fbpx

РЕЦЕПТ: леб од БАНАНИ – и здрав, и лесен, и вкусен!

tonus

Ако барате здрав и вкусен десерт (или подлога за десерт) кој брзо и лесно се подготвува, рецептот за банана леб е вистинскиот.

Овој леб е типичен за топлите краишта во Средна Америка и нејзините острови, но сите намирници се присутни и релативно ефтини и на нашиот пазар.

Здрав рецепт

Повеќето достапни рецепти за банана леб на интернет подразбираат големи количества  путер, јајца, бел шеќер, но и други високо-енергетски компоненти, со не толку богата нутритивност. Нашиот рецепт ги исклучува ваквите намирници и со неколку мали промени ги задржува компонентите кои прават банана лебот тоа што е.

"“Online”/

Значи, банана лебот може да биде особено здрав.

Бананите со својот уникатен вкус се омилено овошје за многумина. Тие се богат извор на калиум (околу 500mg во една банана со просечна големина), но содржат и солидни количини магнезиум, исто така.

Дополнително на ова, бананите придонесуваат за подобра дигестија (само како еден пример, содржат компоненти со инхибиторно дејство на штетните бактерии кои можат да се најдат во стомакот, но и растителни влакна и недигестибилен скро б- храна за корисната микрофлора), имаат низок гликемиски индекс, антиоксидативен состав, но се и достапни во текот на целата година за релативно ниски цени. Повеќе за здравствените бенефити на бананите, но и на медот, можете да прочитате на нашиот сајт.

Интегрелното, односно полнозрнастото брашно, исто така е нераздвоен дел од она што се смета за здрав и правилен начин на исхрана. Добар извор на енергија која постепено се искористува, богат извор на витамини од Б групата, растителни влакна, протеини итн.

За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

• 2-3 зрели банани
• половина чашка мед и неколку парченца темно чоколадо
• 3 лажички  сончогледново масло или неколку лажици путер од кикирики
• 1 лажичка екстракт од ванила(по желба)
• 1,5 чаша интегрално брашно
• 1 лажичка сода бикарбона
• ¼ лажичка сол
• ¾ чашка мелени или сецкани ореви/бадеми/јатки по избор
• било кој вид на свежо или смрзнато бобесто овошје(за рецептов ќе користиме смрзнати вишни)
• цимет

Начин на подготовка

1. Загрејте ја рерната на 180˚С

2. Испасирајте ги бананите и додадете ги канола маслото(и/или другите споменати видови), медот, екстрктот од ванила и соединете ја смесата. Можете да ги измиксирате и во блендар.

3. Направете смеса од интегралното брашно, сода бикарбона, цимет, јатки, сол и мали коцкички темна чоколада (може да се додаде и растопена на крајот, како прелив)

4. Измесете ги во вид на тесто претходните две хомогенизирани смеси.

5. Сипете ја смесата во сад за печење во било каков облик. Додате од смрзнатото или свежо бобесто овошје. Поставете фолија за печење или премачкајте ја површината на садот со малку масло.

6. Печете околу половина час до 40 минути. Внимавајте внатрешноста да е испечена.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор