fbpx

Брзи, едноставни и здрави рецепти за ладни супи

tonus

Иако за супа најчесто мислиме за нешто топло, сепак можна е подготовка и на вкусни и здрави ладни супи. Тие се лесни и брзи за подготовка, а се одлична опција за предјадење. Ваквите супи се исто така и ниско калорични и се одлични за луѓето кои внимаваат на внесот на калории. Покрај тоа, тие вклучуваат голем дел од сезонските зеленчуци, па така се и одличен извор на разни нутриенти. Во продолжение издвојуваме два рецепти за подготовка на здрави, медитерански, ладни супи.

 

Ладна медитеранска супа од домат

 

Доматот е можеби најчесто користената и најзастапена намирница во нашата кујна. Нашата земја е позната по одгледувањето на доматот, а постојат многу карактеристични сорти, иако можеби една од најпознатите е јабучарот.

Како намирница, доматот речиси нема лимит каде сè може да се употреби. Тој има извонреден состав и претставува навистина нутритивно – густа храна.

"“Online”/

Тој содржи дури 95% вода, а тоа всушност ја дава и неговата ниско калорична карактеристика. Во 100g свеж домат се содржат само 18 калории, околу 4g јаглехидрати и низа на витамини, минерали и антиоксиданти. Имено, тој е извонреден извор на витаминот Ц и со консумирање на еден домат ние обезбедуваме 30% од дневните потреби за овој витамин. Покрај тоа, доматот ги содржи и витаминот Б9, витаминот К, како и минералот калиум. Тој е исто така и одличен извор на антиоксиданти – првенствено ликопенот, кој е и заслужен за карактеристичната боја на доматот.

За подготовка на оваа ладна супа ќе ви бидат потребни околу 50 минути, и истата е доволна за околу 4-6 порции

 

Потребни намирници:

  • Маслиново масло
  • 2 главици кромид, ситно исецкани
  • Малку сол, кари, кумин и црвен пипер како зачини
  • 2-3 свежи домати
  • Околу еден литар растителен или пилешки бујон
  • 1-2 чешниња лук
  • 2 лажици брашно

 

Подготовка:

  • Во тавче со маслиново масло, изндистајте ги лукот и кромидот. Додадете го брашното и промешајте. Додадете го и бујонот, доматите и зачинете. Додадете сол по желба и едно лажиче шеќер.
  • Оставете ја ваквата смеса да се готви на умерена температура околу 40 минути. Потоа префрлете ја оваа смеса во блендер и изблендирајте ги состојките.
  • Вратете ја блендираната смеса во тенџере и додадете сол и бибер по желба. Послужете ја ваквата супа додека е на собна температура.

 

Медитеранска супа од печени зеленчуци

 

Потребни намирници:

  • Еден мал модар патлиџан
  • 1 црвена пиперка
  • 1 главица кромид
  • Маслиново масло
  • Сол, бибер, кумин и сув босилок
  • Околу 700ml доматен сос
  • Околу 500ml растителен бујон
  • Неколку лажици балсамико оцет (по желба)
  • По желба, сок од лимон
  • Малку свеж магдонос
  • 1-2 чешниња лук

 

Подготовка:

  • Ставете го модриот патлиџан, пиперката и кромидот во голем сад. Додадете малку масло и зачинете. На електрична скара или во тавче, испечете ги ваквите зеленчуци додека не се омекнати.
  • Кога ќе се оладат, фино исецкајте ги сите зеленчуци на помали парчиња и ставете ги во тенџере. Кон нив додадете го доматниот сос, бујонот, оцетот, сокот од лимон, лукот и зачинете по желба. Ваквата смеса доведете ја до вриење, оставете ја 2-3 минути, а потоа тргнете ја од оган и оставете ја да се олади. Послужете ја ваквата супа ладна или на собна температура.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор