fbpx

Кои продукти во храната можат да влијаат на вашето ЛИБИДО?

tonus

Во последно време актуелна тема или прашање е како да го зголемиме либидото, особено како да го направиме тоа на природен начин, без лекарства. За да го постигнеме ова треба да се свртиме кон причините, не кон последиците.

Истражувањата покажуваат дека 32% од жените и 15% од мажите немаат желба за редовен секс. Иако недостатокот на либидото е почест кај жените, тој негативно влијае на двата пола.

Ниското либидо создава потешкотии во било која возраст од животот. Проблемите со ниско либидо можат да бидат причинети од најразлични причини, вклучително:

"“Online”/

• ниски нивоа на тестостерон
• депресија
• стрес
• проблеми со врските
• некаква сексуална дисфункција
• прекумерна телесна тежина
• апнеја при спиењето или
• зависност од дрога или алкохол.

Поради овие причини, многу луѓе се прашуваат што можат да направат во врска со овој проблем, а тоа да не бидат медикаменти кои можат да имаат низа на несакани дејства. Дополнително, тие нема да го решат коренот на проблемот, значи кога ќе им помине дејството проблемот е повторно со нас.

Ако зголеменото либидо е вашата цел, тогаш е време да направите промени во животниот стил. На пример:

• намалете го и научете да го менаџирате стресот
• погрижете се да имате добар сон
• имајте здрава исхрана и додадете храна која делува како афродизијак
• бидете физички активни

Што е либидо и зошто тоа исчезнува?

Либидото се дефинира како вкупната желба за сексуална активност на една индивидуа. Намаленото либидо кај мажите и жените е од слични причини, но сепак, со неколку специфични разлики.

Намалено либидо кај мажите

Кај мажите е нормално со текот на годините сексуалната желба да опаѓа. Но, доколку намаленото либидо се појави и на помлади години (под 60), тоа не може да се смета за нормално и е резултат на некакви ,,надворешни” фактори, како што eс на пример, депресијата или изложеноста на хроничен стрес.

Друга причина за предвременото намалено либидо кај мажите може да бидат и несакани ефекти од некои медикаменти. Помалку познат факт е дека спиечката апнеа може да води до невообичаено ниски нивоа на тестостерон кај  мажите.

Ниските нивоа на тестостерон директно се поврзани со еректилната дисфункција, состојба при која мажот не може да доживее ерекција или не може да ја одржи. Но, еректилната дисфункција и намаленото либидо не мора да значи дека одат секогаш заедно.

Студиите покажуваат дека намаленото либидо е почесто кај мажите кои имаат прерана или продолжена ејакулација, отколку кај оние со еректилна дисфункција. Мажите кои имаат проблеми со еректилната дисфункција, често имаат нормална, па дури и висока сексуална желба.


Намалено либидо кај жените

Кога станува збор за намалено либидо кај жените, тоа може да биде предизвикано од најразлични причини. Според експертите од областа, односно сексуалните психолози, сексуалноста на жената е повеќеслојна и многу комплицирана.

Најчестите причини за намалена сексуална желба кај жените, според експертите се:

• нарушени односи во врските
• социјални влијанија (сликата на општеството за женската сексуалност, стресот во врска со работата итн)
• медицински состојби (фиброиди, ендометриози, проблеми со тироидната жлезда итн)

Два значајни хормона за либидото


Кога станува збор за тоа како да постигнеме зголемување на либидото, треба да ги споменеме двете клучни биолошки компоненти, кои имаат ефект на нивото на сексуална желба, и кај мажите, и кај жените:

• допамин и
• пролактин

Се смета дека допаминот ја зголемува сексуалната желба, додека пролактинот ја намалува. Ако земате било какви медикаменти, важно е да знаете дека некои од нив можат да го зголемат пролактинот или да го намалат лачењето на допaминот. И во двата случаи, сексуалната желба се намалува, а можни се и други несакани ефекти во однос на сексуалниот живот.

Кај мажите, намалените нивоа на пролактин се поврзуваат со повеќе знаци на лошо сексуално и психолошко здравје, а исто така и со ризик од гојазност. Гојазноста пак, исто така се поврзува со зголемен ризик од намалено либидо, и кај мажите, и кај жените. Една студија од САД, дава резултати според кои гојазните поединци имаат дури 25% поголеми шанси за некакви сексуални проблеми.

Како да го зголемите либидото преку исхраната

Покрај тоа што правилната, здрава исхрана помага во секој дел од нашето живеење, постојат некои прехранбени намирници за кои постои некаква научна поткрепа дека  можат да помогнат во зголемувањето на либидото:

Лубеница – во 2008 година, едно истражување од САД, покажало дека лубеницата може да има одличен ефект во однос на сексуалната желба. Имено, нејзините фитонутриенти цитрулин, бета-каротен и ликопен, се покажале како одлични во опуштањето на крвните садови. Иако лубеницата не може да се смета за специфичен лек за еректилна дисфункција, сепак може значително да помогне, без притоа да има било каков несакан ефект.

Банана – особено хранливи намирници кои според некои анимални спроведени студии, можат да помогнат во зголемување на нивоата на женските хормони кои се значајни за либидото.

• Морско оревче, шафран и каранфилче – повеќето зачини се богат извор на антиоксиданти, што е од особено значење за целокупното здравје, вкучително и за либидото. Морското оревче, во анималните студии се покажало како особено успешно во зголемување на либидото. Каранфилчето е особено добро кога станува збор за подобрување на здивот.
Шафранот пак, според неколку студии, може да помогне во подобрување либидото, кај жени кои се на антидепресивна терапија, но и кај мажите со еректилна дисфункција.

• Темна чоколада – истражувањата покажуваат дека јадењето темна чоколада може да поттикне лачење на серотонин, поради содржината на триптофан во неа. Ова, освен што има ефект на подобреното расположение, може да има и ефект на афродизијак.

• Бразилско оревче – оваа храна е особено богат извор на селен, минерал кој игра значајна улога во одржувањето на нормални, здрави нивоа на тестостерон во организмот.  Исто така, бразилското оревче ја помага продукцијата на серотонинот, слично како темната чоколада.

• Високо-протеинска храна – рибата и јајцата, исто така можат да придонесат за подобрено либидо.

• Корен ,,мака” – овој корен познат како мака е адаптогенска билка и е доста популарна билка во традиционалната медицина, кога станува збор за подигнување на сексуалната желба.

• Пискавец (грчко семе) –  оваа билка е достапна и во облик на етерично масло, кое помага особено за либидото на мажите. Консумирањето на пискавец може да го подобри либидото, сексуалното задоволство, како и нивото на тестостерон. Има малку непријатен вкус, но доколку добро се зготви е вкусна.

• Вода – погрижете се да не сте секогаш доволно хидрирани и поради повеќе здравствени бенефити. Кога зборуваме за либидото, исто така, дехидрираноста делува негативно. Ако сакате да избегнете замор, главоболка, суваа уста, пијте доволно вода!

Пушењето цигари, исто така влијае многу негативно на либидото, но може да влијае и на смалување на плодноста.

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор