Веројатно досега сте слушнале за лахмаџун. Станува збор за едно од најпознатите турски, медитерански специјалитети. Всушност, може да се каже дека ова е турската верзија на пицата.
Aко сте пробале лахмаџун, веројатно повторно би пробале, а ако досега немате пробано, во продолжение ви даваме рецепт за самите да си го подготвите во домашни услови!
Лахмаџун
Потребни состојки:
за тестото:
– 15g сув квасец
– 15g кафен шеќер
– 3-4 големи лажици ладно цедено маслиново масло
– ½ чаша млеко
– 1 лажичка пециво
– 1 чаша топла вода
– Малку сол
– 3 ½ чаши брашно (интегрално по избор)
додатоци:
– Малку ладно цедено маслиново масло
– 1 средна главица црвен кромид, ситно исечкана
– 2 чешниња лук, ситно исецкани
– 150g говедско месо
– 1 домат со средна големина, на помали коцкички
– 2 зелени/црвени пиперки, исечкани на кругчиња
– ½ чашка пињоли или други јаткасти плодови
– Сол и бибер
– 2 големи лажици јогурт
– 2 лажици тахини сос
– Зачини по вкус (медитерански)
– 1 лажичка цимет
– Концентрат од калинки
– малку магдонос
Начин на подготовка
- Комбинирајте ги квасецот, шеќерот, маслиновото масло и топлото млеко во еден подлабок сад. Оставете го садот настрана 10-тина минути.
- Истурете го брашното во еден поголем, подлабок сад. Додајте ги пецивото, топлата вода и посолете. Промешајте го брашното со мешавината од претходно и направете го тестото. Оставете го тестото да отстои 30 минути.
- Ставете ја рерната да се загрева на 180 степени.
- На една рамна тава, додајте малку од маслиновото и пропржете ги кромидот, лукот, додавајќи ги доматите и пиперките на крајот.
- Додајте ги и јатките, биберот заедно со зачините. Гответе уште околу 15-тина минути на пониска температура. На крајот додајте ги јогуртот, сокот од калинки и тахини сосот. Добро промешајте и намалете ја топлината.
- Измесете го тестото во една поголема пица или повеќе помали пици. Додајте го месото и печете 20-тина минути на споменатата температура.
– Овој рецепт прави околу 7 порции.
Нутритивна вредност на 1 порција:
Калории | Јаглехидрати [g] | Протеини [g] | Масти [g] |
470 | 50g (3g фибер) | 36g | 4g |
Овој оброк е особено богат со следните микронутриенти: витамини од Б групата, витамините А и Ц, потоа калциум, железо, калиум, натриум.