fbpx

Антиканцерогената куркума – како да го подобрите апсорбирањето за 2000 пати?

tonus

Куркумата е зачин кој се прави од билката Curcuma longa, повеќегодишно растение од семејството на ѓумбирите. Потекнува од Индија и југоисточна Азија.
Традиционално се користела во овие региони, односно во Ајурведовата медицината, како природен лек за лекување на разни состојби.

Во последно време куркумата го освои светот благодарение на многубројните корисни својства кои ги поседува. Таа се смета за најефективниот хранилив природен ,,суплемент” кој постои, па е наречена и ,,жолтото чудо од природата”.

Нејзината ефективност, пред сè, се должи на компонентата куркумин. Куркумата е исто така една од главните компоненти на зачинот кари, кој од неа ја добива карактеристичната жолта боја. Покрај тоа што се употребува како зачин, се користи и како средство за боење, во козметиката и како природен пестици во органското производство.

"“Online”/

Повеќе научни студии покажуваат исклучителни корисни дејства на куркумата, па да видиме само некои од нив:

1) Содржи биоактивни компоненти со моќни лековити својства

Како што кажавме, куркумата стотици години се употребувала од традиционалната индиска медицина. Ова ги натерало истражувачите да прават научни студии за да видат што ги натерало старите индијци да го користат ова растение во лекувањето на различни состојби. Резултатите од научните студии укажуваат дека куркумата навистина содржи лековити својства.

Овие својства се должат на нејзините компоненти наречени куркуминоиди, од кои најзначаен е куркуминот. Тој е главната активна или антиоксидативна состојка на куркумата, односно поседува моќни антивоспалителни својства. Застапен е со околу 3g во 100g куркума.

За жал, неговите лековити својства утврдени во научните студии се резултат на негово консумирање во количество од најмалку 1g, односно испитаниците консумирале негов екстракт. Практично невозможно е да се достигне ова количество во секојдневневието, имајќи предвид дека тој има слаба апсорпција во дигестијата. Но сепак, консумирањето на куркумата во комбинација со црниот пипер, односно неговата состојба пиперин, може за дури 2000 пати да ја зголеми апсорпцијата на куркуминот во тенкото црево. Заради неговата растворливост во маснотии, најдобро е зачинот да се консумира со храна која содржи маснотии.

2) Куркуминот е моќен антиоксидант!

Акутните, односно моменталните процеси на воспаленија се од особена важност на телото за борба против инфективните болести. Но, хроничните воспалителни процеси се особено штетни по здравјето.

Телото природно продуцира слободни радикали како метаболитички ,,отпад” . Ваквиот отпад е силно реактивен, па може да предизвика оксидативен стрес, односно да ги оштети различните клетки на организмот. Во спречувањето на овие процеси клучна улога играат антиоксидантите.

Спречувањето на оксидативниот стрес го спречува развојот на хроничните воспалителни процеси во организмот, кои се еден од главните ризик фактори за сите хронични заболувања како: рак, кардиоваскуларни заболувања, Алцхајмер итн.

Така, секоја компонента која може да помогне во намалувањето на хроничната инфламација е од особена важност. Куркуминот е особено моќено антивоспалителено средство чија ефективност може слободно да се спореди со некои антивоспалителни лекови, но без нивните потенцијални несакани ефекти!

Куркуминот ја блокира молекулата наречена NF-kB која патува до јадрото и ја поттикнува експресијата на гените поврзани со воспаление. Оваа молекула се смета дека игра клучна улога во развојот на повеќето хронични заболувања.

3) Куркуминот може да делува позитивно во одржувањето на здравјето на мозокот

Порано важеше тврдењето дека невроните или нервните клетки не се способни да се делат или размножуваат, после раното детство. Сепак, утврдено е дека ова се случува.

Невроните се способни да формираат нови конекции, но во одредени делови од мозокот ите можат и да се размножуваат, со што би се зголемил нивниот број.

Еден од главните фактори за овој процес е т.н. хормон BDNF, кој е тип на хормон за растење кој функционира во мозокот. Повеќето чести ментални заболувања, вклучително и Алцхајмеровата болест, депресијата итн, се поврзуваат со намалените нивоа на овој хормон.
Интересно, токму куркуминот може да ги покачи нивоата на овој хормон и на тој начин да придонесе за превенцијата од когнитинвните заболувања поврзани со процесот на стареење, но и други ментални нарушувања.

4) Куркумата може да го намали ризикот од кардиоваскуларни заболувања

Ова својство се должи повторно на моќниот антиоксидант- куркуминот. За нарушувањето на кардиоваскуларното здравје можат да бидат одговорни повеќе фактори. Оние кај кои може да делува куркумата се пред сè воспалителните процеси.
Добро е познато дека оштетувањата на ендотелиумот на крвните садови може да создаде повеќе проблеми како покачен крвен притисок, проблеми со правилното згрутчување на крвта итн. Неколку научни студии велат дека куркуминот може да ја подобри функцијата на ендотелиумот.

5) Куркумата може да помогне во превенцијата, а некои студии велат дури и во третманот на некои видови канцер

Според некои студии, суплементите од куркумин имаат дејство врз малигните клетки на некои видови на канцер, во однос на спречувањето на развојот на крвни садови за туморните клетки и метастази.

За тоа дали и во колкави количества може да се користи куркуминот во третманот на различните типови канцер, потребни се повеќе истражувања. Но, постојат докази дека тој делува превентивно во однос на развојот на некои типови на канцер, особено на дигестивниот тракт.

6) Помага при артритис?

Oва заболување е особено чест проблем во западниот свет. Постојат неколку различни типови артритис, а повеќето вклучуваат воспаленија на зглобовите.

Имајќи предвид дека куркуминот има моќно антивоспалително дејство, логично е да се претпостави дека би можел да помогне при ова заболување. Неколку студии ја потврдуваат оваа логика.

Во една студија, суплементирањето со куркумин, покажало поголема ефикасност, отколку антиинфламаторните лекови.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор