fbpx

МАНГАН – не толку познат, но клучен за здравјето!

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Манганот е еден од поважните т.н. минерали во траги. Тој е витален минерал за човековото тело, но е потребен во доста мали количества.

Манганот значајно придонесува за повеќе функции на организмот, вклучително метаболизмот на аминокиселините(градбените единици на сите протеини), холестеролот, глукозата и јаглехидратите. Исто така, важни улоги игра и во формацијата на коските, згрутчувањето на крвта и намалувањето на воспалителни процеси.

Како и останатите минерали кои се неопходни за правилното функционирање на организмот, манганот е есенцијален, што значи телото нема механизам да го синтетизира, па мораме да го внесеме преку исхраната. Сепак, телото има механизми да прави резерви од него во црниот дроб, панкреасот, коските, бубрезите и мозокот (до околу 20mg).

Во продолжение, нешто повеќе околку најзначајните функции на манганот, симптоми предизвикани од неговиот недостаток и вишок, колкави количества ни се потребни на дневно ниво и богати извори на манган во храната.

"“Online”/

Дејства на манганот во организмот


1) Антиоксидативна улога

Метаболитичкиот ,,отпад” кој постојано се создава во организмот – слободните радикали- имаат потенцијал да направат штета на различните видови клетки и ткива на организмот, преку оксидативното оштетување. Континуираното оксидативно оштетување води кон процеси на хронична инфламација или воспаление, што пак е еден од главните ризик-фактори за хроничните заболувања.

Прва линија на одбрана од овие штетни процеси се анитоксидативните компоненти, кои можат да бидат внесени преку храната, а некои од нив да ги синтетизира и самото тело.

Fibro Gel

Маганот, помага во синтетизирањето на антиоксидативниот ензим супероксид дисмутаза (СОД).

Авторите на една студија од 2011 година, утврдуваат дека СОД помага при ,,неутрализирањето” на еден од најопасните слободни радикали, наречен супероксид. СОД наоѓа начин да ја разгради оваа компонента на многу помали компоненти кои не претставуваат опасност по организмот.

СОД, на пример, има и доста значајна улога во заштитувањето на мозокот од оксидативните оштетувања, но и низа други значајни антиоксидативни улоги.

2) Дополнителни други метаболитички улоги


Покрај улогата во синтетизирањето на СОД, манганот е значаен и за синтетизирањето на некои многу значајни ензими со важна улога во метаболизмот на јаглехидратите, аминокиселините и холестеролот.

Манганот е потребен и за оптимално здравје на тироидната жлезда. Тој претставува есенцијален кофактор за синтезата и на хормонот тироксин, витален тироиден хормон кој помага за контролирање на апетитот и некои значајни метаболитички патишта, па на тој начин и за контролирањето на телесната тежина.

Инаку, ензимите се протеински молекули кои ги забрзуваат важните биохемиски процеси во организмот на сите живи суштества. Секој од нив има специфична улога и протеинска структура.

3) Значаен минерал за здравјето на коските


Иако витаминот Д и калциумот имаат позначајни улоги за здравјето на коските, сепак и манганот учествува во синтезата повеќе ензими кои се важни за анаболизмот или синтезата на коскеното ткиво.


4) П
обрзо заздравување на раните

Манганот учествува во создавањето на аминокиселината наречена пролин. Пролинот е неопходен пак, во синтезата на протеинот колаген, можеби најважниот протеин за кожата и коските и дефинитивно најраспространетиот протеин во човековиот организам. Колагенот е клучен и за заздравувањето на раните.

Дополнително, манганот заедно со витаминот К, игра значајна улога во згрутчувањето на крвта. При повредите, згрутчувањето на крвта е многу значајно, заради спречување од непотребно губење крв.

5) Улога во контролирањето на шеќерот

Според истражувањата, манганот игра важна улога и во контролирањето на шеќерот во крвта.

Низа студии велат дека луѓето со дијагностициран дијабет имаа намалени нивоа на манган во крвта. Сепак, сé уште не е целосно утврдено дали има причинско-последична релација помеѓу ваквите намалени нивоа и развивањето на дијабетот, или самиот дијабет го намалува манганот.

Но, едно е јасно – манганот е високо концентриран во панкреасот, што според некои студии силно укажува дека има одредена улога во продукцијата на инсулин, хормон кој го намалува нивото на глукоза во крвта.

6) Може да помогне, во комбинација со калциумот, при менстуралните болки, а се поврзува и со позитивна улога во намалување на инциденцата на епилептични напади



Симптоми и опасности од недостатокот

Дефицитот од овој минерал е доста редок, имајќи предвид дека манганот е доста присутен во често користени секојдневни намирници и имаме многу мали потреби од него, но во некои случаеви недостатокот е можен. Ако се појави, важно е да знаете да ги препознаете симптомите, а тие се:

• деформации во коските
• успорен и намален раст
• нарушена фертилност
• предијабетес
• нарушен метаболизам на јаглехидрати и масти

Како што споменавме, дефицитот е многу редок, особено кај здравите луѓе, но некои поединци со одредени нарушувања, се под ризик. Такви се поединците со: епилепсија, остеопороза, дијабет, нарушувања на панкреасот, луѓе кои одат на хемодијализа и деца со поретки болести на крвта.

Најчесто се препорачува побогата исхрана со манган или суплементација.


Симптоми и опасности од преголемите количества манган

И покрај низата важни функции кои ги има манганот во организмот, во поголеми количества тој може да биде и токсичен.

Според истражувањата, безбедното количество на манган се движи до 11mg дневно, а за помладите(до 19 години) – до 9mg. Но, здравите поединци, односно оние со здрави бубрези и црн дроб, можат и да ги излачат вишоците од манган до одредена граница.
Повеќе треба да внимаваат тие со заболувања на овие органи.

Континуираниот преголем внес може да води кон успорени движења, тресење на рацете, лош баланс и слаби мускули итн – состојба наречена манганизам.

Сепак, крајниот заклучок е дека многу тешко можете да претерате со внесот на манган преку исхраната, највеќе треба да внимаваат оние кои земаат суплементи, оние кои на некои начин се изложени на манган (вдишување заради специфичноста на работното место или некои други причини) или пак оние со недостаток од железо, со некакви нарушувања на црниот дроб, но и помалите деца и новороденчињата.


Оптимални дневни количества и суплементирање

Препорачаните дневни количества од овој минерал се движат од 1,8 до 2,3mg. Како што споменавме претходно, за безбедни количества се сметаат до 11mg.

Во поретки случаеви се јавува потреба од суплементирање, но задолжително во консултација со матичниот лекар. Најчесто, суплементирањето се користи за третирање на недостатокот од некои други минерали, како цинк и бакар, на пример.

Храна богата со манган

Доста намирници кои секојдневно ги користиме, содржат сосем солидни количества манган, на пример:

јатки, како на пример бадемите
мешунки, како грав, грашок, леќа
овес и повеќето други полнозрнасти житарки
интегрален ориз
зелен лиснат зеленчук, како спанаќот
ананас
темна чоколада

Храната богата со железо ја намалува апсорпцијата на манганот, а исто така, но во помала мера тоа го прават и фосфорот и калциумот. Сепак, ова не значи дека треба да го намалите внесот на храна богата со железо, фосфор и калциум, бидејќи многу почест е дефицитот од споменатите минерали, отколку од манганот.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X