fbpx

Австрија воведува задолжително носење маски во продавниците

tonus

Австриските власти од почетокот на корона кризата први превземаат мерките за заштита кои се сметаат за порадикални. На пример, први воведоа затворање на границите, образовните институции, рестораните, баровите, забранување на јавните собири итн. Овие мерки подоцна беа следени од повеќето земји во Европа.

Најновата нивна мерка која е објaвена денес, вели следно: Базичните маски, или маските за една употреба се задолжителни за купувачите и секако персоналот во супермаркетите.

Бројот на заразени во Австрија, до овој момент е 9000, а бројот на смртни случаи е 108. Тоа е значително помалку од нејзините соседи Италија и Швајцарија (а и повеќето други земји во Европа и светот) и што е многу важно, овој број е во рамките на австриските здравствени капацитети. Но, австрискиот премиер смета дека овој број е преголем. Тој вели дека капацитетите на оделите за интензивна нега се очекува да се бидат исцрпени до средината на април.

"“Online”/

За тоа да се спречи и бројот на пациентите да расте во продолжен временски интервал, во тек е превземање на повеќе мерки од страна на австриската влада. Меѓу нив влегува и оваа нова мерка за задолжителните маски за купувачите во маркетите, мерка која според австриските здравствени власти ќе даде дополнителен позитивен ефект. Маските за една употреба ќе бидат делени бесплатно пред самите супермаркети.

Причините за оваа мерка се следни:

Прво, присутните луѓе во маркетите при кашлање, кивање, па дури и при зборување испуштаат секретни капки. Во нив, доколку лицето што ги испушта е заразено, присутен е вирусот. Тие капки потоа паѓаат на површините од производите, корпите и количките за пазарење, како и сите други можни површини во супермаркетите. Потоа, другите купувачи можат да дојдат во контакт со овие површини и да го допрат своето лице. На тој начин можат да се инфицираат.

Исто така според некои студии, вирусот, односно секретните капки во кои се наоѓа, можат да не паднат на површините, или да останат во воздухот во затворени простории и до неколку часа, пред да паднат. Секако ефикасно би било проветрување кое се прави со специјални уреди во повеќето маркети. Но сепак, освен што сите маркети немаат вакви уреди, имајќи во предвид дека вирусот е сосема нов и не знаеме доволно за начините на негово ширење, ваквата мерка е добра мерка.

Австрија исто така спроведува истражување на репрезентативен примерок од 2000 луѓе со цел да добие подобра слика за тоа колкав дел од населението било изложено на вирусот. Резултатите, според премиерот Курц ќе бидат објавени до крајот на оваа недела.
Вакви истражувања засега нема во останатите земји.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор