fbpx

Прекумерни МАСНИ НАСЛАГИ – причина за појава на т.н ХРОНИЧНО ВОСПАЛЕНИЕ!

tonus

Може да се каже дека храната за човекот никогаш во историјата не била подостапна, поразновидна и нажалост – проблематична. Производството на храна експоненцијално расте и со зголемување на човечката популација, па неретко се жртвува квалитетот за сметка на квантитетот. Во тој поглед, процесираната и високо преработена храна е сè повеќе доминантна и присутна во секојдневната исхрана. Ова претставува проблем бидејќи истата е исклучително калорична, а нуди многу мала нутритивна вредност. Ваквата храна може да ја наброиме како една од главните причини за зголемениот број на случаи со прекумерна телесна тежина – како во светски рамки, така и во нашата земја.

Поради тоа, денес ќе зборуваме накратко за проблемот наречен прекумерна телесна тежина, а ќе зборуваме и малку повеќе за поврзаноста меѓу ваквата состојба и зголеменото, хронично воспаление.

Дебелината – еден од главните здравствени проблеми на денешницата

Прекумерната тежина е дефинирана како состојба кога телото има абнормални, односно прекумерни резерви и наслаги од масти. BMI (Body mass index) е еден начин на кој лесно може да се провери нашата моментална состојба во поглед на телесната тежина. Секако, поради својата едноставност, ваквиот метод е доста општ и не секогаш целосно прецизен и објективен.

"“Online”/

Во светски рамки, САД е на првото место како држава со најголема гојазност. Но, се проценува дека во периодот од 1975 па до денес, на глобално ниво, прекумерната тежина кај популацијата е за три пати позастапена. Таа исто така претставува најпревентабилна причина за предвремена смртност. Истата е поврзана и со бројни други заболувања, како што се: дијабет, кардиоваскуларни заболувања, мозочен удар и др.

Во 2016 година, повеќе од 1,9 милијарди возрасни луѓе (над 18 години) ширум светот, имале прекумерна тежина.

Загрижувачки е што ваквиот пораст е забележан и кај децата и тинејџерите. Едно истражување покажало дека гојазноста кај оваа група е зголема за 10 пати од 1975 година до денес. Во 2016 бројот на деца и тинејџери со прекумерна тежина бил 124 милиони, наспроти 11 милиони во 1975.

Што ја предизвикува ваквата состојба?

Главната, фундаментална причина поради која луѓето имаат вишок килограми, е дисбалансот помеѓу внесените и потрошените калории. Со други зборови, јадеме повеќе отколку што имаме потреба. Овој проблем е дополнително влошен кога е зачестена консумацијата на храна богата со масти и шеќери и кога не постои доволна физичка активност. Токму затоа го споменавме проблемот со процесираната храна – таа е навистина високо калорична, а не допринесува значајно за да се чувствуваме заситено. Дополнително, таа не содржи значителни количества од потребните минерали и витамини. Како главни проблематични намирници ги издвојуваме: процесираните кондиторски производи (слатки, чипс, смоки, колачи и сл.), соковите кои содржат огромни количества додаден шеќер, т.н „брза храна“ и сл.

Ваквиот дисбаланс во нашата исхрана и физичка активност често е предизвикан и е под влијание од обврските, секојдневието, навиките и сл. Недоволното влијание и ангажирање на здравствениот систем во овој поглед, исто така може да се вброи како негативен фактор.

Како прекумерната тежина и масните наслаги може да го зголемат воспалението во организмот?

Во претходни статии веќе имаме зборувано за воспаленијата или т.н инфмламација. Ги имаме разгледано и разликите помеѓу акутната и хронична инфламација, како и можните последици доколку истата е присутна подолг временски период.

Денес ќе зборуваме малку повеќе за поврзаноста меѓу хроничното воспаление и прекумерната телесна тежина.

Иако воспалението е нормална реакција на нашето тело кон одредени повреди или други потенцијално штетни ситуации, прекумерната тежина може да доведе до непосакувана, долгорочна и хронична инфламација.

Како всушнсот воспалението е поврзано со прекумерната тежина? Се смета дека дебелината, особено кога е карактеризирана со прекумерни масни наслаги, сериозно ја зголемува инфламацијата. За разлика од воспаленијата кои се резултат на повреда, оние од прекумерната тежина се подолготрајни или дури хронични. Адипозното ткиво (или масното ткиво) се смета за главниот виновник што одржува ваквата инфмалација активна. Ова доведува до активирање на инфламаторни клетки – наречени цитокини. Тие патуваат до адипозните клетки, но и до црниот дроб, панкреасот, а некогаш и до мозокот и мускулното ткиво. Во процесот најчесто се вклучуваат и други клетки кои се дел од имунолошкиот одговор на телото.

Колку е поголема прекумерната тежина, толку се зголемува и воспалението. Важи и обратното, намалување на тежината ја намалува и инфламацијата.

Кои се последиците од ваквата хронична инфламација?

Воспалението кое може да го предизвика прекумерната тежина, доколку не се третира навремено, може да предизвика други здравствени проблеми. Може да се јави инсулинска резистенција, а со тоа и дијабет тип 2, а дополнително се зголемува ризикот и за кардиоваскуларни заболувања, дополнително зголемување на телесната тежина и сл. Ваквата поврзаност може да ја согледаме кај лицата со хронични воспалителни состојби како што е ревматоидниот артритис. Овие лица се поподложни на појава на инсулинска резистенција.

Прекинување или запирање на ваквиот циклус од покачена телесна тежина и хронична инфмалација може да биде тежок, но не е невозможен. Покачената тежина дополнително доведува до низа на други пореметувања – меѓу кои спаѓаат и хормоналните. Поради тоа, се препорачува навремено реагирање и намалување на телесната тежина, како и соодветна исхрана која може да го намали степенот на воспаление. Во тој поглед – маслиновото масло, зеленчукот (особено зелените лиснати зеленчуци), јатките, рибата, овошјето, полнозрнестите житарки па дури и кафето – може да имаат позитивен ефект. Како што споменавме, се препорачува избегнување или лимитирање на внесот на преработената храна, соковите, слатките, „брзата храна“ и сл.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор