fbpx

Притисокот има свој РИТАМ! Кога е најдобро да го мериме крвниот притисок?

tonus

Човековото тело функционира според одредени свои принципи и има свој ,,ритам”. Впрочем, сосема е логично да се заклучи дека мора да постои одредена координираност помеѓу илјадниците биохемиски процеси кои во организмот се одвиваат истовремено. Затоа времето е важно, па така особено е значајно KOГА јадеме и КОГА легнуваме и стануваме од спиење.

Во повеќе од претходните статии се фокусиравме на важноста кога легнуваме и кога јадеме, во продолжение повеќе на тема како нашиот биолошки часовник го  детерминира крвниот притисок и кога е најдобро да се мери со цел добивање релевантна информација.

[Поврзано: Основни, а пресудни информации за крвниот притисок]

Како речиси се’ во нашето тело, така и вредностите на крвниот притисок следат одреден патерн (шема). Така, во одреден дел од денот притисокот има тенденција да биде повисок, а во друг дел има пониски вредности.

Правилниот начин на мерење, како и разбирањето на претходно споменатата шема според која се движи крвниот притисок претставуваат клучни фактори за добивање на релевантна информација во однос на вредностите за систолен и дијастолен крвен притисок.

"“Online”/

Крвниот притисок следи ритам

Крвниот притисок ги достигнува своите најниски вредности додека спиеме.

Неколку часа пред да се разбудиме, притисокот започнува да расте. Сепак, утрата не се период од денот кога притисокот треба да биде највисок. Според неговиот природен ритам, крвниот притисок треба да биде највисок некаде во средината на денот, постојано опаѓајќи во наредните часови попладне и навечер.

Следењето е важно

Ако се сомневате дека имате покачен притисок или пак веќе ја имате дијагностицирано оваа состојба, потребно е да го мерите крвниот притисок повеќе пати во текот на денот (во различни периоди). Целта е да се увидат патерни.

Ако крвниот притисок има тенденција да биде повисок наутро, треба да разговарате со вашиот лекар, бидејќи тоа може да биде знак за здравствен проблем, како хипертензија или пак ризик за различни кардиоваскуларни проблеми. Високиот притисок во текот на ноќта исто така може да биде силен индикатор за проблеми со притисокот.

Кога е најдобро да се мери крвниот притисок?

Кога велиме мерењата треба да бидат повеќе пати во текот на денот, се мисли на:

  • Непосредно по станувањето
  • Пред доручекот
  • Точно на пладне
  • Пред вечера
  • Пред спиење

Важно е да се земе предвид дека вежбањето, кофеинот и стресот можат да водат кон краткотрајни покачувања во притисокот. Не го мерете притисокот непосредно по: физичката активност што сте ја имале; некаков стресен настан; испиено кафе.

При самото мерење, обидете се да бидете максимално физички и емотивно смирени. Избегнувајте прекрстување на ноете и рацете. Повеќе корисни совети како правилно да си го измерите крвниот притисок во домашни услови, прочитајте тука.

[Поврзано: Што е НАЈДОБРО да се јаде при ПОКАЧЕН КРВЕН ПРИТИСОК?]

,,Тивок убиец”

Прво, за да се заклучи или дијагностицира некое нарушување на крвниот притисок, потребни се повеќе мерења и потоа вадење на просек. Единечни ситуации на покачен притисок не можат да се сметаат за хипертензија. Сепак, ваквите случаи се добар сигнал дека треба да го следиме нашиот притисок на долг рок.

Второ што е значајно. Во најголемиот процент од случаите, покачениот притисок воопшто не покажува никакви симптоми! Всушност поради ова и често се нарекува ,,тивок убиец”.

Затоа како многу битна превентива може да биде честото мерење на крвниот притисок. Ова е силна препорака.

[Поврзано: Како да го превенираме и третираме проблемот со високиот крвен притисок?]

Хипертензија како симптом 

Потенцијални ,,затскриени” сосојби зад високиот притисок можат да бидат:

  • Обструктивна спиечка апнеа
  • Бубрежни заболувања
  • Дијабет
  • Проблеми со тироидната жлезда
  • Проблеми со нервниот систем

Ризик-фактори што водат до проблеми со притисокот:

  • Пушење
  • Зголемена телесна тежина
  • Стрес и анксиозност
  • Неконтролирање на хипертензијата и несоодветно примање терапија
  • Работа во ноќни смени

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор