fbpx

10 НАЧИНИ преку кои може лесно да го вклучите МАСЛИНОВОТО МАСЛО во секојдневната исхрана!

tonus

Според бројни светски експерти, медитеранската исхрана е прогласувана за најдобра веќе повеќе години по ред и тоа во повеќе категории – најдобра целокупна исхрана, најдобра исхрана базирана на растителни намирници, најдобра исхрана за дијабетичари, најлесна исхрана за следење, како и најдобра исхрана за здравјето на срцето. Токму ова последно тврдење – најдобра исхрана за здраво срце, можеби најмногу се должи на редовната употреба на здрави типови масти. Имено, рибата, јаткастите плодови, семињата се извонреден извор на здрави и неопходни масти, но секако најзаслужно е можеби маслиновото масло, кое има централна и незаменлива улога во оваа кујна. Токму затоа, денес ќе зборуваме малку повеќе за него и ќе ги погледнеме сите различни начини на кои можеме истото да го внесеме и во нашето секојдневно готвење.

Зошто се препорачува редовна употреба на маслиновото масло?

Како што споменавме, маслиновото масло има централна позиција во медитеранската исхрана. Тоа редовно се користи во медитеранските рецепти, а се смета и дека голем дел од здравствените придобивки кои се асоцирани со овој начин на исхрана се директно поврзани со маслиновото масло. Тоа претставува извор на особено здрави – незаситени масти во чија градба спаѓаат и омега-6 и омега-3 масните киселини. Главната масна киселина претставува мононезаситената олеинска киселина – со околу 73% од вкупните липиди. Оваа масна киселина има докажани позитивни ефекти за човековото здравје – анти-воспалително дејство, го намалува холестеролот, го подобрува кардиоваскуларното здравје и сл. Маслиновото масло е исто така и одличен извор на низа антиоксиданти, а ги содржи во умерени количини и витамините Е и К. Присуството на овие витамини и антиоксиданти допринесува за бројни корисни ефекти на маслиновото масло врз нашето здравје. Особено се смета како корисно за одржување на здравјето на мозокот, кардиоваскуларното здравје, а може да биде корисно и за превенција од прекумерна телесна тежина и појава на дијабет тип 2. Сепак, иако е особено здраво и корисно, маслиновото масло треба да се консумира умерено, бидејќи како сите масла – истото е доста калорично. Во еден грам маслиново масло се содржат 9 калории, па така голема супена лажица од 10-15g би содржела од 90 па до 135 калории. Затоа, маслиновото масло се препорачува да се употребува редовно и секојдневно, но во умерени, помали количини.

Најдобрите начини како можете почесто да го користите маслиновото масло

1 . Користете го за подготовка на свежи салати – маслиновото масло има интересна и специфична арома која може дополнително да го збогати и подобри вкусот на свежите салати. Иако е стабилно на термичка обработка, истото е сепак најдобро да се користи како „свежо“, а ова особено важи за препорачаното ладно цедено маслиново масло.

"“Online”/

2 . Подгответе печени зеленчуци со него – маслиновото масло е едно од најдобрите масла за готвење и истото има термички стабилни форми на липиди кои го прават идеално за вашите готвени јадења. Едноставно, додајте го кон зеленчуци и истите печете ги во рерна. Ова претставува особено здрав, нутритивен и вкусен прилог кон секое главно јадење.

3 . Користете го при динстањето – кромидот, лукот, празот, доматите или било кој друг тип на зеленчук може да го подготвите на неколку капки маслиново масло во тавче кое не се лепи.

4 . Нека маслиновото масло го замени путерот – особено во рецепти каде луѓето сметаат дека едноставно мора да се употреби путер. Тоа е обичен мит, бидејќи маслиновото масло може подеднакво добро да го замени путерот, а претставува значително подобар и поздрав избор.

5 . Користете го за подготовка на сосови, преливи и слично – маслиновото масло е одлично за подготовката на растителни намази – хумус, намаз од грав, песто и сл. Тој дава особена арома и вкус на ваквите сосови, но ги прави и извор на здрави масти, а допринесува и за подобра полност на нивниот вкус.

6 . Одлично масло за готвење на месо – без разлика дали се работи за пилешко, мисиркино, свинско, риба – маслиновото масло може да одговори на барањата. Најдобро е доколку парчињата месо ги премачката со масло и ги печете во рерна, во тавче обложено со хартија за печење. Вака ќе се осигурате дека месото нема да се залепи на површината, а ќе употребите и најмало количество на масло. По потреба, месото може да го прекриете со алуминиумска фолија со цел истото да не се исуши.

7 . Одлично е за подготовка на здрави макала – подгответе макало од лук така што во блендер ќе ставите: малку подготвен, сварен грав  и малку маслиново масло, лук и зачини. Посолете по желба и комбинирајте со интегрален леб или како прилог на било кое јадење.

8 . Комбинирајте го со тестени – маслиновото масло се поистоветува со подготовката на пастата и истото може да се употреби и при нивното варење (неколку капки во водата), но и може да се додаде во мали количини кон сварените тестенини. Исто така, тоа може да се употреби и во подготовката на било кој сос за паста.

9 . Додајте го кон супите и чорбите – маслиновото масло е одличен додаток за секојдневната подготовка на домашните супи или чорби.

10 . Капнете неколку капки на вашиот сендвич или тост – иако може звучи малку чудно, маслиновото масло може да го замени путерот или штетниот мајонез при подготовката на сендвичите. Во комбинација со свеж зеленчук и фета сирење, маслиновото масло прави извонредно вкусна, а здрава комбинација за сендвич кој ќе го подготвиме од интегрално парче леб.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор