fbpx

МАРУЛАТА и витаминот Б9

tonus

Иако ја има преку целата година благодарение на пластениците, раната пролет е вистинското време за марулата или зелена салата.

Зелена салата или марула е едногодишно или двегодишно растение кое расте како лиснат зеленчук. Кај нас и во повеќето европски земји се јаде ладна и свежа, во салати, сендвичи, и други јадења, додека во некои, како да речеме Кина, зелената салата се јаде зготвена и дршката има подеднаква важност како листот.

Листовите на марулата од врвот надолу се задебелуваат, а долниот најдебел дел (белиот) е одговорен во најголема мера за типичниот вкус на марулата. Некои луѓе го отстрануваат заради одредениот степен на горчина, но најдобро е марулата да се јаде целосно.

"“Online”/

Нутритивно-густа храна

Марулата е ваква храна заради големиот процент на микронутриент, а од друга страна малата калориска вредност. Оваа крцкав салата, во само 70g соджи:

• 65,4g вода • 229mg калиум
• 13kcal • 17,5mg натриум
• 1g протеини • 90,3mcg витамин В9
• 2,7g јаглехидрати • 194mcg витамин А
• 2,2g растителни влакна • 8,1mg витамин С
• 43,4mg калциум • 2320mcg провитамин А
• 0,6mg железо • 147mcg витамин К
• 14mg магнезиум
• 24,5mg фосфор

Витаминот С – значен за правилна функција на имуниот систем, има антиоксидативно дејство и е значаен за здравјето на коските и забите.

Калциумот – неопходен за метаболизмот на коските, мускулната и нервната функција и правилното згрутчување на крвта.

Витамин К – исто така важен за правилното згрутчување на крвта и заедно со калциумот влијае во спречувањето на остеопорозата.

Витамин А (провитамин А) е витален за здравјето. Има антиоксидативно дејство, значаен е за репродукцијата, здравјето на очите, бубрезите, срцето, белите дробови итн.

• Витамин В9 – ја поддржува делбата на клетките, продукцијата на DNA, а неговиот недостаток може да биде особено опасен кај трудниците.

• Фосфор – значајна улога исто така во метаболизмот на коските.

• Магнезиум – значаен за повеќе ензими и во релаксирањето на мускулите, работата на нервите итн.

• Калиум – важен електролит, важен за работата на срцето, мускулите. Го минимализира штетниот ефект од натриумот во организмот.

Антиоксидативна дејност

Марулата е добар извор на витамините С и А кои имаат антиоксидативна дејност, како што веќе и споменавме. Тие, исто така играат и други важни улоги во различни функции на организмот.

Телото природно продуцира слободни радикали како метаболитички ,,отпад” . Ваквиот отпад е силно реактивен, па може да предизвика оксидативен стрес, односно да ги оштети различните клетки на организмот. Во спречувањето на овие процеси клучна улога играат антиоксидантите.

Спречувањето на оксидативниот стрес го спречува развојот на хроничните воспалителни процеси во организмот, кои се еден од главните ризик фактори за сите хронични заболувања како: рак, кардиоваскуларни заболувања, Алцхајмер итн. Оксидативниот стрес од слободните радикали исто така може да предизвика и катаракта, макуларна деградација, Паркинсонова болест и многу други заболувања.

Марулата и кардиоваскуларните заболувања

Високите нивоа на калиум во марулата можат да придонесат во намалуање на ризикот од кардиоваскуларните заболувања. Една студија објавена во British Medical Journal дава податоци кои велат дека повисоките нивоа на калиум можат да го намалат крвиниот притисок и со тоа да го намалат и ризикот од срцев удар.

Натриумот и калиумот се електролити. Телото има потреба и од овие два минерала во намерата да се одржи баланс на телесните флуиди и крвта која циркулира. Поголемите количества на натриум можат да го зголемат ризикот од срцеви проблеми, затоа експертите советуваат да се јаде храна богата со калиум кој е значаен и за балансирање на нивоата на натриум.

Дополнително, антиоксидантивните витамини присутни кај марулата можат да превенираат од насобирање на холестеролот во крвните садови, главениот ризик фактор од атеросклероза.

B9

Марулата е исто така богат извор на витамин В9. Една студија од 2015 година заклучува дека луѓето со недостаток од овој витамин, се соочуваат со поголем ризик од присуство на хомоцистеин во крвта. Ова соединение може да го зголеми ризикот од кардиоваскуларни заболувања.

Студиите покажуваат дека растителните влакна играат многу важна улога во намалувањето на нивоата на холестеролот во крвта. Марулата содржи и одреден процент од овие растителни влакна.

Може да го поддржи здравјето на очите

Ова својство на марулите се должи на високиот процент на витамин и провитамин А кој го содржат. Витаминот А од марулите може да помогне во превенцијата од заболувања на очите како што е катарактата.

Според Американскиот институт за здравје, бета каротенот или провитаминот А може да ја помогне превенцијата од заболувањето наречено макуларна дегенерација. Оваа состојба е главниот причинител за губењето на видот кое е поврзано со процесот на стареење.

Затоа, важно е, особено за повозрасните да консумираат намирници богати со витаминот А, како што се марулите, морковите итн.

Превенција од некои типови на канцер

Антиоксидантите и витаминот В9 од марулата можат да помогнат во превенирањето од развојот на некои типови на канцер.

Според Американскиот национален институт за здравје, витаминот В9 кој природно се наоѓа во храната може да го намали ризикот од развој на неколку различни видови на канцер.

Потенцијални ризици

Главни потенцијални ризици од консумирањето на марулите се можноста од бактериска инфекција и можноста за присуство на тешки метали кои се наоѓаат во почвата на која марулата расте.

Повеќе научни студии од различни делови на светот покажуваат дека марулата може да ,,повлече” дел од тешките метали, кои потенцијално можат да се најдат во почвата. Такви можат да бидат кадмиумот, оловото, хромот итн. Затоа, за да го намалиме ризикот од контаминација најдобро е, ако имаме можност, самите да ја одгледуваме марулата или да ја набавиме од проверени произведувачи.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор