fbpx

Лесни и здрави рецепти со најпопуларната мешунка – ЛЕЌАТА!

tonus

Постојат многу здрави намирници кои можеме да ги искористиме за подготовка на вкусен ручек или вечера. Но, можеби најдостапни и најлесни за подготовка се мешунките и притоа  се исклучително богати со нутриенти и се ниско калорични.Токму затоа, денес издвојуваме два едноставни и здрави рецепти кои можете да ги подготвите со употреба на една од најчесто користените и најздравите мешунки – леќата.

Леќа – една од најздравите и најпопуларни мешунки

Леќата припаѓа во семејството на мешункасти плодови заедно со гравот, грашокот, наутот итн. Присутна е во различни варијанти, односно облици и бои: црвена, кафена, црна и зелена. Но, сите имаат слична нутритивна вредност.

Оваа мешунка е особено богата со протеини (еден од најбогатите растителни извори на протеини), растителни влакна, железо и други компоненти со низа корисни дејства за нашето тело. Дополнително, лесна е за приготвување, а има и доста ниска цена.

"“Online”/

Како мешунка  често е потценета, иако за многу ниска цена, добивате продукт богат со низа на есенцијални хранливи компоненти. Во суштина, оваа храна може да се смета за супер-храна. На пример, леќата е продукт кој покрај високиот процент на протеини, содржи витамини од Б групата, магнезиум, цинк, железо и калиум во значителни количества.

Во својот состав содржи дури 25% протеини и има солидна количина на железо. Ова ја прави леќата добра замена за месните производи. Ова е многу важно за вегетаријанците.

Во 200g зготвена леќа се содржат:

  • 232kcal
  • 40g јаглехидрати (од кои дури 16g се растителни влакна)
  • 18g протеини
  • 1g масти

 

Свежа и лесна салата од леќа

За подготовка на овој рецепт ќе ви бидат потребни околу 30 минути, а истиот е доволен за 3-4 лица.

Потребни намирници:

  • Околу 400-500g сварена леќа
  • Една краставица, исецкана на кругчиња
  • 1-2 домати, исецкани
  • Една главица кромид, ситно исецкана (може и младо кромидче)
  • Неколку маслинки
  • Малку свеж магдонос, ситно исецкан
  • Околу 100g фета сирење (или 200g урда)

За преливот:

  • Маслиново масло
  • Малку балсамико оцет
  • Половина исцеден лимон
  • Една лажичка сенф
  • Мала лажичка мед
  • Сол, бибер и малку суво оригано

Подготовка:

  1. Свежите зеленчуци заедно со подготвената леќа ставете ги во длабок сад за салата.
  2. Во помал сад измешајте ги состојките за преливот, а потоа истиот додајте го кон салатата и добро промешајте.
  3. Послужете како прилог на главното јадење или како здрава и лесна опција за вечера.

 

Посна чорба од леќа

За подготовка на овој рецепт ви се потребни околу 20-30 минути, а истиот е доволен за 4-6 лица.

Потребни намирници:

  • Маслиново масло
  • 1 голема главица кромид, ситно исецкана
  • 2-3 моркови, исецкани на кругчиња
  • 3-4 чешниња лук, ситно исецкани
  • 200ml доматно пире
  • Околу еден литар растителен бујон
  • Околу 400g леќа
  • 1-2 свежи домати
  • Сол, бибер и куркума за зачинување

Подготовка:

  1. Во подлабоко тенџере загрејте малку масло и додајте го кромидот и морковите. Гответе околу 4-5 минути, а потоа додајте го лукот и гответе уште 1-2 минути. Додајте го доматното пире, промешајте и динстајте уште 1-2 минути.
  2. Потоа додајте го бујонот, леќата, свежите домати и зачинете и посолете по желба. Доведете ја смесата до вриење, а потоа намалете го огнот и покријте го тенџерето со капак. Гответе на тивок оган околу 40 минути, односно додека леќата не е омекната и сварена. По потреба, додајте врела вода за време на готвењето.
  3. Послужете.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор