fbpx

Ладна Медитеранска салата со киноа и просо!

tonus

Додека повеќето салати ќе ве остават гладни за кратко време, оваа е поразлична благодарение токму на киноа семето и просото.

Имено, комбинацијата киноа-просо е богата со протеини (помеѓу ретките житарки со доволни количества на сите есенцијални аминокиселини) и растителни влакна, што ја прави оваа храна поттикнувач на чувство на полн стомак и особено корисна при слабеење. Дополнително, заедно со просото, киноа семето е богато и со квалитетни сложени јаглехидрати кои постепено се дигестираат во нашата дигестија и поттикнуваат чувство на заситување.

[Поврзано: Важни причини трајно да ја замените рафинираната храна (БРАШНА), со ПОЛОНОЗРНЕСТА храна и производи!; Што треба да знаете за ГЛИКЕМИСКИ ИНДЕКС?]

"“Online”/

Покрај тоа, основата на оваа салата – киноа и просо – содржат повеќе витамини, минерали и низа на корисни антиоксидативни фитохемикалии (погледнете нутритивна табела најдолу).

Секоја од наведените компоненти си има свој специфичен корисен импакт на нашето здравје.

 

Просо – потценетата житарка во нашата исхрана!

 

Кога ќе се спомене просото, поголемиот дел од луѓето помислуваат на храна за птиците, односно за папагали. Сепак, можеби и не е толку познато, но оваа хранлива и вкусна житарка која може да живее и на не толку богати почви, се употребувала од луѓето уште од почетоците на човековата цивилизација.

Освен што е доста хранлив избор (витамини, минерали итн) просото не содржи глутен што го прави погодна храна и за оние со целијакија.

[Поврано: Глутен – митов и факти!]

Многу повеќе околу главните причини зошто може да се каже дека просото е една од најпотценетите широко-достапни полнозрнести житарки на нашиот пазар, прочитајте во една од нашите претходни статии, под наслов: Има важни причини зошто да користите ПРОСО барем еднаш неделно!

Значи, Медитеранската ладна салата со киноа и просо има доволно нутритивност, но и енергетска вредност за да може да послужи како комплетен, балансиран оброк – ручек или вечера.

 

За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

 

 

Начин на подготовка:

 

  1. Подгответе го просото: зовријте една чаша вода, ставете го просото неколку минути, а потоа намалете ја температурата и гответе на потивко уште 5 минути. Исклучете ја рерната, поклопете го садот и оставете уште 10-тина минути.
  2. Подгответе го киноа семето: зовријте ¾ чаша вода, додајте го семето 1-2 минути, а потоа намалете ја температурата и гответе на потивко уште 12-15 минути.
  3. Исецкајте ги сите свежи зеленчуци според инструкциите погоре, па потоа комбинирајте ги со фета сирењето кое ќе го исецкате на помали коцкички. На крајот додајте го гравот и пињолите (јатките по ваш избор).
  4. Додајте ги сварените просо и киноа семе. Добро, внимателно промешајте. Зачинете и прелијте со маслиновото масло и сокот од лимон/лиме (може да користите и соја сос по желба).. За зачинување може да користите и свежи тревки – магдонос, босилок, оригано и слично.
  • Оваа салата прави околу 3 порции и се служи ладна. Може да се чува неколку денови во фрижидер. Добро се комбинира со потпечени интегрални лепчиња.

Нутритивна вредност:
(на еден оброк, без додатоци)

Калории: 600 Јаглехидрати: 82g од кои растителни влакна: 14g и шеќери: 10g;  Протеини: 30g; Масти: 18g од кои заситени масти: 2g и омега-3: 0,35g; Витамин A: 6000IU; Витамин Б1: 0,5mg; Витамин Б2: 0,6mg; Витамин Б5: 1,5 mg; Витамин Б6: 0,8mg; Витамин Б9: 220µg; Витамин Ц: 70mg; Витамин Е: 4mg; Бакар: 0,8mg; Фосфор: 600mg; Железо: 7mg; Магнезиум: 220mg; Манган: 2,5mg; Цинк: 4,5mg; Калиум: 1200mg; Калциум: 230mg

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор