fbpx

Што претставува лордозата и како да ја препознаеме дека ја имаме?

tonus

Постои голема разлика од денешното темпо и начин на живот и она на нашите предци. Со развојот на технологијата, голем дел од работните позиции имаат претрпено значајни промени. Тоа е можеби и најочигледно денес, кога многумина од нас имаат работа која подразбира поминување на голем дел од денот во седечка позиција, на столче и врз нашето работно биро. Ваквите професии си имаат низа на предности, но и маани и вклучуваат многу помал физички ангажман. Тоа доведува до низа на здравствени проблеми кај луѓето, особено со текот на годините. Па поради тоа, во денешната статија издвојуваме еден од тие проблеми – лордозата.

 

Што претставува лордозата?

 

Сечиј ‘рбет има неколку природни закривувања во пределот на вратот, горниот и долниот грб. Ваквите закривувања ја даваат карактеристичната форма на „S“ буквата која ја има ‘рбетот. Закривувањата во делот на вратот се нарекуваат лордотски (во пределот на вратот и долниот грб) како и кифозно (горниот дел од грбот). Овие делови му овозможуваат на ‘рбетот и телото:

"“Online”/

 

  • Полесно и подобро да апсорбира удари и шокови
  • Да ја издржува тежината на главата
  • Правилно да ја држи позицијата на главата
  • Ја стабилизира структурата на самиот ‘рбет
  • Полесно да се движи и витка ‘рбетот

 

Лордозата претставува состојба која се јавува кај лордотското закривување на ‘рбетот. Доколку тоа закривување е премногу нагласено, односно кривината е премногу длабока, таа состојба се нарекува лордоза. Лордозата може да влијае и да се јави и кај закривувањето на вратот и кај закривувањето на долниот предел од грбот. Ваквата состојба предизвикува прекумерен притисок и оптеретување врз ‘рбетот, што може да предизвика болка и непријатност. Доколку е премногу нагласена и доколку не се третира може да влијае и врз подвижноста.

 

Што најчесто е причина за појава на оваа состојба?

 

Лордозата може да се јави кај луѓе од различна возраст. Постојат одредени состојби и ризик фактори кои ја зголемуваат шансата и ризикот за појава на лордоза. Тие најчесто се:

  • Спондилолистеза – состојба на ‘рбетот каде има неправилно позиционирање на некој од долните прешлени. Оваа состојба најчесто се третира со терапија или хируршки.
  • Ахондроплазија – генетско нарушување кое влијае врз растот.
  • Остеопороза – состојба која се карактеризира со намалена густина на коскеното ткиво, со што ризикот за скршеници е зголемен.
  • Прекумерна тежина – покрај зголемен ризик за појава на лордоза, прекумерната тежина е сериозен ризик фактор и за состојби како: дијабет тип 2, кардиоваскуларни заболувања и сл.

 

Какви типови на лордоза постојат?

 

Лордоза во долниот дел од грбот – ова се смета за најчестиот тип на лордоза. Постојат неколку начини да проверите дали ја имате оваа состојба, но најдобриот начин е да легнете на грб на рамна површина. Доколку ја ставите дланката во празнината што се јавува во долниот дел од грбот и имате премногу слободен простор околу неа, тогаш можно е да имате лордоза. Доколку имате малку простор околу дланката, тогаш најверојатно немате проблем со тој дел од ‘рбетот.

Кога лица со овој тип на лордоза стојат исправено, тие имаат испакнат стомак и испакнат дел од долниот грб.

 

Лордоза во пределот на вратот- кај здрав ‘рбет, вратот треба да има форма на буквата „С“, а закривувањето да е према надворешноста на вратот. Лордоза во овој дел од вратот е поврзана и индиктаро за некакво неправилно закривување. Тоа значи дека може да има:

 

  • Премногу нагласено закривување
  • Закривување во погрешна насока
  • Закривување кон левата или кон десната страна

 

Кои се најчестите симптоми на лордоза?

 

Како најчест симптом на лордозата, се смета болката во мускулите која може да се јави. Поради погрешното закривување на ‘рбетот, доаѓа до нерамномерно и неправилно истегнување на мускулите во различни насоки, предизвикувајќи нивно затегање. Доколку лордозата е во пределот на вратот, ваквата болка може да се јави во регионот на вратот, рамењата и горниот дел од грбот. Во некои случаи, може да се јават и други проблеми меѓу кои и намалена подвижност за движење на вратот и долниот предел на грбот.

Покрај проверката која ја споменавме погоре која може самите да ја направите, најдобро е да се консултирате и да добиете точна и прецизна дијагноза од лекар. Некои други симптоми на лордоза може да бидат:

 

  • Вкочанетост
  • Трнење
  • Чувство на слабост во мускулите
  • Слаба контрола врз мускулите

 

Како се третира лордозата?

 

Повеќето луѓе со дијагностицирана лордоза немаат потреба од итна медицинска интервенција. Секако, постојат ретки случаи каде состојбата е сериозна и можно е да треба истата да се третира во најбрз можен рок. Третманот ќе зависи од сериозноста и нагласеноста на искривувањето и од присуството на други симптоми. Некои од најчестите начини за третирање на лордозата се:

 

  • Лекарства за намалување на болките и можните отоци
  • Редовна физикална терапија, со цел зајакнување на мускулите и зголемување на подвижноста
  • Регулирање на телесната тежина
  • Одредени медицински помагала за грбот
  • Во екстремни случаи, хируршки зафат
  • Суплементи во исхраната и употреба на витамин Д

 

За повеќето луѓе, лордозата најверојатно нема да предизвика сериозни и знајачни здравствени проблеми. Но, важно е да се дијагностицира и да се проба со некаков третман. Здравјето на ‘рбетот е клучно и истото е неопходно за наше нормално секојдневно функционирање. Не превземање на никаков чекор за третирање на лордозата може да предизвика поголема непријатност со текот на времето и зголемен ризик за други проблеми со ‘рбетот, но и со други делови од телото.

Иако не постојат конкретни начини за превенција на појавата на лордоза, постојат одредени вежби и истегнувања кои може да помогнат.

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор