fbpx

Летен зеленчуков сос кој оди речиси со секој оброк

tonus

Времето е топло, па потребата за јадење неретко е во втор план. Сепак, сите сме свесни дека храната мора постојано да се внесува. Така, во летниот период се ориентираме кон т.н. полесни и поедноставни оброци.

Како и да е, најчесто ни фалат идеи за вакви едноставни рецепти, кои не бараат премногу време, но и кулинарски вештини.

Уникатниот зеленчуков сос во продолжение е особено хранлив и вкусен, но и едноставен и брз за подготовка (околу 30 минути).

"“Online”/

 

Дополнително, тој може да се комбинира со навистина бројни едноставни, здрави ручеци, но и вечери богати со сложени јаглехидрати (тестенини, ориз, мешунки, полнозрнести лебови итн).

 

[Поврзано: 5 распространети невистини за јаглехидратната храна!]

 

Важно е да се каже дека овој период кога пазарите се полни со свежи плодови, овошки и зеленчуци во различни бои, треба максимално да се искористи. Но, исто така е важно зеленчукот да се јаде и во неговата приготвена форма. Зошто, прочитајте во една од нашите претходни статии, под наслов: Фитична киселина – што треба да знаете за еден од најпознатите антинутриенти?

 

[Поврзано: Храна која најчесто се јаде погрешно]

 

Многу повеќе околу здравствените придобивки од сите подолу споменати намирници, прочитајте на нашиот веб сајт.

 

За овој рецепт потребни ќе ви бидат:

 

 

Начин на подготовка:

 

  1. На загреана рерна поставете нешто подлабока тава со малку ладно цедено маслиново масло. Кога маслото доволно ќе се загрее, најпрво додајте ги соодветно исечканите бабури и гответе 7-8 минути, со често мешање.
  2. Додајте ги морковите и прстенчињата кромид, па гответе уште 5 минути.
  3. Додајте ги печурките и лукот, а по неколку минути посолете и додајте бибер по желба. (може и зачини по ваш вкус).На крајот, додајте ги и доматите, превртени со рамната половина кон садот. Додајте 250ml вода, а потоа затворете го капакот и гответе на средно висока температура уште 10-тина минути, со постепено мешање (без да ги поместувате доматите).
  4. Внимателно извадете ги доматите на страна, па извадете им ја обвивката. Во меѓувреме, привремено тргнете го и садот од оган. Откако ќе ја извадите лушпата на секој од доматите, исечкајте ги сосема ситно, додајте им 2 лажички кафен шеќер пред повторно да ги вратите во садот во којшто претходно се готвеле.
  5. Гответе дополнителни 7-8 минути и потоа сервирајте со: интегрална паста, интегрален ориз, фиброгел леб и урда/кисело млеко или пак со претходно сварен крупен грав.

 

  • Овој рецепт, прави сос за 4 порции.

 

[Поврзано: Како да направите ФИБРОГЕЛ ЛЕБ!]

 

Нутритивна вредност:

(на една порција сo интегрални шпагети)

Калории: 480 Јаглехидрати: 93g од кои растителни влакна: 12g и шеќери: 16g;  Протеини: 17g; Масти: 7g од кои заситени масти: 1g и омега-3: 0,1g; Витамин A: 3800IU; Витамин Б2: 0,3mg; Витамин Б5: 1,9 mg; Витамин Б6: 0,5mg; Витамин Б9: 100µg; Витамин Ц: 140mg (пред термичкиот третман); Витамин Е: 3mg; Бакар: 0,4mg; Фосфор: 400mg; Железо: 5mg; Магнезиум: 125mg; Манган: 0,4mg; Цинк: 3,1mg; Калиум: 800mg

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор