fbpx

Лебот НЕ ТРЕБА да не’ ЗДЕБЕЛУВА! Каде грешиме?

tonus

Во повеќето од претходните статии имаме зборувано за проблематичните аспекти на најразличните диети. Голем дел од тие диети се фокусираат на целосно избегнување јаглехидратна храна, односно советуваат речиси и целосно избегнување не само на белиот, туку и на полнозрнестите лебови и општо на житарките.

[Поврзано: Диетите не се решение, диетите се ПРОБЛЕМ! Зошто?;
5 распространети НЕВИСТИНИ за јаглехидратите!]

Во продолжение уште еднаш ќе покажеме колку е погрешен овој пристап. Имено, ќе зборуваме за едно истражување кое се обидува да го разобличи митот дека житарките и лебот се силна причина за распростаранетоста на висцералните масни наслаги, односно стомакот.

"“Online”/

[Поврзано: ПИВСКИ СТОМАК – Мит или вистина? Зошто е толку опасен?]

Физички здравите луѓе можат да имаат различни телесни облици!

Секој од нас е различен. Некој висок, некој низок, кај некого маснотиите се ,,собираат” на нозете, кај некој на стомакот… Модерните диети неретко ветуваат дека преку исхраната, па и преку одредени вежби, можеме целосно да го промениме физичкиот изглед на телото. Ветувањата одат дури до таму што се гарантираат резултати БАШ за оној дел од телото со којшто имаме проблем.

Но што е реалноста? Треба да знаеме дека маснотиите и во исхраната и оние во нашето тело, не се нешто што е нужно лошо. Имено тие имаат своја функција и тоа не само како резервна храна/енергија, туку на пример и како физичка заштита за внатрешните органи и слично.

[Поврзано: Кои МАСТИ се добри, кои лоши, а кои најлоши?]

Истражувањата конзистентно ни покажуваат дека поткожното масно ткиво е генерално безопасно, додека она што може да ни направи проблем е т.н. висцерално масно ткиво. Станува збор за масните резерви кои се наоѓаат помеѓу абдоминалните органи и се поврзуваат со хроничните воспалителни процеси – еден од главните ризик-фактори за хронични заболувања.

Иако постојат повеќе софистицирани начини за точно утврдување на висцералното масно ткиво, сепак мерењето на обемот на струкот и стомакот е сосема доволно, односно е одличен индикатор за докторите.

[Поврзано: Кои МАСНИ НАСЛАГИ се поопасни – на струкот или бутовите?]

Улогата на полнозрнестите житарки во дистрибуцијата (распределеноста) на маснотиите во телото

Со цел проценка на улогата на полнозрнестите житарки во распределбата на масните наслаги во телото, истражувачи од Јапонија поделиле 50 испитаници во две групи. Се работело за 12-неделна исхрана. Првата група имала исхрана со основа полнозрнест леб, друга со основа – бел леб.

Потоа, масните наслаги биле проценувани со CT скенирање. По 12 недели анализирање, групата која консумирала полнозрнест леб изгубила во просек 4cm висцерално масно ткиво, односно маснотии што се наоѓале околу средината на стомакот. Кај другата група е биле забележани вакви промени.

Дополнително, националното истражување на австралиското Министерство за здравство, спроведено врз база на податоците за речиси 9500 возрасни индивидуи, ни покажува дека луѓето што избегнуваат различни житарки и нивни продукти во исхраната, имаат поголема опасност од зголемен BMI, но и од поголем обем на струк.

[Поврзано: Индекс на телесна маса – предности и маани]

Слична е состојбата и кај истражувањата во однос на децата

Во едно поново истражување спроведено на 44 гојазни и деца со зголемена телесна тежина, покажано е дека оние што генерално имаат полнозрнеста исхрана, постигнуваат значително намалување во обемот на струкот. Всушност, намалување на висцералното масно ткиво.

[Поврзано: Обезноста не е нормална појава ниту кај децата! Што можеме да превземеме за да ги заштитиме?]

Со текот на годините имаме тенденција да складираме повеќе маснотии во пределот на стомакот

Како што одминува времето, нашиот струк генерално се зголемува, како што висцералното масно ткиво врши притисок ,,од внатре”. И покрај овој факт, полнозрнестите житарки и нивните продукти можат да имаат заштитна улога.

Во една студија со над 3100 средовечни испитаници, која се одвивала повеќе од 18 години, се забележуваат навистина интересни резултати. Имено, оние волонтери што имале генерално исхрана базирана на полнозрнеста храна, имале значително помало зголемување на обемот на струкот, во споредба со оние што јаделе помалку од 8 грами полнозрнести житарки во текот на денот или нешто помалку од половина сервирање.

На што може да се должат ваквите добиени резултати?

Покрај многуте можни фактори, експертите ги издвојуваат содржината на растителните влакна, како и поголемата потребна енергија (потрошени калории) за обработка или варење на полнозрнестата храна.

[Поврзано: Важни причини зошто треба ТРАЈНО да ја замениме рафинираната храна (БРАШНА) со ПОЛНОЗРНЕСТА храна!]

За последното тврдење постојат научни податоци. На пример, едно неодамна спроведено истражување од Бостон, САД; вели дека иако испитаниците во период од 6 недели внесувале храна со иста калориска вредност, онаа група што консумирала полнозрнеста храна имала повеќе потрошени калории, или околу 90 калории во текот на еден ден (во споредба со волонтерите што имале рафинирани житарки на менито). Се смета дека тие калории се ,,употребени” за варење на житарките.

Здравствените проблеми речиси никогаш не се резултат на една единствена храна. Најзначаен е целокупниот начин на живот и навиките што ги имаме. Кога одлучувате што да јадете, а што не, секогаш преферирајте помалку процесирана храна и храна што е добиена од полнозрнести житарки!

[Поврзано: Растителни влакна – Како да препознаеме дека ни недостасуваат?]

ПРОГРАМА НА Д-Р МИТОВ – ЗДРАВО СЛАБЕЕЊЕ

Извор:

,,Effects of Whole Grain Wheat Bread on Visceral Fat Obesity in Japanese Subjects: A Randomized Double-Blind Study”, Plant Foods Hum Nutr. 2018 September

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор