fbpx

Две летни салати погодни како целосен оброк

tonus

Во летните денови нема ништо поубаво и полесно од свежо подготвена, вкусна салата. Таа може да го комплетира, збогати и подобри речиси секој оброк. Брзо се подготвува, а за нив ви се потребни само неколку здрави, свежи и вкусни намирници. Денес ќе ви предложиме два итнересни рецепти за подготовка на летни салати. Истите може да ви послужат како одличен прилог за ручек или како вечера.

 

Салата од компири и боранија

 

Koмпирот е една од најчесто употребуваните намирници во нашата традиционална кујна. Во секој дом, најмалку неколку пати неделно има оброци кои вклучуваат компир, дали е тоа печен, варен, компир-манџа, супа или пак пире од компири.

Нутритивниот состав на овој зеленчук е особено корисен и здрав и затоа компирот треба често да се консумира.

"“Online”/

 

Еден компир со просечна големина, односно 170g, вклучително со лушпата содржи:

  • 168kcal
  • 5g протеини
  • 37 jaглехидрати
  • 4g растителни влакна
  • 24mg натриум
  • 37% од Дневно Препорачаниот Внес за витамин С
  • 31% од ДПВ за витамин В6
  • 27% од ДПВ за калиум

 

Боранијата е една од најстарите одгледувани култури. Воедно, оваа мешунка се вбројува во најгусто-нутритивните храни што постојат, односно содржи нешто под 30 калории во 100g, а од друга страна е навистина богат извор на низа микронутриенти, како железо, калиум, магнезиум, калциум, витамин А, К, Ц итн.

Може често да се сретне во домашната кујна во различни рецепти, а низ маркетите може да се најде и во конзерва и замрзната форма.

 

За денешната салата од компири и боранија, потребни ќе ви бидат:

  • 6-7 компири
  • Околу 400g боранија
  • Млад кромид, ситно исецкан
  • Малку свеж магдонос
  • 2-3 испечени зелени пиперки, излупени и исецкани
  • 1 поголема главица исецкан кромид
  • 100g маслинки

 

За преливот:

  • Малку маслиново масло
  • Сол, бибер и малку ким
  • Малку оцет (јаболков, вински или балсамико)
  • 1-2 лажички сенф

 

Начин на подготовка:

  1. Компирите сварете ги во вода. По варењето, оставете ги неколку минути да се оладат, а потоа излупете ги и исечете ги на покрупни парчиња.
  2. Во меѓувреме, додека се варат компирите, сварете ја боранијата (доколку не користите готова боранија од конзерва). По варењето, исцедете ја и оставете ја да се олади.
  3. Подгответе го преливот, така што ќе ги ставите сите состојки во мал сад и ќе ги промешате.
  4. Младиот кромид, маслинките, кромидот и магдоносот исецкајте ги и додадете ги во еден сад. Кон нив додадете ги испечените зелени пиперки, компирите и боранијата. Прелијте ги зеленчуците со подготвениот прелив. Зачинете дополнително со сол и бибер (по желба).
  5. Послужете.

 

 

Лесна салата од спанаќ и наут

 

Вториот предлог за салата, може да ви послужи како одличен прилог на ручекот, но и како самостоен оброк за вечера, бидејќи навистина содржи лесни, хранливи и освежителни состојки – првенствено спанаќ и наут.

Спанаќот се смета за еден од најздравите зеленчуци. Во нашата традиционална кујна спанаќот е застапен во различни рецепти и салати.

Тој претставува зеленчук кој е многу богат со низа на микронутриенти, витамини, минерали, па и растителни влакна. Од друга страна има доста ниска калориска вредност. Ова го прави спанаќот храна со висока нутритивна густина.

 

Во само 30g спанаќ се содржат:

– 7kcal

– 1,1g јаглехидрати

– 0,9g протеини

– 0,1g масти

– 0,7g растителни влакна

– 145mcg витамин К или 181% од Дневно Препорачаниот Внес

– 2813IU витамин А или 56% од ДПВ

– 58,2mg витамин В9

 

За оваа салата, потребни ќе ви бидат:

 

  • 1-2 домати со средна големина, исецкани
  • Малку сок од лимон
  • Малку маслиново масло
  • Околу 150g свеж спанаќ
  • 1-2 чешниња лук, ситно исецкани
  • Малку сол, бибер и магдонос за зачинување
  • 1-2 средно големи моркови, ситно исецкани или изрендани
  • 1 мала тиквичка, изрендана
  • Околу 150g сварен наут (може и веќе подготвен од конзерва)
  • Малку млад кромид, ситно исецкан
  • 100g урда или фета сирење
  • По желба – 30g ореви или некој друг јаткаст плод

 

Начин на подготовка:

  1. Во еден сад ставете ги ситно исецканите ореви, домати, сок од лимон, маслиново масло, лук и сол и бибер. Ова ќе биде преливот за салатата.
  2. Во поголем сад, ставете ги наутот, морковите, тиквичката, младиот кромид, магдоносот и урдата . Прелијте со дел од сосот.
  3. За сервирање, поделете го спанаќот по порции и прелијте го со смесата од наут и зеленчуци. Врз тоа, во секоја порција прелијте со преостанатото количество сос.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор