот. Исто така, солта влијае и на функцијата на бубрезите, отежнувајќи ја нивната работа. Покачените нивоа на натриум во крвта може да доведат до оштетување на особено нежните и мали крвни садови во бубрезите. Прекумерниот внес на сол исто така може да ги направи лекарствата за притисок помалку ефикасни. Поради ова, се препорачува внесот на сол да се лимитира на помали количини – препорачаниот дневен внес е помалку од 2 грама. Секако, за лицата со хипертензија, се препорачува што е можно помал внес на сол.

[Поврзано: Каде се’ е СКРИЕНА СОЛТА во нашата модерна ИСХРАНА?]

Но, какво е дејството на калиумот?

Калиумот е еден од седумте есенцијани макроминерали или минерали кои треба да се внесуваат секојдневно, во релативно високи количества. Храната која е богата со калиум е од особена важност за лицата со хипертензија. Тоа е така, бидејќи калиумот има речиси спротивно дејство на натриумот, во поглед на притисокот. Се смета дека калиумот ги контролира и балансира ефектите на натриумот. Овој минерал го намалува крвниот притисок и на тој начин го намалува оптеретувањето врз ѕидовите на крвните садови. Калиумот помага и во балансирањето на течностите и минералите кои минуваат во и надвор од клетките, на тој начин одржувајќи го нормалниот крвен притисок.

Најлесно објаснето, ефектот на калиумот врз крвниот притисок се должи на неговото дејство врз нивото на натриум, но и врз работата на бубрезите. Калиумот е минерал кој помага на телото да се ослободи од вишокот натриум кој е внесен преку исхраната. Колку повеќе калиум е внесен, толку повеќе и полесно ќе се ослободиме од вишокот натриум преку урината. Калиумот се смета за минерал кој го „чува“ кардиоваскуларното здравје, особено во поглед на крвните садови и притисокот. Овој минерал го намалува ризикот за проблеми со срцевото здравје, здравјето на мозокот и  бубрезите. Тој исто така е неопходен за работата и контракцијата на мускулите, заедно со натриумот. Нажалост, калиумот често се смета дека недоволно се внесува преку храната.  Повеќе различни здравствени организации препорачуваат внес на калиум преку секојдневната исхрана како превентивна, но и како терапевтска алатка во поглед на хипертензијата. Препорачаната дневна доза е околу 4700mg или 4,7g.  За намирници кои се одличен извор на калиум и може да бидат корисни за лицата со покачен крвен притисок, кликнете тука. Особено во летниот период, се препорачува употребата на доматите, бидејќи тие се сметаат за одличен извор на калиум.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор