fbpx

3 рецепти за ладни летни супи

tonus

Немате идеја за брз и лесен, летен оброк, кој е истовремено вкусен, здрав, но и хранлив?

Во продолжение ви нудиме 3 рецепти за ладна супа на кои нема да можете да одолеете. Се работи за нискокалоричен оброк со потенцијал да ве најаде, но и да биде увертира за друг лесен летен оброк.

 

Ладна супа од грашок со зачини

 

Кремаста, ладна и освежителна, оваа зелена супа е перфектен начин за справување со летните горештини.

"“Online”/

Потребни намирници:

Начин на подготовка:

Стопете го путерот на едно тавче поставено на средно висока температура, а потоа додадете го ситно сецканиот кромид и гответе додека не зарумени. Додајте ја солта, заедно со 2 чаши вода и повремено мешајте додека не зоврие.

Додајте го грашокот и гответе неколку минути додека не омекне. Кога ќе се свари грашокот, исцедете го и во друг подлабок сад комбинирајте ја смесата со јогурт. Користете блендер за да добиете текстура на супа и потоа додајте го ладно цеденото маслиново масло и зачини по избор.

 

Клодник – ладна полска супа со цвекло, краставици и јајца



Класична полска супа, одлична за летно освежување – кремаста супа со нежно крцкави краставици.

Потребни намирници:

  • 2 цвекла со средна големина, ситно исецкани
  • 2 средни краставици, излупени и многу ситно исецкани
  • 2 средни ротквици, многу ситно исецкани
  • Неколку исецкани кисели краставички, грубо исечкани + половина чаша сок од теглата кисели краставички
  • 1,5 чаша кефир
  • ¾ од канче кисело млеко
  • Малку сечкан млад кромид
  • Малку крупна морска сол и бибер според вкус
  • 4 тврдо-сварени јајца
  • 1 лажица копар и други зачини според вкус

 

Начин на подготовка:

Соодветно измијте го и исчистете го цвеклото. Исечканото и измиено цвекло, вклучително и исечканите дршки и листови, префрлето го во средно тенџере и покријте го со вода и со водата од киселите краставички.

Посолете и поклопете го тенџерето, па загревајте до зовривање. Цвеклото е готово кога низ него убаво ќе можете да поминете со вилушка.

Исецкајте ги ситно ротквиците, краставиците (+киселите краставички) и младиот кромид. Во тенџерето со цвеклото, најпрво додајте го кефирот, а потоа и краставиците, заедно со ротквиците и младиот кромид. Зачинете со копар (убаво би било да се додаде повеќе свеж копар). Посолете, додајте бибер и темелно промешајте.

Сервирајте со исечкани четвртинки тврдо сварени јајца.

 

Брзо летно Гаспачо


Подгответе ладна супа, полна со свежина, со експлозија на вкусови. Бидејќи не вклучува вриење, добро е само во лето, како лесна вечера или освежителен аперитив.

Потребни намирници:

  • 1 краставица, ситно исечкана
  • 6 средни зрели домати
  • Неколку ливчиња босилок
  • 1 страк целер, ситно исечкан
  • 1 црвена пиперка, ситно исечкана
  • 2 чешниња лук, ситно исечкани
  • 1 лажица ладно цедено маслиново масло
  • Сок од еден лимон
  • 1 лажица балсамико оцет
  • Малку крупна, морска сол и бибер според вкус

Начин на подготовка:

Поставете ги сите споменати намирници во процесор за готвење и блендирајте додека не добиете, густа и мазна смеса. Ако не ви се допаѓа текстурата, додавајте по малку вода. На крајот, зачинете со сол и бибер.

Сервирајте со малку маслиново масло, откако смесата ќе стои во фрижидер околу 2 часа.

 

Сите супи се соодветни за околу 4 порции.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор