Само две вечери со нарушен сон се доволни да направат да се чувствуваме повеќе години постари!
Ова се вели во едно интересно, поново истражување од Шведска. Психолозите откриваат дека, во просек, волонтерите се чувствувале повеќе од 4 години постари само по две ноќи со нарушен сон, поточно по 4 часа спиење. Дел од испитаниците пријавиле дека се чувствуваат и повозрасни за повеќе декади! Спротивното важело за испитаниците кои останувале до 9 часа во кревет.
Добар сон – Еликсир на младоста?
Навиките за спиење се особено важен фактор во однос на тоа колку ,,младо” или ,,старо” се чувствуваме и тоа не само долгорочните навики, туку како што видовме, само неколку вечери нарушен сон можат значително да влијаат.
Покрај чувството на безволност, замор и поспаност, од нарушениот сон (дури и краткотраен!) перцепцијата, односно самото чувството дека сме повозрасни може да влијае лошо по нашето здравје. Влијае на правење на повеќе лоши избори во однос на исхраната, намалување на желбата за било каква физичка активност и намалување на волјата за социјализација или дружење.
Повеќе за истражувањето
Станува збор за истражување спроведено од познатиот Каролинска Институт во Стокхолм. Всушност, се работи за две студии. Во првата над 400 волонтери од 18 до 70 годишна возраст одговарале на прашалници во врска со тоа колку возрасно се чувствуваат и колку вечери имаат лош сон во последниот месец. Навиките за сон биле проценувани според стандардизирани мерење, користени во психолошките истражување. Во предвид биле земени многу поврзани фактори на оваа тема.
За секој ден со лош сон, волонтерите се чувствувале во просек 3 месеци постаро, додека тие што пријавиле дека немаат таков ден во месецот, во просек се чувствувале во просек околу 6 години помлади од нивната вистинска возраст.
[Поврзано: Имате 40 години, а се чувствувате како 25. Дали е можно? Што означува поимот БИОЛОШКА ВОЗРАСТ?]
Во втората студија, истражувачите анализирале податоци за 186 волонтери, со возраст од 18 до 46 години. Волонтерите прво имале 2 вечери одличен сон и до 9 часа, а потоа 2 вечери спиеле само по 4 часа. По 2 ноќи со нарушен сон, испитаниците се чувствувале во просек 4,44 години постари.
Пораката од шведските истражувачи е јасна: Доколку сакате да се чувствувате помлади, најважната работа што можете сами да ја направите е да спиете доволно и да ги заштитувате ваквите добри навики за сон!
Условно кажано, најлесната промена на навика што може да води кон брз позитивен резултат по нашето здравје!
Многу е важно да се нагласи дека навиката за сон е условно лесно променлива и има брзи и забележителни ефекти врз нашата здравствена кондиција. Треба доста време за да се забележат негативните ефекти на лошата исхрана и нискиот степен на физичка активност.. Ефектите на недоволното спиење веднаш се забележуваат и влијаат на сите останати часови од нашиот ден. И обратното важи – само неколку вечери квалитетен сон, можат да ни ја отворат патеката кон подобро здравје во целина!