fbpx

Како ЛАЈФСТАЈЛ факторите влијаат врз квалитетот на спермата?

tonus

Ако планирате да имате дете, вашата целокупна здравствена состојба, како и здравствената состојба на вашиот партнер, имаат исклучително значење.

Огромен удел во креирањето на моменталната здрвствена состојба има начин на живот, односно вашите секојдневни навики.

Во продолжение ќе се осврнеме на факторите (пред сè на оние што можеме да имаме директно влијание) што можат да влијаат на здравјето на сперматозоидите – машките полови клетки.

"“Online”/

За жал, споменатите фактори немаат потенцијал само да ги нарушат шансите да добиете дете, туку можат да влијаат и на неговото здравје ако веќе се роди.

 

Како вишокот телесна тежина влијае на квалитетот на спермата?

Вишокот килограми има силен потенцијал да ја намали фертилноста, преку намалувањето на квалитетот на спермата, вклучително нејзината мобилност (подвижност) и квантитет (бројност). Дополнително, го зголемува ризикот од создавање на абнормални сперматозоиди.

Гојазноста исто така делува на намалување на синтезата на тестостеронот, машки полов хормон. Ова може да предизвика сексуални проблеми, како на пример еректилна дисфункција.

[Поврзано: Тестостерон – симптоми на намалено ниво и како природно да го кренеме?]

Преку спермата вашите гени се пренесуваат на вашето дете, а обезноста може да има негативен ефект на функцијата на овие гени. Тоа би значело дека и здравјето на потенцијалните деца се доведува во опасност заради обезноста.

Ако вие и вашиот партнер имате телесна тежина во она што се смета за нормален интервал, секако ќе имате поголеми шанси за зачнување. Најдобриот начин за контролирање на нормалната тежина е здравата, балансирана и трајна исхрана, како и редовната физичка активност.

[Поврзано: Како зголемената телесна тежина влијае на фертилноста?]


Како пушењето делува на сперматозоидите?

Покрај стотиците други здравствени проблеми што можат да бидат поттикнати или директно предизвикани од пушењето, се јавува и намалениот квалитет на спермата.

Пушењето цигари можат да го намали бројот на сперматозоидите, нивниот квалитет и способноста за движење. Колку повеќе испушени цигари, толку полош квалитет на сперма, иако важно е да се напомене дека дури и оние што пушат по неколку цигари дневно, имаат значително намален квалитет на сперма во однос на непушачите.

[Поврзано: Непријатни симптоми по откажувањето од цигарите – Како да си помогнете?]

Оние што пушат повеќе од една кутија цигари дневно, имаат зголемен ризик нивното потомство да развие леукемија во текот на детството.

Повеќе практични совети за откажување од цигарите, прочитајте тука.

[Поврзано: Како чадот од цигарите влијае на репродуктивното здравје и плодноста?]

Алкохол и машка фертилност

Честото претерување со алкохолот не е реткост, особено кај машкиот дел од популацијата.

Претерувањето со алкохолот може да го намали квалитетот на спермата, да го намали нивото на тестостеронот и да го отежни достигнувањето ереккција.

 

[Поврзано: Лоши животни навики – АЛКОХОЛ]

 

Дополнително на тоа, проблемите со алкохолот имаат силен потенцијал да го оштетат црниот дроб, што има исто така влијание на репродуктивното, но и општото здравје на човекот.

Сè уште не можеме да кажеме колкаво е граничното количество алкохол што може да создаде проблеми во оваа насока, па затоа најсигурно е алкохол да се пие сосема ретко и во ограничени количества – до неколку чаши на неделно ниво.

Лекарите од областа препорачуваат целосно откажување од алкохолот барем неколку месеци пред да се обидувате да добиете бебе.

 

Како сексуално преносливите болести/инфекции влијаат на фертилноста?

Ако сметате дека е можно да имате одредена сексуално пренослива инфекција (СПИ), многу е важно да се консултирате со лекар. СПИ, како што се кламидија или гонореја, можат значително да делуваат на оштетувања во репродуктивните органи, водејќи кон инфертилност или неплодност.

Поголемиот дел од сексуално преносливите болести доста едноставно и лесно се третираат, особено ако навремено се реагира. Соодветниот третман освен што ќе го заштити нашето репродуктивно здравје, ќе го намали и ризикот од пренесување на болеста на нашиот партнер, со што ќе ја заштитиме и неговата фертилност.

[Поврзано: Сексуално преносливи болести како предизвик за јанвото здравје – Како до ефективна заштита?],

 

Како одредени лекарства влијаат на фертилноста?

Користењето на анаболични стероиди (лекарства што делуваат како тестостерон) ја намалува фертилноста, со долгорочни, понекогаш и иреверзибилни последици по бројноста и квалитетот на сперматозоидите.

Одредени други лекрства, како и ,,рекреактивни” дроги, исто така ја нарушуваат сексуалната функција и фертилитетот. Најчесто станува збор за:

  • Преголема употреба на аналгетици
  • Долгорочна употреба на седативи
  • Хемо и радиотерапија
  • Употреба на марихуана, кокаин и хероин

Ако сте загрижени дека можеби лекарствата што ги користите на некаков начин ви влијаат на плодноста, задолжително консултирајте се со лекарот што ве следи, пред било какво прекнување на терапијата.


Како околината влијае на фертилитетот?

Ако сте изложени на одредени хемикалии на работното место, од голема важност е да носите сооветна заштитна опрема.

Кога се обидувате да добиете бебе, најдобро е целосно да си ја ограничите изложеноста на штетни хемикалии, како пестициди, хербициди, тешки метали, средства за домашна хигиена и слично. Голем дел од пластичните направи што ги сретнуваме во секојдневнието содржат група хемикалии наречени ,,ендокрино нарушувачки”.

Ваквите хемикалии исто така можат значително да го нарушат фертилитетот. Секако, невозможно е целосно избегнување, но вреди да се обидете што е можно повеќе да си ја намалите изложеноста.

[Поврзао: Ризик фактори за развој на рак што ќе ве изненадат!]


Како возраста влијае врз квалитетот на сперматозоидите?

За разлика од жените кои имаат однапред ограничен број на јајце клетки, мажите продуцираат сперма во текот на целиот живот.

Иако теоретски можете да имате деца и во доста поодмината возраст, со текот на годините опаѓа квалитетот на создадената спрема.

Мажите над 45 години имаат помали шанси за оплодување и поголем ризик од спонатан абортус на партнерките. Дополнително, кај бебињата на повозрасните татковци почести се генетски и хромозомски проблеми.

Затоа, ако сакате да станете татко, подобар избор е да го направите тоа што е можно порано.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор