fbpx

Летната ладна киноа салата со цвекло и спанаќ

tonus

Додека повеќето салати ќе ве остават гладни за кратко време, оваа е поразлична благодарение токму на киноа семето. Таа има потенцијал да биде цел оброк и тоа со особено балансирана хранлива вредност. Покрај тоа, во летниот период особено ни е важно храната на трпезите да биде ,,лесна” – Летната ладна киноа салата со цвекло и спанаќ е токму тоа што ни треба!

[Поврзано: Свесно јадење – Едноставен начин на јадење што обезбедува  трајни резултати]


Киноа семе – Растителен извор на сите 9 есенцијални аминокиселини

 

Киноа семето е богато со протеини (има доволни количества на сите есенцијални аминокиселини) и растителни влакна, што ја прави оваа храна поттикнувач на чувство на полн стомак и особено корисна при слабеење.

"“Online”/

Покрај тоа, киноа семето содржи повеќе витамини од Б групата, калиум, железо, калциум, фосфор, витамин Е и низа на корисни антиоксиданти. Сите набројани компоненти имаат свој специфичен корисен импакт на нашето здравје.

[Поврзано: Киноа семе – еден од ретките растителни извори на сите девет есенцијални аминокиселини!]

Дополнително, и другите присутни намирници во салатата содржат исто така низа корисни компоненти, што ја прават оваа салата особено богат извор на најразлични микронутриенти и фитохемикалии.

[Поврзано: Не се доволни само витамините и минералите, ни треба ФИТОХЕМИКАЛИИ! Што претставуваат тие?]

 

За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

За салатата:

  • 100g киноа семе, зготвена во 200ml вода (1 шоља)
  • 75g соја зрна
  • една шака бадеми (можете и да ги потпечете во рерна, сосема кратко)
  • 1 свежно цвекло со средна големина, излупено и крупно изрендано
  • 1 голем морков, излупен и крупно изрендан
  • 300g спанаќ, добро измиен и исчистен и крупно исецкан


За сосот (преливот):

 

Начин на подготовка:

  1. Подгответе го зеленчукот на начинот објаснет погоре.
  2. Добро измијте ја киноата и ставете ја да се вари во 200ml вода. Оставете ја да зоврие, а потоа намалете го огнот и оставете ја да се крчка 15-тина минути. Тргнете го тенџерето од оган и оставете го на страна 5 минути пред да го исцедите вишокот вода. Потоа оставете го киноа семето да се излади и подгответе ја салатата.
  3. Во еден голем сад за салата, ставете ги цвеклото, морковот, спанаќот, сојата и бадемите. На крај, додадете ја зготвената киноа откако убаво ќе се излади. Промешајте ја целата наведена содржина.
  4. Во едно помало садче, ставете ги сите состојки кои ви се потребни за сосот и добро, телено промешајте, внимавајќи на текстурата.
  5. Прелијте го сосот врз салатата и нежно промешајте ја. Зачинете со сол и бибер. На крај, можете да го додадете магдоносот или нането, во зависност од вашите преференци.

– Овој рецепт прави 2-3 порции.

Идеи за додаток: хумус, фалафел, пита лепче.

 

Нутритивна вредност на 1 порција, без додатоци:

КалорииЈаглехидрати [g]Протеини [g]Масти [g]
360 44g (8g фибер)12g 16g

Овој оброк е особено богат со следните микронутриенти: витамин А, витамин К, потоа железо, калиум, натриум

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор